Имам 21 година и пред скоро 1 година абортирав, бидејќи едноставно така мораше да се случи. И јас како и останатите ме загрижува дали понатаму ќе можам да забременам,да напоменам абортусот беше извршен во 6-та гест.недела во св.лазар во Скопје од страна на гинеколог Ѓорги Николов. После абортусот бев 3 пати на гинеколог микробиолошките тестови првиот пат се појави само уреаплазма,а на пап тестот цин 1,на следните контроли немав ништо и д-рот кажа се е во ред дека немало никакво оштетување на матката па сега не знам со Господ напред.
Bi bilo dobredojdeno sekakvo mislenje vo vrska so gorenavedenoto. Ve molam pisete nekoj sovet,iskustvo....
Не си пред абортус па искуствата и мислењата во врска со спроведување на истиот да бидат од некое значење кои можеби би имало ефект и на тебе. Кај тебе веќе е извршен абортусот и сигурно си имала разговор со докторот а потоа и контролни прегледи кај матичниот гинеколог. Верувам дека најдобриот совет веќе си го добила од докторот кој ја спровел операцијата. Сигурно ти кажал дали поминало со/без компликации и дали не дај боже настанале некои оштетувања. Доби ли некаков фидбек после зафатот? Секое друго искуство е некој процент на успешно/неуспешно извршени абортуси кои не мора конкретно да се однесуваат на твојот случај. Верувам дека се е добро кај тебе според напишаното. А во врска со брисевите примај терапиите...и ќе се среди. Долгорочно немаат последици врз забременувањето.
Па искрено да кажам дека feedback од д-р Ѓорги Николов кој што ја изврши интервенцијата и не добив кој знае колку значаен одговор освен дека се ке биде во ред и тоа ништо конкретно,после тоа јас бев кај мојот матичен и го прашав дали има некое оштетување ми каза немало, но јас мислам со оглед на тоа што д-р Ѓорги тој е врвен и со долгогодишно искуство не би требало да има некои сериозни последици, али сепак психава ме утепа 1 год од тогаш,мислам опседната сум со тоа заспивам со тие мисли и се будам со истите. Инаку фала многу за одговорот.
Мислам дека со самото тоа што ти рекол дека немаш никакво оштетување на матката значи дека нема простор за грижи.Опасноста од абортусот е токму таа да не се оштети слојот на матката што може да има влијание на репродукцијата.Така да не се оптеретувај,можеш само да си наштетиш со такви мисли.
Ти благодарам многу, знам дека не е убаво да се преоптеретувам со такви мисли,но понекогаш си мислам кога може да се забремени после спонтан,зошто да не може и после намерен абортус и покрај тоа што мојот беше извршен во рана бременост 6-та недела
Во медицината 2+2 никогаш не се 4 тој неможе со сигурност да тврди дали имаш или немаш некое оштетување затоа и одговорите му се конзервативни Јас искрено се надевам дека немаш некои други оштетувања и те советувам да не мислиш што било поминало ... Многу среќа понатака во животот
Здраво,нова сум на овој форум,штотуку се зачленив.Имам 21 година и имав однос со дечко ми неколку дена откако ми заврши менструацијата.Проверив на календар за плодни денови,и баш тој ден кога имав однос ми бил најплоден ден.Незнам колку точно денови ми трае од едниот циклус до другиот кога треба да добијам ама околу 28.До денес се надевав дека треба да добијам но сеуште немам никакви знаци,ниту ме боли стомак,ниту градите,не осеќам симптоми за менструација.Сакав да прашам ако случајно сум бремена и закажам абортус дали тоа ќе може да се изврши веднаш или ќе треба да чекам да ме повикаат.И дали ако еден месец сум бремена е ризично да абортирам сега.Ви благодарам однапред.
Devojki Dali znaete kako se cenite na abortus niz privatnite kliniki vo Skopje, I kolko dolgo se ceka za termin? Fala mnogu
И јас прашував за истото ама сеуште немам одговор,иначе цените биле различни зависи во која клиника...околу 100-200 евра
Kolku godini imate i dvete? Imate odluka koja nikogas nema da ja zaboravite vo zivotot. Decko se zaborava, drugarka se zaborava... no nevina dusicka na koja nema da i dades pravo da zivee nikogas nema ni da ja zaboravis iako vo momentot mislite deka toa e najdobrata odluka :/ a baska posledicite za ponataka... Zeni se macat za bebe, najposetena i najkomentirana tema vo bremenost e podrska za onie koi sakaat da zabremenat... :/ Sekoj ima pravo na izbor, no razmislete i sovetuvajte se so nekoj...
Jas imam 21,ne e poentata vo godinite,znam sto znaci da abortiras,i znam deka e ubistvo...toa mnogu me izmacuva.Od druga strana denes koga otidov vo wc imav nekakva cudna krv,kafeava,svetla....posle nekolku pati koga otidov pak nemav nisto,po saati ipol dva pak bev vo wc,i ovoj pat bese crvena no pak svetla...a kolku sto znam koga imam dobieno krvta mi e temno crvena i gusta,kako parcinja...neznam dali e menstruacija ili nesto dr,ako nekoj iskusil nesto ili znae da mi kaze vo vrska so ova ke mi bide od korist.Vi blagodaram
Pa dokolku vikas deka ima sansi da si bremena, toa krvarenje mozno e da e implantacisko krvarenje, odnosno poprosto kazano plodot koga se vgnezduva vo matkata. Ne go imaat site toa krvarenje, no se slucuva da go imaat povekjeto...
сега во аптеките има тестови кои можат да се користат после ризичниот однос околу 150 денари си земи да бидеш на раат
дај бе доста им солите памет на тие што се спремни за абортуси. Нивно право. Темата е: дали е можно никогаш да не забременам по абортус, а не: дали форумџиките мислат дека треба да абортирам или не. он топик: Нема со казма да ви вршат абортус, па да ви повредат репродуктивни органи. Нормално дека ќе може да забрамените после абортус ако е извршен во хигиенски услови од стручно лице и во неодмината бременост.