сигурна сум дека поголема е болката во душата отколку физичката болка од самиот абортус таа болка не е ништо во споредба со онаа внатре.
значи после секој абортус постои тој ризик. За време на интервенцијата може да дојде до оштетување на матката за подоцна да резултира со тој проблем.
И после спонтан и после артифицијален абортус може да останеш бремена без никаков проблем, само битна е психичката состојба, дали си ти спремна на тоа! поз.
ova e tocno.Nisto nemoze da ja zameni dusevnata bolka, a fizickata pominuva za eden den a ako e so anestezija i za pola saat megutoa zabremenuvanje po abortus normalno deka moze dokolku se pominalo vo red
Имав другарка која остана бремена на 15 години и абортираше.И кажаа дека шансите се многу мали некогаш во животот пак да има деца,НО денес на 18 години таа има 2 здрави девојчиња.Неможеше да дочека од мака мислејќи дека неможе да има деца и остана пак бремена,тој ден ќе добиеше инфаркт од среќа .Но ете,има можности нешто да тргне наопаку и да неможе да се има деца по абортус.Се е тоа Божје чудо мислам.
Дали гинекологот може да познае дека си абортирала? Лелее знам глупаво прашање е, ама читајќи вака, тоа ми дојде да прашам. Се познава тоа?
Гинеколог неможе да познае дека си абортирала освен ако не се направат некои оштетувања на матката при постапката па да е очигледно. Што се однесува до женски картон, зависи каде одиш . Јас немам матичен гинеколог од јавното ни здравство па немам ни картон. Одев во Систина и мојата историја е заведена единствено во нивниот систем. Не сум се криела, мене се ми се случуваше во брак ама доколку имате потреба од абортус (се надевам не!!!! ) одете во приватниве болници, кај нив дискретцијата е на ниво. А дали е можно никогаш да не се забремени после абортус, ДА; можно е. Повторно ке кажам можно е да се оштети матката бидејки киретажата е инвазивна постапка, ембрионот се отстранува со гребење. Доколку девојката се решила да абортира, порано е подобро. Како што поминува времето, ембрионот расте и се повеке се “сместува“ во матката, па потешко е да се изгребе, автоматски може да дојде до поголеми компликации. Јас имав три спонтани абортуси каде плодовите угинуваа ама не испаѓаа сами, па истите ми беа отстранувани со киретажа. После три абортуси, четвртата и петтата бременост ми беа успешни, фала му на Господ. Внимавајте што правите на време, заштитувајте се за да не дојдете во ситуација да убиете човече и да се прашувате дали некогаш ке имате дете. Седите на интернет по цел ден, како што знаете да најдете глупости за Бритни Спирс, укуцајте у гугл контрацепција па образувајте се повеке самите ако веке немате со кого да разговарате лично.
moze li nekoj da mi kaze nesto povece za abortirajneto,dokolku ima nekoe svoe iskustvo (( neznam sto da pravam me isplasivte so nekoi komentari deka se ostetuva matkata i sl. POMOGNETE [mod-kirilica:1j3gdysq][/mod-kirilica:1j3gdysq]
зошто да го направиш тоа? јас немам лично искуство ама учам медицина и имав прилика да гледам повеќе абортуси (нажалост) и знаеш што - сама би го гледала но не би абортирала . тоа беше ужасно искуство за мене а тек замисли тебе секако постојат ситуации кога мора да се абортира (мора од здравствени причини) а не од бес и од немислење. сепак твое е да одлучиш . а за тоа со оштетувањето - има шанси после воопшто да не можеш да останиш бремена пошто кога гледав јас абортус докторката многу многу не гледаше каде што требаше туку си правеше муабети со сестрите па се ти види колку се загрижени за НАС
Прво дали беше на гинеколог да ти кажат која недела си бремена? Ако си во првите недели, има друг начин на абортус освен со гребење на матката што е малку ризично. Тоа е нов начин и го прават со вакумирање. Значи ставаат нешто и со тоа вакумираат и го влечат плодот, и тоа не е толку страшно бидејќи не се гребе матката. Распрашај се на гинеколог за овој начин со вакумирање али уште одма зошто на овој начин се абортира во првите не знам колку недели. Поздрав и пиши што си сторила не се грижи се ќе биде во ред, ќе помине и ова.
