И да е рана бременост, тестот не би требало да погреши, бидејќи и во рана бременост (иако во помали количини) е присутен хормонот HCG кој се детектира со тој тест. Не мораш да чекаш една недела, оди прави тест преку крв, па ќе знаеш за сигурно дали си бремена. А тоа што не ти се случило досега толку да ти доцни - за сè има првпат. А кога ти беше ризичниот однос? Јајце клетката се оплодува во првите 24-48 часа, така што тестот сигурно ќе покажеше дека си бремена, ако беше. Мене ми доцнеше цел месец само еднаш досега - што никогаш претходно не ми се случило. Причината беше циста. Немој веднаш да мислиш на бременост, причината може да е друга. Плус стресот и паниката што ги имаш влијаат на доцнење на циклусот.
Normalno e da mislam na najlosoto, sekogas taka mislam, sekogas imavme zastiten seks, no nisto ne e so sto procentna garancija Ke odam da ginekolog,da,informirana sum za mnogu raboti, i znam kako odi toa, ne pravam nisto so nesigurnost i neproverenost pa taka i seksot. zrelo pristapiv kon toa Me interesirase samo cenata kolku e pregled, sto i kako bidejki toa e edinstvenoto nesto sto ne go znam, da se nadevame deka ne sum fala odnapred feminki ))
па зависи кај сакаш да идеш јас идам во дијагностички со плави картони ми зимаат 300 ден ехо преглед ,најубаво ти е да си одбереш некој матичен приватно што зимаат со плави картони и кога ќе имаш проблем закажи си преку телефон и трк таму
Па секаде можеш...Можеш на клиника, таму е поефтино. А можеш и по приватните клиники, како Систина, Неуромедика, св.Лазар, Ремедика...Но само кај проверени клиники и доктори. Немој да одиш кај некој за без пари што се вика, на диво да те чисти, па после да си имаш проблеми. Земи телефон, јави се на клиникве, распрашај се убаво, и одлучи... Пиши ни што си направила, и со лесно да поминеш без никакви проблеми
Imam edno prasanje pred 4 meseci imav kiretaza i pred nekoj den so mojot decko imavme nezastiten odnos ama se napiv apce norlevo vo rok od 34 casa od ko se sluci toa i seuste mi nema dojdeno trebase deneska da mi dojde ama nisto uste nema pomognetemi dali sum bremena ???
добро бре си правела киретажа знајш зошто се норлево а не знајш тест за бременост да си купиш од кај да знајме није дали си бремена или не ?
Ова е исто така твое мислење во темата "Aпче за ден потоа". Мислам дека има мн по забавни теми за лажни мислења и случувања, овие теми и не се баш такви на кои треба да си тераш мајтап девојко! Единствено, ако си се напила Норлево два пати во месец, се извинувам искрено.
и вакви ко тебе после деца рајгат и добри мајки глумат ах бре или некоја кога че напиши јас бев многу млада за дете и затоа абортирав ама многу ги сакам децата
Сакам да ве замолам, ако сакате да ми го објасните процесот на абортус, колку пари е абортусот, дали треба да бидеш полнолетна, или како? И колку време е времетраењето на абортусот, како се изведува, итн. значи ме интерсира се. Однапред ви Благодарам.
Моjата маjка,до скоро работеше на гинекологиjа и од неа го знам следново: После абортус може веднаш да се остане бремена,но многу е битно дали абортусот е изведен во многу рана бременост и да нема никакви оштетуванjа на матката и инфенкции. Ова важо за намерен абортус при нормална бременост,дпдека пак каj спонтан абортус и каj абортус про вонматерична бременост,за жал работите начесто не идат така глатко. Инаку,за Lovely, Абортусот трае кратко,со локална анестезиjа,а може и со целосна.За малолетни,ако се прави на гинекологиja,односно во државна па и во приватна ординациjа,ке мора согласност од родител. Некои за да ги сокриjат работите прават абортуси нелегално и на диво во непроверени ординации и доктори и тоа е многу опасно. Се зависи коja недела од бременост се врши абортусот,што порано тоа подобро,а што подоцна, тоа е потешко.Воедно многу е битно и дали пациентката е млада,дали претходно рагала и сл.
Долго време ве читам и морав ова да ви го напишам: Сите кои абортирале или планираат да го сторат тоа сакам само нешто да ви кажам ДА АБОРТИРАШ Е ЛЕСНО-ќе најдиш некој лекар, ќе легнеш(со анестезија) и ќе станеш.Ќе продолжиш без она што значи смисол на животот, ќе продолжиш да студираш да си го живееш животот онака како што си сакаш( залажувајќи се себеси дека ништо лошо не си направила, па тоа било подобро за тебе и за твоите животни планови).Е кога ќе си го исполниш сонот за твојот начин на живеење, ќе сакаш да створиш семејство.Дај боже да си родиш деца колку сакаш.Ама што АКО НЕ МОЖИШ ДА РОДИШ??????? Е тогаш мили мои нема ништо на светот што ќе можи да ви ја смири совеста. За сите кои имаат ваков проблем им предлагам да си разговараат со родителите и да најдат заедничко решение.Родителот е покрај вас во сите ваши успеси и падови, не го заборавајте тоа, без разлика колку и да не се согласувате со нив колку и да ви се лутат тие ви го мислат најдоброто.Затоа разговарајте со нив па заеднички носете толку тешки одлуки. И да, се согласувам со сите постови на Жалосна и греота е за денешната младина со колку површни размислувања се на оваа тема. РЅ. Можите колку сакате да плукате по моето размислување, ама тоа е само мое .Јас имам чиста совест.
Мама2, го почитувам твојот став и твоето мислење,но сепак, ова е форум и темата е таа што е, без разлика дали се согласуваме или не со самиот чин на абортус. Сепак , мора да ја прифатиме реалноста , дека абортуси се вршат и ќе се вршат, независно од нашите ставови и мислења. Јас најмногу се стравувам за оние коисе доста млади и неискусни, и после незаштите секс, останале бремени.Тогаш нема што, нема каење ни карање, тогаш работите не можат да се вратат назад, но истите тие се одлучуваат да абортираат. Сакајќи да сокријат од родителите, што е голема грешка, а и исплашени да прашаат на право место, најчесто прават нелегални абортуси по диви клиники и завршуваат со последици. И затоа е добро што има вакви теми и може слободно да прашаат се што ги интересира. А за тоа дали можат да раѓаат деца после тој чин, е сето тоа, како што напишав погоре, зависи од многу фактори. За жал, има жени кои никогаш не направиле абортус, а не можат да раѓаат. Затоа темата околу сексот не треба да се третира само од апсект дали некоја ќе остане бремена и последиците од тоа, односно дали треба да роди или не, туку има пострашни работи од пренесување на инфекции и бактерии кои што се причина за подоцнежен стерилитет, а за тоа треба едукација. Поздрав до сите.
jas napraviv abortus na 7 noemvri ama sea probuvame so decko mi no ne znam zosto ne mozam da ostanam dali moze posle 2 meseci od abortusot da se ostane bremena sto da napravam pomognete mi