Извини но зошто си го дозволила првиот пат да ти го одеземат т.е да те натерат да абортираш твоите родители и сега после толку кратко време се обидуваш пак да останеш бремена со истиот ? Не ми си јасна а верувам дека и на другите не си им баш јасн
Може зошто е касно, може зошто сум уморна и треба во секој момент да добијам ама читајќи го постот на Марија ми идеше да пукнам!!!! Штом родителите те натерале пред два месеци да абортираш зошто мислиш дека сега ќе биде различно? И како може родители да натераат 20 годишна девојка, во сериозна врска да абортира? Ај да имаш 15 години ќе сватев ама 20?!? И кај беше дечко ти во оваа приказна? Што разлика прават тие два месеци во вашата ситуација? Тогаш не можел да те побара за жена и да биде родител ама сега може? Бај да веј, јас подржувам абортус ама читајќи го ова ми иде да си ја лупам главата од тастатура!!!
бремена сум веке 5 недели не знам што да правам на 100 памети сум дали да го родам или не ако се одлучам за раѓање животот ми се сменува преку ноќ ако абортирам имам страв дека можеби после тоа нема да можам да забременам не знам што да правам на моменти имам позитивни мисли на моменти негативни
Агнес размисли 10 пати пред да одлучиш било што. Гледам дека имаш 19 години ама ти си знаеш каква ти е ситуацијата и дали детето ќе има татко или не ако се одлучиш да го родиш. Разговарај со таткото и со родителите, па одлучи.
со дечјо ми сме во врска 2 ипол години он ме подржува за што и да се одлучам но повеќе сака да го родам јас едноставно не се чуствувам спремна но не ми е и сеедно
Мила ние не можеме да ти се мешаме во таа твоја одлука, но јас кога би била на твое место и да имам поддршка од дечкото и моите би го родила.
Ако ти е најмногу страв од тоа дека после нема да можеш да останеш бремена не плаши се, секако дека можеш. Ако абортусот се изврши правилно немаш причина да се грижиш.Многу си млада, животот е пред тебе има многу повеке работи на кои би требала да се посветиш во тие год па и неколку год подоцна.
Можам да ти кажам само јас што би направила а да ти кажувам што да правиш ти неможам.Јас би го родила без размислување.За понатаму дали ке можеш или неможеш да рагаш никој неможе да ти каже.Може да имаш проблеми и ако имаш абортирано и ако немаш.Размисли си тоа е сепак мал живот во тебе.За тоа колку си млада па дали си спремна е широк поим за дискусија.Има жени на 30 години па не се способни да се грижат за деца,а наспроти тоа мајки на 19 години се многу поодговорни.За работи што можеш да ги направиш ехее секогаш ке има нешто што такво како изговор ако се игра на таа карта.Чекај да завршам школо,па чекеј да се вработам,чекај да се прошетам од платата оти после дете трошкови,па чекај да поуживам со сопругот насамо,па да се средиме дома.....и на крај 30 и повеке години навикнати на сами и слободни и кога ке дојде тоа мало и ако дојде воопшто незнам колку ке имате живци.А сега веке го имаш тој мал живот во тебе,и можеш да ги доживееш работите како шетање школо и се друго и со детето заедно можеби малце покасно некои работи но вреди да се одложат.Јас барем така размислувам.Имам 28год,и се обидувам за дете со мажот ми 5 год.На 22 станав тетка а на 19 скоро секој ден си играв со 4 годишна внука на тегаш дечко а сега мој маж.Со тие внуци тогаш имав мноофу повеке трпение и живци одколку сега кога си играм со мали деца.И гледам мои пријатели другарки колку со повеке леснотија ги одгледуваат своите деца оние помладите одколку постарите.Годините си го носат своето.А и не ни оди секогаш според планот посебно она кое е надвор од нашите сили.И јас планирав да бидам мајка уште првата година од бракот ама....Но сепак ова е од моја перспектива гледано нели.
