Јас имав missed abortion во 9 недела, мораше киретажа со вакум ми правеа, тоа беше на 26.10.17 подле сите испитувања, почнавме во март 2018 да не се пазиме и пак останав бремена. Кај нас одма фати пак, значи после 4 месеци од абортусот.
Зошто не направи тест за бременост, ќе си ги расчистиш сите дилеми, вака дополнително си задаваш стрес...
Тие се за поддршка на бременост, и дали да ги користиш ќе ти каже докторот, јас на мојот матичен сама му реков и ми ги даде. Па еве сега 12 недела ми ги прекина.
И јас имав еден спонтан пред година дена но еве сега сум 13та недела, имам слушнато дека кога еднаш ке останеш без разлика што е спонтан шансите за втор пат да останеш се поголеми само голема претпазливост треба
Е да. Со секој нареден спонтан шансите се се поголеми. Ама не мисли на тоа штом си 13та нед биди опуштена.
Се обидувам максимслно да сум опуштена, тој период ми е избришан и потиснат некаде длабоко сега е само бледа слика од минатото. Важно е сега да е се во ред што било поминало
Се надевам дека некоја ќе прочита оти моментално сум на прагот на очајот. Бев бремена, планирана бременост, ама околу истата имав некои двоумења и негодувања од страна на блиските, финансиска немоќ и недоволни уалови за да растам уште едно дете( првото има година и пол). ама си ја прифатив бременоста и почнав да си го планирам животот заедно со новиот, нероден член. Првата контрола се во ред, и жолчно ќесе и отчукувања. 8 недели, плодот голем колку за 6 недели, ама не спомна матичниот дека е нешто страшно. Симптоми некако немав, освен огромни болки во коските. Немав ни некој одмор, ни време да си го одморам телото, бев и под преголем стрес. Еден ден видов црвени бледи капки крв на гаќите и итно отидов на болница. Сто саати ме прегледуваше со вагинално ехо, за на крај да ми кажи дека плодот нема срцева акција И помал е за 3 недели од датумот според аменореа. Се изнаплачив. Отидов на второ мислење, истото ми го кажа. Missed misscariage. Не си ти виновна, настанала хромозомска грешка и така телото се брани. Направена бев киретажа. После киретажа воопшто не крварам, а 4 дена поминаа. Имам огромна грутка шо од нигде никаде ме тера да заплачам, не можам да спијам, ни јадам и најлошо од се е дека немам сила и енергија да го гледам малото. А то ми ја осеќа болката Матичниот ми е на одмор и уште не се имам консултурано со него( за моја несреќа беше на одмор се ова кога се случуваше). Ве молам утешете ме. Се плашам дека и следната бременост би можело да има компликации...А сакам да оставам и братчиња и сестричиња на моето првородено
Да кажам дека ти ја разбирам болката, малку е. Обиди се да ја прифатиш ситуацијата и да се смириш. Секако дека ке има твоето малечко и братче и сестриче. Мене со првата бременост ми се случи нешто малку подраматично во 5 месец. После една година забременив пак спонтано и имав многу тешка патолошка бременост, но на тие упорните и Господ им помага. Имам син 8г.и секој момент чекам уште еден кој е зачнат со ивф. За ивф то не би ни ти раскажувала. Затоа гледај што побрзо да се смириш, одмори си го организмот и психата и можеш пак да се обидеш. Не значи дека исто ке биде, секоја бременост си е сама за себе, ова сама на себе си го докажав. Те гушкам мила, се ке биде во ред, ке видиш....само си треба време за да ти ја залечи раната.
Ајде и кај тебе со среќа, па двете за брзо да се радуваме на убави и среќни вести Инаку да, докторот ме утеши дека ова шо се случило, не било знак за ништо во иднина. Првата бременост ја поминав прелесно, и пороѓај и се. Затоа го молам Бога, испитувањата( пап и микробиолошки) да бидат во ред, за да можам да пробам повторно. Јас сметам дека можеби грешката беше што првиот преглед го имав дури вториот месец, а и со фолната киселина доцна почнав да ја пијам... Се тешам дека подобро шо заврши порано, иако болката во секој случак не е помала. Секогаш постои она "што ќе беше ако беше"...
Јас неможам да Не можам да го разберам патот што си го поминала, ниту многу да те разберам како ти е, можам само малку да те утешам. Биди јака, биди храбра, прибери се.. Веќе имаш едно, Дедо Боже нема да те остави само со тоа. Ќе изродиш уште некоја среќа. Само биди позитвна.. Верувам не е лесно... ама мораш, и заради себе, и заради веќе родената среќа,и за онаа што допрва доаѓа..**l:
Поддршка имаш од сите тука Гушни си го детенцето силно силно, и да знаеш дека не е никаква пречка ова што ти се случи за следна бременост. Голем процент на жени сме се соочиле со ваква приказна,и боли многу.
Го чекам понеделник, се надевам и матичниот ќе ме успокои Фала ви, ако не беше форумот ова ќе беше уште еден пеколен ден полн со солзи за мене
Потполно иста ситуација, и мојата беше на одмор. Пред 3 дена направив киретажа. Ни јас незнам како да преболам. Пред закажаната киретажа, вечерта дома почнав да крварам многу, исфрлив се од мене, и плодот и плацентата. 8недели и некој ден беше плодот. А Јас дознав во 13та недела дури. Јас бебето си го видов,кога го исфрлив, со рачиња со по5 прстиња Тие рачиња требапе да ме гушкаат Нема утеха мила, само да сме силни, таа сила барај ја во своето дете, и јас имам, скоро 4 години, некако тоа ми дава сила.
Да, според мерките по ехо одговарал на 8ма недела +два три дена. Јас бев 12+2.Застанал со растот на 8ма полна недела, без срцева реакција. И да,бебето имаше раце, на кое му се броеа 5 прстиња Нозе имаше, стапала не. Можеби беа откинати незнам. Болна глетка...
За нашата болка нема мерило и никому не ја посакуваме... Ние знаеме низ каков емоционален пекол минуваме и колку празни останале нашите планови. Ама не треба да губиме надеж. Чекам резултати од хормони и микробиолошки... Почнав со пиење на фолна. И дај боже, да се израдувам за нецел месец Имам пример, каде што жена после губење на плодот во 8 месец идниот месец забременила. И ми рече и самата таа( веќе возрасна жена) Мила, не било за тебе... Јас сега пробувам да ги исчистам мислите за да си ја вратам рамнотежата во организмот. Кај е Господ никој не е! ❤ Дали матичниот ти даде да испиташ можна причина?
Да да, брисеви и пап треба да се испитаат, но тоа дури после следниот циклус ми рече. А вие веќе пробувате пак?
Ne. Cekam rezultati i ciklus. Oti velat, ako zabremenis pred ciklus e tesko da se odredi datum na zacnuvanje, a spored toa i merenjata na ehoto ne ke bidat sosema validni. Ispitavte hemostaza?