Бременост после абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од loli674, 26 јануари 2010.

  1. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.415
    Допаѓања:
    6.998
    Пол:
    Женски
    Душо, август 2010? Затоа што и јас поминав низ една вонматерична бременост лани септември и останав со еден јајцевод, и кога почнавме со обидите пак останав по 3 месеци, но сега имав спонтан,крајот на април, и сеуште сум потиштена , страшна болка е, колку и да несакаш мислите ти се таму, ќе го допреш стомакот и ќе осетис празнина и болка..поготово кога ти е прво бебуле, некои ми викаат да чекам 6 месеци, некои 3, матичниот 2/3 циклуса и незнам што да правам сега, а ми треба да се соберам психички за нов почеток без стрес..
    п.с. Имај си прелесен пораѓај, и најубаво и најслатко бебче на цел свет.. :*
     
  2. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    721
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Нема никакво правило, моја другарка абортираше и тоа во 8ма недела, и за 3 месеци пак остана трудна и роди живо и здраво машко дете. Сепак мислам колку порано толку подобро да се изведе интервенцијата.
     
  3. Bubbles92

    Bubbles92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    12
    Па според постовите не е тешко да се види дека повеќето се против абортусот. Не гледам на тоа како убиство туку како втора опција која и се нуди на секоја девојка која не е сеуште спремна за тој чекор. Јас веќе сум во седмата недела а се мислам веќе цела недела дали да абортирам. Не ги земам у обѕир пост абортусниот синдром ниту здраствените компликации туку фактот дека користевме заштита и имам 18 години. Се советував со моите дома но најнормално нив ги загрижуваат последиците од абортусот иако пред 10тата недела тие се ниско ризични и нормално ке бидат поспокојни ако решам да го родам ама најнормално поради нашиот строг балкански менталитет прво ке морам да се омажам а искрено не се чуствувам подготвена за тоа, иако дечко ми е за таа работа е неговата финансиска состојба и условите за тоа дете. Многу сакам деца но не сакам за секое можно кашиче да трчам до моите и да барам пари. Друго е тоа што најголема желба ми е да се осамостојам да си ја завршам целта но пред се факултетот па не знам дали тоа ке биде изводливо со новороденче крај себе? Би сакала да знам што би направиле вие и дали сте биле во слична ситуација..
     
  4. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    2.420
    Допаѓања:
    170.008
    Пол:
    Женски
    Ако не се чуствуваш спремна за дете и брак, а и си се советувала со родителите, тогаш абортирај додека си сеуште на почеток на бременоста. Ми делуваш некако зрело со постов па се надевам ќе знаеш и умееш да се справиш со се сега и по процедурата! Со среќа :*
     
    На Bubbles92 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.791
    Прво и основно треба да си расчистиш какви ти се чувствата за дечкото. Ако не било нешто сериозно, ако не го сакаш онака баш, баш вистински, тогаш не треба да се врзуваш за него. Ако врската ви била како и многу други врски на тие години, без некои посериозни намери, тогаш... Детето и бракот се голема и сериозна работа. Јас не би ја започнала со некој со кој ете, случајно, сум останала бремена. Имам слушано и од женска страна, но и од машка, коментари за такви бракови. Другарка моја се омажи така на 18 год со постар од неа затоа што остана бремена и искрено ми има кажано дека никогаш не би се омажила за него да не забременела. И било страв да абортира, тој сакал да се жени и ете... Убедена е дека направила погрешен избор (за мажот, не за детето). Другар мој пак ми има коментирано за бившата жена дека се оженил само затоа што забременила по вторпат од него. Првиот пат абортирала, вториот пат не сакала заради можните последици, па се земале. Се разведоа после 2-3 години брак... А сепак, има и убави приказни. Таа 18-19, тој 21, таа забремени и се венчаа и сега се веќе 14 години во брак и тоа е еден од најхармоничните бракови што сум ги видела... Нема правило, се зависи од двајцата кои се во приказната.
    Од друга страна, родителите ти се полни со разбирање (моите не би биле така кул кога бев на твои години). Штом те поддржуваат за ова, би имала сигурно и поддршка од нив да можеш да студираш иако имаш бебе. И тоа не е неостварливо. Имам другарка која заврши факултет со дете без помош од страна (мајка и е почината, татко и живееше во странство), само што и требаше малку подолго. Сигурно многу, многу полесно е кога ќе ги имаш твоите до тебе, подготвени да ти помогнат.
     