Многу пати го имам слушнато тоа во врска со живци за деца на 20 години и живци за деца на 30 години. Заокружувам бројки. Нема врска бројката за нечии живци. Не е тоа нешто што се троши, или си склон или не си. Во комшии имаме момичка, се и е пружено,не дека има проблеми од станбени или финансиски па да губи живци кога ќе и врекне бебето, а ќе ја слушнеш како беспомошно и таа вика и се дере. За разлика од моја другарка 40 годишна мајка на две бебиња едно по друго, 2 и 3 години, која еднаш нема изгубено такт и контрола. Навикнат на слобода и доаѓање на бебе не вади фрустрации, кога свесно се решиш што сакаш од животот. Кога ти е наметнато, се мислев дали така да го напишам, или кога е неочекувано, макар да многу пати неочекувано е добродојдено, ама некогаш самиот страв дека е вон твоја контрола таа промена во твојот живот ќе ти вади и страв додека се случува, па и фрустрација и на 20, и на 30, и на 40, посебно ако ти доаѓаат колебливи мисли после направената промена(доколку си признава на себе од каде и е фрустрацијата). Девојката не ја советувам што да прави. На ваква тема не се советува од страна и ќе ми беше мило да сите си држеа мислење што би на нејзино место. Не само на девојкава, туку секогаш кога станува збор. Никој не е на нејзино/нивно место. Јас би ја единствено советувала да си разговара со доктор. Тие ќе ти објаснат што и како, да слушаш совет, знаење и информации од стручно лице, без разлика за што се одлучиш.
денеска бев на гинеколог ме прегледа и ми кажа дека првиот абортус е многу ризичен па затоа се решив да го задржам фала му на бога сите ме подржаа па сега веридба свадба ова она... мн сум среќна бебенцето е како точка беднаш го засакав
Честитки! Според мене си ја донела најдобрата одлука со оглед на тоа што имаш долга врска и дечко ти те поддржува и те сака. Секој ден таа точка се повеќе ќе ја засакуваш и ќе се прашуваш како воопшто и си помислила на абортус. Барем јас така мислам. Ви посакувам се најубаво.
Честитки Агнес! Штом имаш поддршка ова е една прекрасна можност за тебе и за тоа мало зрнце кое со помош на твојата љубов и храна ќе израсне во вистинско мало ангелче. И кога носите одлука за текот на вашата бременост, не се оптеретувајте премногу со тоа дали ќе може да имате понатаму деца или не. Мене тоа не ми изгледа за вистинска причина за да се стане родител ако е единствена и/или одлучувачка. Убаво ви рекоа другите феминки, судбина. Не секогаш неплодноста се поврзува со абортус, има и други причини. Ако сакате да внимавате и да планирате семејство за подалечна иднина, тогаш планирајте го одговорно семејството и заштитете се од непланирана бременост. Ако пак и покрај заштитата се случи бременост, тоа (барем мене) би ми било некој знак колку всушност тоа суштество ТРЕБА да дојде на свет. Koja и да е одлуката, важно е да се донесе поради вистинската причина. На сите девојки и жени со вакви дилеми им посакувам периодот на дилема да им трае што пократко и да бидат среќни со изборот којшто ќе го направат.
Здраво девојки, Прво да и честитам на Агнес за храброста и одлучноста. Јас, за зал не сум толку храбра... пред 3 дена дознав дека сум 5,5 недела и најверојатно е дека ке се абортира. за тие 3 дена мислам дека остарев 3 години... неможев да спијам. После многу анализи и разговоти со дечкоми дојдовме до решение да се абортира. Единственото нешто што ме плаши е ризикот од абортус, болките, можноста за забременување тосле тоа. Знам дека сега медицината е напредна, меѓутоа сомнежот ме убива. Дали има некоја девојка да сподели искуство, да ми препорача некој добар гинеколог и добра болница. Јас бев кај р. Божидар Бошковски, он работи во Скопје Поликлиника, а интервенциите ги изведува во Св. Лазар. Зафатот чини од прилика 10,000 денари. Ми изгледа доста смирен човек, ми рече ако се одлучам на тој чекор да изберам некој што има искуство да не го правам тоа било каде. Рече дека ризиците со новите методи се минимални, се зависи од докторот и колку е искусен и професионалец. Шансите за компликации дека се многу мали. Меѓутоа тргнувајќи од тоа како забременив ( уште не ми е јасно како се случи... секогаш внимаваме) несакам да оставам ништо на случајност и без да проверам. Затоа сакам да се информирам за сите опции. дали имате некој совет, препорака, искуство? Фала ви многу.....
