Оххх кога ќе го види ова злато сега ќе сака уште 22, а не 2 Обично мажите полесно се решаваат на 2 да одат од жените зошто баш и немаат претстава низ што поминува жената, независно далибе на 20,30,40...год иии на крај пак им е на нив најтешко, посебно жената кога раѓа тогаш да не си им во кожа Маж ми 10 год збори колку му било на него тешко јас ко сум раѓала, ама уште не оправена од пораѓај ми викаше ај на второ Така да....остај, сам ќе си види што богатство е
Jas samo sto napolniv 40 godini bremena sum 37+ nedeli prvo dete mi e. Bremenosta generalno ok nemam seker nemam pritisok, kleksani primam imam trombofilija kaciv malku poveke kilogrami dosega 19 kg. Macnini imav na pocetok vo prvo tromesecje pa isceznaa I do 8 mesec mi bese ok si setav sekoj den taka po 2km neidam na rabota kovid merki koristam. Ama kako vlegov vo 8 mi se vratija macninite posebno posle rucek I kiselini I mi tezi stomakot vo wc mi se odi stalno i preponi me bolat I ko skrativ setanjeto do maalski market .Sea 9 mesec epten sum ko pingvin rabota taka se.dvizam.
Со лесно нека ти е, ти си на брегот веќе Јас денес полни 11 недели и гадењево никако да престане, се надевам дека кај и да е за недела две ќе ме олабави па малце да поуживам во бременоста. Инаку и јас сум со клексани и решето сум уште сега, а кај е 9 месец
Fala da se vraca I kaj tebe lesnotijata, kleksani bockaj vo stomak okolu papok jas uste si gi bockam vo stomak I sea u 9 I od pocetok t.e soprugot me bocka sea imam modrici ama malo krugce ne nesto strasno I tamu me boli minimalno. Ke ti prestanat macninite uste malku se nadevam do kaj 13 nedela.Mene mi prestana taka povracanje ama sepak odredeni raboti mi odbrgnaa od ishranta ke si primetis I ti posle pocnaa pa kiselini, pa Kako rastese stomakot pak se navrativ na povracanje pose rucek.Doktor mi dade antimetil tableti da pijam na baza na gjumbir se da ne povracam probaj bezbedni se vo bremenost.
So lesno neka ti e uste malku ostanalo, jas sum na tvoja vozrast no bremena so treto 30 nedela.. iskreno se plasam bidejki odamna bese koga gi nosev prvite dve pred 15 god se custvuvam ko prvpat da mi e..Samo so gospod napred zdravje ke bide uste malku pa ke spodelime iskustva
Да те поздравам исто бремена на 41 со трето веќе 30недела, сеуште одам на работа но искрено веќетешко ми паѓа седењето на стол по цел ден, денес барав да одам скратено последниов месец, добро е прифатија, инаку немам некои други потешкотии фала богу иако на почеток многу се плашев заради годините па и се нешто читав и се стресирав.
Леле годиниве не да ме јадат, ама се тешам ко ќе прочитам дека има храбри и на скоро 50 па се тешам Јас сум дома не одам на работа, во школо сум па ризикиот е.... и време за глупости да ми се вртат во глава имам на претек. Сакам да имам занимација некоја за дефокус ама страв ми е со вирусов од врата да излезам.
Само со позитивна мисла и се ќе биде во ред. Уживај во овој период од бременоста бидејки во третото тромесечие се некако тешко станува ај што си ко балон неможеш да се наведнеш уште и грчеви киселини.. но се ова се слатки маки кога знаеш што те чека на крајот Душа од под твоето срце, толку чиста невина и совршена, абе убавини❣
Здраво , еве и мое искуство. Забременив природно на 45, се породив пред 3 недели на 46 . Со бременоста се беше добро, освен притисокот кој го имав од претходно, знаеше да се покачи понекогаш. Се породив со царски и се испадна добро, фала му на Бога.
Дали има некој искуство со бременост во перименопауза со фсх висок и низок амх со сопствени јајце клетки?
Јас останав природно со сите наведени вредности, но за жал 9та недела имав киретажа ембрионот стагнира. Сега се обидувам веќе 1година и 3месеци, спремам документи за инвитро. Инаку сум 41 година
Со мали деца на секоја возраст се скренува . Ама, па и тоа поминува. Инаку, јас на 39 родив, но и покрај желбата за порано, ете не успеваше. Така што, раѓањето на 40тина некогаш доаѓа после тешка и долга исцрпувачка борба.
Имам пишано погоре на 30 ми е првата, на 40 втората. Далеку од полесно е, ама некако си веќе влезен во фамилијарен муд и посветен си не само кон себе и партнерот туку и кон децата кои претходно не биле нели. Таа транзиција од сам за себе до грижата за она што си го создала е потешка но и задскриена отколку гледањето на детето. Дури мислам дека и сега на овие години сум потрпелива за некои работи. Јадат годините секако, ама искуството си го прави своето за полесно да се справиме на оваа возраст
Верувам да, сте имале проблем тоа е сосема различна ситуација од мојата. Со мојата ситуација јас не би раѓала на 40, ама тоа е мое мислење сега за сега, не знам што и како ќе биде за неколку години.
Имам 39год и имам две деца едно 12 ја родив на 27год. другото е 7години ја родив на 32год.помеѓу двете бремености имав спонтан .Првата бременост беше одлична ,супер пророден пораѓај имав,со второто дете имав хематом до плодот,но сето тоа се среди на почетокот и имав супер бременост и пораѓај.Имам голема желба за трето дете,здрава и права сум освен што пијам терапија за хашимото на тироидна,други здравствени проблеми немам.Двете деца ми се ќерки но длабоко во себе осеќам дека ми фали и еден син.На голем ум сум дали да одам на трето дете.