Jas sum 36,rodiv prvo dete zivo i zdravo.Planiram i vtoro,treto..Nekoi maticni teraat po knigi.Kako e Gospod nikoj ne e.Ic ne mu ja misli
Според матичниот твој јас воопшто не би требало мајка да станам. Првото го родив на 35г. Бременоста ми беше уредна, се нормално, до последно одев на работа и функционирав нормално. А сега, на 40г терам втора бременост. Точно дека над 35г се рачуна дека има повеќе ризици но затоа денес и напредната медицина имаш можност за пренатални тестови, скрининзи и разни испитувања кои ако другите дечиња ти се веќе поголеми може не си ги правела бидејќи не ги правеле тогаш. За жал нема правила и лоши работи се случуваат и на многу помлади жени. Уживај си во бременоста, со лесно и секако да си ги направиш сите испитувања и тестови за да си раат дека се е ок.
Драга мамичке ич да не се секираш,јас сум 18 недела а овој месец направив 41 год, имам две големи ќерки 16 и 14 год, и денес дознавме дека е машко, се радувавме сите, мој совет прави редовно контроли и уживај во бременоста... и да гинекологот под хитно смени го, со лесно
Што лекар ќе беше тој.. според него ние од 35 нагоре ич да не ни пробуваме, сме го испуштиле возот... Бог да чува. Најбитното прашање е дали вие сакате или не сакате уште едно дете. Ако сакате, си има испитувања, приска, неинвазивни скрининзи (добро, малку се поскапи ама ако ти е страв направи си ги, тие се преку крв) Јас имам 38 години и се мачам за прво дете, ама на крај памет не ми паѓа да се откажам заради тој ризик. Да, постои, но не е толку голем и пак ќе кажам, за тоа има скрининзи. Со среќичка и мафни го матичниот од 5ти век што те испоплашил.
Sakam da prasam, dali moze da zena na 52 godini koja nema ciklus vekje 2 godini? Jajnicite se vo funkcija, barem taka rece ginekogot. Dali voopsto postoi nekoja miznost?
Не сум стручно лице, но постои можност со тоа што на жената и ја враќаат менструацијата, имаше таков случај пред година две кај нас во Македонија мајка и роди бебенце на својата ќерка како сурогат мајка, постапката се изведе Битола во Плодност
Ајде малце да ја живнеме темава. Да си дадеме поддршка. Јас сум 39 г.(за некој месес 40 ) Имам едно родено на 30 год. и еден спонтан минатата година. Сега сум 9+3 и се надевам дека овој пат ќе биде се во ред. Ќерка ми си бара сестричка, ма да и со братче ќе се задоволи Јас сум така малце подисплашена од прошлиот пат, ама стискам заби . Како што седам дома и на времево со вирусов нема баш каде да се оди и што да се прави (сите скоро околу мене се позитивни) форумов тука ми е единствена журка која можам да си ја дозволам и да си промуабетам Како сте вие кои сте бремени, а сте околу 40? Како се држите? Како го поминувате времето? Каква ви е бременоста?
Браво за храброста, имам една другарка што роди природно пред 2 год на 42, другата сега на 40 со царски. Јас сум 38ма недела на 44, се надевам да ме примат следната недела па да родам до 45. Јас не осетив нешто посебно освен гадење што секој го има и сите можни скрининзи и тестови па и ехо на две недели за да си бидам мирна дека све си е во ред. Еве сега чекам 2 недели без преглед, не ми е сеедно, ама си мрда дете па се надевам дека му е убаво и си седи мирно. Вчера со земјотресот беше малку страшно, не знаев што да правам, ама спремна бев да одам на клиника пошто мислев дека водењакот ми пукнал. Шеќер и притисок супер цела бременост.
Кога станува збор за храброст титулата оди кај тебе дефинитивно Те прочитав понапред дека си со донор и уште не породена со прво размислуваш за догодина за близнаци...ако не грешам Е богами тоа е храброст, секоја чест Ти посакувам со лесно да си ја доносиш бременоста, да имаш уште полесен пораѓај и здравје боже уште колку дечиња сакаш да си имаш
Да, јас сакам, имам уште 2 замрзнати, ама маж ми нејќе да чува деца на 60. Така рече. Иначе, имам уште еден ваучер, а за да аплицирам за второ ќе треба да пројде мислам година ипол од пороѓај, па до тогаш има време да размисли.