Јас од најмалиот брат сум постара 19 години Четворица сме иначе, со сестра ми се 15 години разлика, со другиот брат 11. Право мезимче, галено ни е на сите. Бременоста на мајка ми и помина одлично, немаше никаков проблем, се породи на 43 год природно. Вика ептен се подмладила, како девојчица била сеа. Поминувала ко наша сестра Искрено, се мислеше на почеток, ама ние дознавме за бременоста и бевме многу среќни, си го сакавме. Јас и сестра ми буквално го пораснавме, моите не можеа на ред да дојдат до него. Еве и сега сеуште е така, повеќе е кај мене, а кај сестра и брат ми за распуст си иде дека они во странство живеат. Моите меден месец тераат. Ќе им го дадеме назад тинејџер кога ќе биде, да ги занимава да не опуштаат многу
Nade ti blagodaram mnogu mi go razubavi denot inaku na devojcinjata uste im nemam kazano,barame pogoden moment, se nadevam deka dobro ke prifatat.
Devojki da vi se pofalam denes im kazame na devojcinjata i super reagiraa ☺ za dzabe se panicebme tolku, veke pocnaa i iminja da smisluvaat, samo da mi dade gospod sila i da bide zivo i zdravo so netrpenie go cekame
Zdr. Feminki sakam da prasam i da spodelam i isto taka vase iskustvo.? Imam 35 godini i imam veke 3 rodeni deca, megutoa ostanav poftorno bremena, (vo 6ta nedela sum) denes bev kaj ginekolog (maticnio) i me razocara mnogu bidejki bil 80% rizikot za zdravo bebe deka sum bila 35 godini. Prasajneto mie Dali nekoj od vas ima rodeno vo pokasni godini i Dali bebinjata se rodile vo zdrava sostojba.? Prasuvam bidejki bebinjata se ragale so daunov sindrom vo tie godini. Jas iskreno prv pat slusnav za toa i 3te deca mi se rodeni potpolna vo zdrava sostojba. i se uplasiv mi treba vasse iskustvo i pomos.
Да си го смениш матичниот ОДМА, а тој да си ја искине дипломата по можност. Многу постари раѓаат здрави деца, така да, ако сакаш да си го родиш, со лесно нека ти е бременоста.
Да му кажеш на матичниот да прошета до пм малце и смени го. Прочитај го мојот пост малце погоре, за мајка ми имам пишувано.
Боже какви глупости. Јас имам едно дете го родив на 34 години. Според твојот гинеколог ич не требаше да се трудам дете да добијам на тие години. Уживај во бременоста. Оди кај друг гинеколог за да добиеш соодветна поддршка.
Глупости. 35 години биле многу за раѓање. Тетка ми роди на 40 здрава ќерка. Братучеда на 36. На свекор ми мајка му родила на 42. Колешка на 44. Лани имаше членка и овде која роди здраво дете на 46. И колку уште такви случаи. Од друга страна, имаме познаници чие дете е со Даунов синдром. Мајката го роди на 25. Второто е здраво, а го одимаа многу подоцна, мислејќи се дали треба воопшто да имаат уште деца или не. Од лично искуство и читајќи овде, ми се чини дека гинеколозиве некогаш како нарочно да сакаат да ги повредат пациентките. Не се секирај и како и другите членки што ти предлагаат и јас исто ќе ти кажам дека, ако имаш можности, да го смениш овој матичен.
Go procitav postot Iskreno Go procitav postot se ohrabriv malce. Ke odam kaj drug ginekolog da vidam negovo mislenje sto ke kazi me interesira mnogu , a i razocarana od toktorov
@Saba08 да те прашам. На таа другарката твоја што родила на 25, детето со синдром ѝ е втора бременост или баш прва? Бидејќи знам дека вторите деца, т.е во втората бременост детето можно е да има таков синдром. Можеби грешно знам. Многу млада таа пак...
Шо се мислиш направи си пренатален неинвазивен тест, 600 евра е, ќе ти кажат дали е се во ред со бебето, не се стресирај, овде повеќето сме околу и над 40та година, па фала богу сите сме со здрава бременост. Ќе си идеш и на скрининзи ума специјалисти што ќе ти кажат дали има или нема аномалија плодот
Мислам дека треба да престанете со муабети - една ја знам на 25 години роди дете со Даунов а две на 40 здрави прави. Секоја над 35 а посебно над 40 треба да размислува за тестови за хромозомски абнормалии ради фактор - старост. Наместо да се пораѓате во Систини за да ве има на фб и да кажувате колку чиста била собата и што сте јаделе, платете си тест и мирна глава.
Стрина ми роди едно на 38 второ на 40 двете здрави прави а јас сум 21 год со еден спонтан и сега бебушо ми е со деформитет на десно стапало така да смени си матичниот и уживај во бременоста
Секако си млада, ако сакаш направи си амниоцинтеза во државна болница или пренатален тест приватно, тоа ќе ти каже ако има нешто.
Ај и тука да се пофалам, трудна на 44, еве го моето златце. Секако, направив пренатален, бремена со донор јк. Вака сум супер, за мои години, нели. Имам уште 2 замрзнати, би сакала близнаци за година.