Мила мило ми е што размислуваш за второ.Некако ми беше поттик,и кога те читав уживав дека ти тогаш беше 39,па кога бидна и позитивната бета,контролите и радосната вест и некако ми даде надеж дека тогаш за мене невозможното ќе стане возможно.И јас забременив на 39,но родив на 40,и некако фала Богу се наредија коцките.Ти посакувам успех
Јас имам 37г., не направив пренатален... првиот скрининг беше добар...и сега се мислам за амнио...матичниот мисли нема потреба
Нормално е да ти е страв. И мене ми беше страв, а верувам и на многу други трудници. Се ќе биде во ред и на вториот скрининг. Те чекаме да ни пишеш.
Исто мили мои,не дишев мислам додека ги чекав резултатите и кога дадов крв за пренаталниот страв во коски и немав веќе сила5години голгота и си реков самата на себе-Се е во Божји раце,како ми е речено така нека биде.И бидна ок фала Богу,али не беше лесно.Не се секирај мила,а не го секирај ни бебуш,ќе биде све во ред.
Јас се одлучив ќе правам некој од тие пренаталните неинванзивни, но имам време да истражам кој што како Видов nifty и verifi до сега по некоја информација, ама ќе се консултирам и со мојата докторка секако
да ја обновам темава. Јас родив две деца едно на 39 другото на 42. Нормална бременост, природен пораѓај за двете. Само да ве охрабрам
Да ве охрабрам и јас, првото ја родив на 43 години, а сега сум 5 месец бремена на 46 години, спонтано останав бремена и на двете . До сега сум супер фала Богу, ќе видиме како ќе биде до крај.....
Некоја да правела амнио скоро?Полни 40 сум и само заради годините ми препорачува матичната. Инаку 3то ми е, првите 2 лесно ко песна ги поминав. ова како слушнав и читав страв ме фаќа...
Не прави амнио ако ти е страв , си има ризици за кои сите сме свесни. Ако можеш да си дозволиш направи некој од неинванзивните тестови, ги има многу сега. Јас правев во Жан Митрев, во Јануари лани, а сега еве го моето сонце си цица и спие до мене.
Имам 37 год и бремена сум 5 недели. Матичниот вели морало некои испитувања поради годините но некако многу скапо околу 550 евра , се испраќале во Германија. Какви се тие испитувања нешто не ми се јасни, што испитувавте вие поради годините.
Тестот е за три генетски аномалии, од кои едната е за Даунов синдром. Јас правев Harmony тест пред 3,5 години и тогаш платив околу 42 000 ден. Има и Nifty тест, кој е скоро ист со Harmony. Со овие тестови може да се одреди и полот. Според мене, добро е да се направи ова генетско испитување (се прави околу 10-12 недела), немаш никаков ризик по плодот бидејќи ти земаат крв од вена. Потоа, нема да правиш амниосинтеза, што е малку ризична постапка.
Да, тоа е пренатален тест. Се прави после 10та недела преку крв. Ги има повеќе: хармони, нифти, панорама, верифи. Сите се со различни цени, а имаат понекогаш и некоја промоција. Пример нифти во јануари беше на промоција 600 евра, а регулар е 700 евра. Зборни со матичната треба точно да ти каже кога да правиш, а ти ќе се одлучиш кој највеќе ти одговара по цена.
Здраво, Нова сум во групава, имам 40год и денес ми потврдија дека сум бремена 6 недела.Инаку имам 2 ќерки 16 и 14 год☺ Сега сакам да го задражам но некако ми е страв поради годините а и децата веќе ми се големи во дилема сум, некоја идна мама со ваков проблем има ли?
Не си престара за да не го задржиш плодот , сепак твоја одлука а и секако ке си ги правиш сите испитувања во бременост, нема зошто да се плашиш