    На Bubbles92 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    4.201
    Пол:
    Женски
    Значи имам гледано документарец за абортусот каде што жени сведочат за своите искуства со абортирање.таму имаше и една докторка од америка која работела порано во клиника за абортус таа кажува колку е тоа убиство за еден штотуку зачнат живот тоа го објаснува докторски што јас незнам да го објаснам ако сакаш ке ти го пратам сајтот.таму раскажува и една девојка која абортирала мислејки дека тоа е најдобро решение оти нема завршено факултет сеуште но кога дошло темата за изучување за развитокот на бебето во утробата свака оти си го убила бебето и и треба време за да се опорави од депресијата и болката.знај дека 99%од жените што абортираат кога тогаш се покајуваат за тоа.размисли во тебе штотуку се зачнал живот на прекрасно невино детуле за кое многу жени долго мечтаат и го молат Бог да им ја благослови. утробата.веруј ми се ке биде во ред и неможе да биде полошо од одлуката да абортираш.сепак аекој си е одговорен за своите одлуки.
     
  7. Bubbles92

    Bubbles92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    12
    Фала за мислењето се гледа дека на абортусот гледаш од религиска гледна точка иако уште на првиот пост се разјаснив околу абортусот не сметам дека е тоа убиство и дека ќе одземам нечиј живот затоа што тоа невино суштество има право на живот туку имам избор и не го правам истиот од некои себични причини како со примерот од твојот пост.. да завршам факултет.. мене не ми е клучен факултетот туку начинот како после би можела да заработувам за да можам да му обезбедам се што е потребно на тоа дете...
    И верувај може да биде доста полошо од тоа да не бидеш роден.. Токму затоа доколу можам да бирам дали да родам дете во таква лоша средина за после тоа дете да страда и да биде трауматизирано од неговите млади родители кои секојдневно ќе се караат од каде пари за сметки итн или да абортирам и да го преболам фактот дека набргу ке има некаква празнина во мене која многу ќе недостига.. зар ние немаме право иако со мал дел но сепак како мајка да одлучиме што е најдобро за нив? Кога бев дете постојано ме запишуваа на курсеви и спортови кои не ги сакав но сепак немав избор. Денеска поради истата таа иницијатива течно зборувам 3 јазици.. родителите секогаш тврдат дека го прават најдоброто за своето дете и секогаш се барем со мал дел во право.. Затоа и јас сакам да постапам правилно да одлучам но не знам дали треба разумно или да се потпрам на инстинктот.. Сепак фала за советот..
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    4.201
    Пол:
    Женски
    Значи се извинувам несакав да те навредам и да те нарекувам себична прочитав зошто се двоумиш за бебето.а затоа дека родителите ке се карале од каде пари па детето ке трпи трауми знај дека и да прелева од пари родителите ноже да се караат и за други нешта.кога се сака се се може секој почеток е тежок како што кажа родителите те подржуваат ке завршиш школо и ке се вработиш исто и дечкоти млаади сте.и да верувам во Господ и на абортусот гледам како убиство но не ги осудувам оние кои го сметаат како избор само не се согласувам со нив.ти посакувам да донесеш паметна одлука и да имаш убав живот.нека те благослови Бог со многу мудрост и љубов
     