Те читав претходно и гледам која ти е одлуката по ова прашање, така што од мене совет ти е да размислиш уште еднаш, па и уште еднаш! Имаш време, не брзај, разгледајте ги со дечко ти сите опции, разговарајте со вашите дома. Имате долга врска, не сте премногу млади (многу жени раѓаат на твои години и се совршено спремни за гледање деца), но најважно е што ако сега го абортираш, за некоја година кога ќе бидете во брак ќе ти биде многу жал за детето кое што сте можеле да го имате.
ух... знам... Меѓутоа ние што се вика уште немаме завршено со студии, тек сега бараме работа, живееме како студенти под кирија и крпиме крај со крај со парите што ни ги праќаат од дома. Ако и бебе уште имаме незнам кој ќе ни биде крајот. Неможам да замислам да барам пари од татко ми или татко на дечко ми за да купам кашичка од 70 денари, недај боже за поголеми трошоци. Тоа е како да им се родил уште еден син/ќерка. Па остај тоа, вршачки и свадби. Не е се до тоа дали ќе го родам, прашањето е што откако ќе го родам... Точно е дека нема да умираме за јадење ама и да се уништуваме секој ден и тоа не е работа. Несакам на мојата прва рожба да гледам како проблем и причина за нашата немаштија... планирав да е поинаку, всушност и затоа овие 5 години толку учев и се трудев и сеуште давам се од себе, за да небиде моето дете и јас и моето семејство просечно, а просекот сега ни е познат на сите. Сакав достојно да го одгледам, да можам да му дозволам и градинка и роденден а не да гледа турски серии со баба му дури јас со искинати цизми се акам. Јас само ќе кажам дека одлуката не е лесна и не би му ја посакала на никој ама баш никој. секој ден се премислувам по 20 пати... ама на крај на ден се се сведува на едно....
ZDR, што и да одлучиш, најважно е да си сигурна во тоа. Не само ти, туку и партнерот. Инаку, комплетно те разбирам за финансиските грижи... НО, морам да споделам со тебе како искуство дека не секогаш во животот бива према план. Секогаш го имав твоето размислување за деца... Со сопругот сме 3 год во брак после 5 години живеење сами и 8 и пол години заедно. Нормално, приоритет ни беше да живееме сами, да заработуваме и да тераме самостојност. Многу бев среќна и амбициозна. Ќе заработев, ќе успеев... Апропо на тоа и се вложував...Но, во сите 5 години есапот е дека парите се таман за кирија, сметки, јадење и живот... Живот не многу комотен, ама не ни стегнат. Доволен. За деца размислувавме дека не е погодена земјата, дека нема баш услови... Но, условите не се ни подобрија во текот на годините.. Нажалост нема ни да се подобрат. Кога дознавме дека сум бремена, а беше намерно - ненамерно (тоа е друга приказна), ко за беља почнаа сите глупости... Со плати почна да се касни страшно... Здравствено немам заради тоа... Се на приватно одам... Трошоците се големи... А претходно, ќе си речеш ок плати за наши стандарди, фина работа, самостојни... Никако не сакам да те предомислам... Немој да ме сфатиш погрешно. Само сакам да ти кажам дека за ваква одлука треба голема храброст, но и сигурност. Ти посакувам да не си јас после 5 години...
Затоа и барам совет за болница. Затоа што сега , со ова што го имам само тоа можам да си го дозволам... Иронично но вистинито.. незнам дали да сум среќна или тажна со тоа што имам заштеда и можам да си дозволам да посетам приватна болница, и прашање е дали ќе стасаат. Неможам да си поверувам... ама... тоа е ... the show must go on...
За болници мој совет е приватно. Да не си играш играчки, сепак за здравје се работи. Стисни заби колку и да чини, само барем ќе знаеш дека си во сигурни раце. Ремедика или Систина - таму сум била на прегледи и задоволна сум од услугата. Јас имам толку лошо искуство со државно, што и да немам пари ќе ги најдам, ама на државно не одам. Стварно ти посакувам со лесно - психички пред се. Само биди сигурна што правиш... Мноооогу сигурна. И ти и партнерот.
а кој доктор? зошто требало сама да си изберам. има некој што го препорачувате? пред се сакам пак да одам на консултации и преглед.