da da bev 3 nedeli sum i zakazav za abortus idnata nedela ama ne mi kazaa kakvi nacini ima samo deka posto bilo rano otkrieno nemalo da ima problem ce se izvrselo pod anestezija i ce bidelo se ok no sepak se plasam zosto mi otkri i deka imam cista na leviot jajnik i dvajcata se plasime ama mora da bide vaka. [mod-kirilica:yquh27jo][/mod-kirilica:yquh27jo]
мислам дека со текот на годините се губат некои виталности па затоа и абортусот може да допринесе да се намалат некои функции а и самата помисла е трауматична
Немора да значи. Една моја пријателка после абортус пак остана бремена. Зависи како ќе те исчистат да не те повредат и као што кажуваше таа дека примила некоја инекција веднаш после абортусот.
jas bev bremena i imav abortus odnosno missed-sto znaci na plodot ne mu rabotelo srceto pa morav da abortiram da se prasuvam jas ako navistina ne moras nikogas ne abortiraj neznaete kolkava e dusevnata bolka ama sekoj covek e razlicen pred se mora da si psihicki mnogu stabilen i jas se plasam dali podocna ke mozam da ostanam trudna ili ako ostanam dali pak istoto ke se sluci neznam neznam mnogu se plasam seto ova mi se sluci pred 10 dena i seuste nemozam mirno da spijam -pozdrav do site i ne se odlucuvajte na abortus ako ne morate pazete se pred ser ako ne sakate da bidete trudni
Јас имам абортирано затоа што дојде до големо крварање и морав да абортирам, лекарите ми рекоа 2 год да избегнувам бременост заради моја сигурност! А после абортуст мислам дека може повторно да имаш деца!
Јас ке зборувам од лично искуство. Во август месец минатата година сум била останата бремена.Јас незнаев,и дома нешто чистевме и убаво се секавам оти кревав тешко.Вечерта почнав да крварам ама си помислив конечно да ми дојде!Но како си минеше времето тоа не престанува.Помина една недела,па уште една се повеќе се засилуваше а јас си викав ај ке помине ништо не ми е!Кога веќе не можев да мрднам пет метри без да се изморам и паметот ми се вртеше како центрифуга решив да одам во болница. Таму ми кажза дека сум била останата ама сум се пуштила.Мораа да ме чистат,поима немам како,само знам дека ми ставија анестезија и јас заспав.Кога се разбудив се наоѓав во болничкиот кревет и ништо не сум осетила.И нели викаат дека после тоа не може да се остане пак бремена во наредната година.Во мојот случај тоа не беше така!Во септември ние го зачнавме нашето бебуле и сега еве сме пред крајот на овие девет месеци.Да не се подречам досега се е во ред и наскоро го очекуваме нејзиното присуство меѓу нас. Значи не се секирајте,ако се сака се се може!
во никој случај неможе абортус да предизвика неможност за неостанување бремена во иднина, нормално ако е правилно изведен од соодветен лекар не од некој дифтар што работи во гаража и зема по 500- 1000 ден , ова знам за еден таков доктор во тетово затоа и го кажувам.моја пријателка има 7 абортуси па еве сега има две деца. но, зошто да се подлегнувате на таа исцрпна постапка кога воопшто не планирате дец? затоа постојат кондоми децааааааа
Можно е - но ретко. Нема генерален став бидејќи зависи од здравствената состојба на жената, стручноста на медицинското лице кое го изведува абортусот, од поодминатоста или навременоста на вршење на истиот, типот на бременоста - ризична, Rh факторот на жената при втора или н-та бременост и негово санирање итн значи има многу причини кои треба да се земат во предвид. Воглавно нема потреба од оправдан страв бидејќи во денешни услови се врши успешно без понатамошно влијание на идна бременост, меѓутоа некој од погоренаведените фактори може да е кобен и да се јави ваков исход. Сепак ваквиот страв треба повеќе да се закопа во минатото каде абортуси вршеле надрилекари кои не успевале често да се справат со крварењето па често абортусот знаел да заврши и фатално т.е. со смрт ама во современи услови ризиците се сведени на минимум.