  9. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    24.978
    Пол:
    Женски
    Не го сфатив баш оној дел , сте користеле заштита и остана бремена? Како тоа :^) Во врска со абортусот пред се мислам зависи од партнерот, ако ти го сакаш него, сте планирале нешто понатаму,зашто би абортирала, па тоа е ваше дете, сега јес да си мала ама кога веќе биднало зашто да го абортираш. Тетка ми остана бремена на 18 години, баба ми и дедо ми тогаш , револтирани, да можеа ќе ја убијат ( го знам ова од она мајка ми што ми кажувала) а ти немаш таков проблем ја имаш поддршката од твоите, тие ќе ти помагаат :) и муабетот ми беше дека тетка ми иако прилично млада го задржа детето, се омажи за тетин ми и имаат преубав брак,толку разбирање,толку љубов немам видено никаде :angel: Твое е да одлучиш, а за факултетот не се секирај, не мора одма да го завршиш , штом пркне детенцето ќе си се запишеш вонредно и ќе си учиш ;)
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bubbles92

    Bubbles92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    12
    Па не напишав ништо сложено, дечкото користеше презервативи бидејќи сметавме дека сепак се најбезбедни кога мене не ми беа одобрени анти бебе пилулите и искрено јас дури во 6тата недела дознав дека сум бремена кога почна да ми се гади (се сомневав и по изостанувањето на циклусот но сепак имав пролеми и редовно ми каснеше :) ) не ми беше јасно како успеав да останам бремена па така докторот сугерираше на несоодветниот квалитет на презервативите и колкав баксуз сум..

    П.С. благодарам за останатиот дел од постот..
     
  11. Bubbles92

    Bubbles92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    12
    Благодарение на сите кои покажаа подршка и сакам да соопштам дека решив... Сепак одлучивме да родам и се надевам на успех во улога на мајка.. поз
     
    На nesa, girl.23, bebaa и 5 други им се допаѓа ова.
  12. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    4.201
    Пол:
    Женски
    Алелуја честитки од мене душичке мудра и голема одлука си донела.верувам дека кебидеш одлична мајка. Се радувам за вас и вашето бебенце.
     
  13. Bubbles92

    Bubbles92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    12
    Blagodarime bebaa ti posakuvam sto poskoro da te stigne istata radost..
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sweet.woman

    sweet.woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    370
    честитки за правилната одлука :inlove:
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bubbles92

    Bubbles92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    12
    па не би ја дефинирала правилна ама дефинитивно беше по прифатлива а ќе се покаже многу отпосле дали беше правилна ама нескротлив оптимист сум па да видиме :)
     
  16. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    74
    честитки за вас...се најубаво да ве прати понатака...се да ви биде во ред...и кога ке си го родиш бебчето,кога ке ја осетиш неговата кожичка свакаш дека си направила најубаво нешто на цел свет....
    а сега за сега уживај во секој момент ;)
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. XxXxM

    XxXxM Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    вака девојки бидејки имам искуство од претходната недела, за жал останав бремена но сум ептен мала имам неполни 18 години и со мојот дечко мислиме дека тоа бебе ќе нема никакви услови па бев принудена да абортирам. прво приметив по заостаната менстуација , па потоа почнаа симптомите, ми беше многу лошо имав мачини и ми се повратеше тие недели ке умрев!! отидов кај гинеколог и ми рекоа дека сум 8ма недела, заказавме абортус. Значи не е ништо толку страшно како што велат некои девојки на форумов.. ми дале дупла анестезија бидејки мн сум мрдела и се разбудив после 1ипол час и нормално од анестезијата ми се вртеше но немав никакви болки од многуте лекарства и така вечерта си отидов дома и си одмарам имам мали грчеви на матката од лекарствата но не е ништо страшно!! мислам дека помогнав на некој кој имаше прашања.. тоа е тоа за жал :(
     
  18. XxXxM

    XxXxM Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    од толку работи заборавив да кажам дека чинот се работи со двете методи истовремено,значи прво со вакум но бидејки не е сигурно дали ке биде се исчистено се применува и киретажа значи благо гребење на матката..
     
  19. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    121
    да можно е ....се зависи од организам до организам.....
     
  20. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.262
    колку пари е абортус?
    (чисто информативно :) )