Здраво, бремена сум 5+1 хцг ми е 2600 но на ехо не се гледа уште ништо, имам предходен спотан абортус во 13 недела и сега незнам кај терам мн сум уплашена.
Колку време после абортус со вакум аспирација е дозволено повторно да се пробува за бебе? Како ве советувале докторите?
После 3,4 месеци. Остави телото да се опорави, плус и хормоните се многу несредени. Тебе ти треба психички и физички да се вратиш во нормала. Да не се изненадиш психички ако си горе - долу, хормоните прават хаос.
Дали после тоа ви дале докторите некакви совети за да не дојде до тоа? Не знам во смисла дали влијае стрес? Одење во теретана? Надворешни фактори? Или едноставно тоа е се случува...
Кај мене беше се случува, природна селекција. Дури ми рекоа нема потреба од испитувања, се на своја рака испитав, освен мутации ништо немаше причина ама со првата бременост немав никаков проблем а мутациите сум ги имала и тогаш. Направи си испитувања за генетски мутации, брис, хормони за тироидна и репродуктивни, Пап тие се најосновните кои треба да си ги испиташ. Не штети да се оди во теретана, и се што ти го опушта телото и умот. Прошетки во природа, пешачење, се што те прави исполнета. Земај си б12 и метилирана фолна пред бременост барем 3 месеци.
И кај мене прва бременост супер. Сега не знам што се случи во 6 та недела. Чекам резултати од патологија па ќе видиме. Фала ти