Ништо немам испитано. Докторката ми рече се шо треба да се испита, ќе се испита откако ќе помине следниов циклус, по еден месец отприлика. Јас си го знаев точниот ден на зачнување, секогаш знам кога ми е денот за овилација и нема утка.
По спонтан абортус, 6 месеци потоа не смее да се остане трудна или јас сум грешка? Или ова важеше за абортус при несакана бременост?
Ако се е во ред, сите резултати по спонтаниот абортус се негативни и по три месеци може да се почне со обиди
Абортус е абортус , сакан -не сакан. Доктор ќе ти даде зелено светло за кога можете да почнете со обиди. Едит: Од после прочитав спонтан дека си имала. Извини. Жал ми е. Али посекако доктор ќе ти даде насоки
Здраво девојки, имав спонтан пред 8 дена, во 6 недела, самото де исчисти, немаше потреба од киретажа, фала богу, денеска бев и на преглед ми потврди дека се е во ред, не ми дадоа никакви апчиња да пијам, освен витамин Ц, немам никаква инфекција, физички се чувствувам добро, малку психички ми е тешко ама ќе биде подобро, прашањето ми е доколку има некоја со слично искуство, да каже после колку време имавте сексуални односи, и после колку време почнавте со повторни обиди да останете бремени??
Жал ми е драга. Гинекологот треба да ти препорача да направите испитувања прво, и ти и сопругот. Кај мене беше се во ред, но кај сопругпт спермограмот многу лош. Највероватната причина за мојот абортус беше поради тоа шо плодот беше зачнат со неправилен сперматозоид. ПГинекологот ми рече подобро направете испитувања, отколку да има проблем и да те чистиме на секое.Па сега има терапија неколку месеци прво. Инаку за секс можеш кога сакаш, сексот нема врска, кога ќе се осетиш спремна, опорави се малку психички прво. А за бременост мене ми рекоа најмалку 3 месеци. Ти посакувам среќа.
Фала ви девојки на одговорите, иначр гинекологот ми го кажа истото да испитам прво де по ред, хормони, тироидна, итн... Сакав чисто мислење и од други да слушнам. Ви благодарам.
Здраво јас две години се обидувам да останам бремена се испитав се беше во ред мораше да ослабнам ослабнав 12.13 кила и останав бремена имав крварејне еднаш во 6 недела малку неколку капки во тоалетната после една недела кафено отидов во болница ми рекоа не е страшно нормално е имаше и срцева реакција но не ми даваа срцето да го слушам сите ми кажуваа понатаму сега неможе во 16 20 недела. Немав ниту еден симптом како да не сум била бремена освен градите ме болеа многу одеднаш прекинаа да ме болат. Бев 11+3 бев на преглед и ми рекоа нема срцева реакција не мрда во девета недела беше мртов итно во болница киретажа ми направија ми рекоа 2.3 недели без секс после 3 месеци да почнеме пак со работа но се плашам дали ке останам повторно бременаа две години сме чекале и се плашам да не ми се случи пак истото премногу е тешкоо се извинувам заради долгиот пост
Жал ми е мила. Имам два совета за тебе. 1.Направете спермограм обавезно, можеби има слаба сперма па прави проблем 2.Ако прво направите спермограм и е ок, тогаш проучисе прво сама, кога ти се плодни денови, кои ти се знаците на овулација и сл. Јас точно го знаев денот на овулација која јајце клетката прска, се осетив, и тој ден имавме секс, и останав бремена. Ако точно знаеш дека тие се тие 24часа во месецот,овулацијата, и сепак не останеш бремена значи нешто не штима, тогаш прави спермограм. Два чекори, нема да згрешиш кој и прв да го направиш, тоа е круг Со среќа
Да направивме спермограм и за маж ми контрола а за плодните денови јас немав редовна менструација едвај некако ја но рмализирав
Не тагувај ќе си останеш пак бремена И јас го чекав една година, исто ко тебе во прво тромесечје го изгубив и после една година пак трудна еве ситно бројам. Исто со нередовна менструација, полицистични јајници .... Мисли само позитивно, во медицина никогаш 2 и 2 не се 4
pozz ❤️ Jas imav abortus pred 2 meseci bev na 20 nedela , sakav da ve prasam dali e normalno ciklusot da ne e vo red u mart dobiev 2 pati ednas 7 dena i ednas samo 3 dena kapki sega sme u april isto taka 2 dena dobiam ama samo kapki i mi prestanat sakam da znam dali e normalen ili treba da idam u ginekolog fala vi mnogu
Здраво на сите! Имав спонтан во март, бидејќи не живеам во Македонија процесот малку беше долг со оглед на корона кризата и на начинот на кој што работат тука здравствените установи, плодот го загубив на почеток на месец март со мало крварење кое траеше од ден или два се до темелно чистење на матката кое беше после 25 дена без никакви хируршки интервенции. Тогаш имав нормално крварење како обична менструација кое траеше 7 дена без многу крв да изгубам. После 4 недели ја добив правата менструација после спонтаниот. На гинеколог ми рекоа дека после првата менструација можам да ја планирам следната бременост. Но јас секако почекав барем 3 месеци. Дали има некоја членка да ми каже искуство бременост после спонтан абортус (после 3 месеци). Фала однапред!
Јас по 5-6 месеци после спонтаниот почнав повторно да пробувам и се фати на вториот циклус. Пред тоа кога правевме пауза правев генетски испитувања, скриен шеќер и ТСХ го доведов под 2. И се сончав значи покачив витамин Д. Во меѓувреме односи само со кондом имавме пошто има една теорија дека кога двајца се долго време заедно треба да им се даде на нивните ДНК малку да се "подзаборават". Во секој случај успеав на крај и сега сум бремена со второ
Јас имав спонтан август 2017, почнавме да пробуваме во јануари 2018. Позитивен тест добив оваа година јануари. Секој различно, со среќа!
Здраво на сите . Пред 14 години имав абортус (не беше спонтан туку морав да ја прекинам бременоста пборади други причини). Сега сум во врска. Планираме и сакаме да имаме дете. Тој не знае за моето минато,сепак мислам дека тое е лично за мене кое што треба да си го чувам. Знам дека не треба да бидам во паника ама потсвесно ми делува и ми влијае тоа дека сум абортирала и дека можеби не би можела да имам дете. Минатиот месец се обидовме и ништо. Откако добив решив да следам кои денови ми се плодни па се надевам дека ќе останам овој пат бремена. Дали да имам односи сите плодни денови или најмногу да внимавам на денот на овулација. Дајте ми утеха дека МОЖАМ да останам бремена .
Секако дека можеш да останиш бремена. Тоа што сум имала абортус без мое барање не е различна постапка од твојот,а еве јас сум мајка на еден син и друго бебе е на пат. Само опуштено.