1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост после загуба на бебе

Дискусија во 'Бременост' започната од kikiritkaTa, 23 април 2020.

  1. kikiritkaTa

    kikiritkaTa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    354
    Девојки,
    Ве молам за совет, книга, искуства, било што, што ви помогнало да го пребродите стравот од следна бременост после загубата на бебе?
    Помина една година од мојот царски рез и сега собирам сила за бебче :angel:
    Може да посочете некој добар доктор што ви помогнал во бременоста?
    Во меѓувреме испаднав со амтифосфолипиден синдром и проблем со тироидната... Стравови, прашања, мисли... еден куп!
    Би ми било драго доколку некој сподели позитивно искуство! Ви благодарам:l:
     
  2. Keri

    Keri Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    Миличка, за мене знаеш, се осмелив многу брзо, после не цели 6 месеци...
    Јас едноставно бев водена од големата желба и карактерно сум таква, реков дека нема да се откажам никогаш.
    На мене и мм многу ни помогна водмувањето милениче, мачор имаме, ни го развесели секојдневието и некако двајцата се внесуваме во грижата околу него, интересно ни е.
    Кога го вдомивме си реков дека тоа мало чудо ќе ни донесе среќа и си го крстивме Lucky. И ете навистина излезе така...
    Еве ме 17 недела терам и фала му на Бога, сè е во ред. Стравот е присутен, пред секој преглед ми поминува по нешто неубаво во глава. После тоа што сме го доживеале мислам дека невозможно е целосно да се опуштиме.
    Колку далечно и невозможно ми изгледа сликата како влегува сестра и ми подава здраво и живо мое бебе! Додека не го доживеам тој миг нема да бидам целосно мирна.
    Немам искуство со твојот проблем, но моја препорака е да отидеш на повеќе мислења, сигурно си има соодветна терапија. На Гак за водење поспецифични случаи ги фалат Игор Самарџиски и Весна Ливринова. Во Систина сега ми ја препорачаа Гордана Петровска, не сум била сè уште кај неа, за еден месец планирам.
    Почни си со прегледи, верувај силно и знам дека не е далеку денот кога ќе ме израдуваш со убави вести. За сите стравови, лоши мисли, солзи, тука сум, заедно ќе ги пребродиме ;):hug:
     
    На ivance.., Idedemja, A.n.g.e.l.a.V и 8 други им се допаѓа ова.
  3. *Mila24*

    *Mila24* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    1.125
    Пол:
    Женски
    Zelbata I verbata se najgolemo poraka za da prodolzime ponatamu. Jas pred godina i Pet meseci se porodi carskino za zal bebeto mi pocina posle 5 casa. I morav da cekam barem godina dena I se sum resena za drugo bebe I za nova radost za sinko da mi bide bato. So lesno I gospod so site I so nas
     
    На *Milicka*, ivance.., Idedemja и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.102
    Допаѓања:
    17.742
    Пол:
    Женски
    Никогаш не помислував дека ќе дојде ред да пишувам во ваква тема, но ете и јас требало да ја осетам оваа болка иако никогаш нема да знам зошто.

    Помина еден месец од кога го загубив моето малечко во 33та недела од бременоста и станав уште една мајка на ангел... Касно дијагностицирана тешка срцева аномалија, фетоцид, индуциран пораѓај и многу голема траума...

    Ми беше прва бременост, зачната после година ипол обиди. Плачев и мислев дека е најболно нешто да не можеш да забремениш, ама сум се лажела...

    Сите тука за жал знаете како се осеќам. Тага, неизвесност и страв од иднината е се што чувствувам во моментов. Тука е и желбата за ново сонценце, можеби и поголема од претходно..не викам не. Ама многу се плашам...

    Прво се плашам дека пак ќе имам проблем да забременам, а после тоа дали ќе успеам да родам живо и здраво бебе. Не сум спремна за уште една загуба, нема да ја поднесам.

    Зелено светло за нови обиди имаме од Август. Аномалијата не е генетска и како што ни кажаа докторите шансите да се повтори се минимални, скоро еднакви на нула.

    Ми треба поддршка од вас што сте го минале ова. Совет како да се смирам барем малку.. Сакам да бидам позитивна, но на моменти се гушам и имам напади на тага, бес и лутина зошто баш јас и зошто баш на мене ова да ми се случи? Особено ми е тешко кога сум опкружена со бебиња, а сум... Кажете ми некој ваш пример, искуство, позитивна приказна.. да се фатам за неа и да одам напред... Многу сакам...
     
    На *Milicka*, ivance.., Idedemja и 22 други им се допаѓа ова.
  5. dipsidipsidipsi

    dipsidipsidipsi Популарен член

    Се зачлени на:
    4 април 2018
    Пораки:
    851
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Мила те следдв и во минатите теми и сум запознаена со твојот случај, да знам тешко е после толку многу обиди да го изгубиш нема моментална утеха, поминав кај мене беше во 26г.н со предвремен природен пораѓај пред 3 год и ден денес кога ќе дојди тој датум јас сум отсутна од светот...Но еве сум бремена 2пат се надевам на најдобро и да паника постои барем кај мене е карактетно иако сите ме советуваат дека нема да се случи истото, сепак стравот ми е голем. Од кога се деси тоа решивме со мм да се стабилизираме и 2цата дека не бевме спремни одма за друго иако имавмр одобрување од некои доктори одма од некои после 6м бидејќи сум се породила а не сум "чистена", но сепак паузиравме подолго време, па на мм му се врати како да кажам желбата по брзо од мене кас само одложував и покрај тоа што сум со полицистични мислејќи уште еден трнлив пат ме чека, и стравот и се па најдовме утеха како членката погоре вдомивме маче, не сум љубител голем ама многуу го засакав имав друштво дома нонстоп ме бев сама, до оваа есен, т.е минатава кога во октомври исчезна и нашето маче и ми беше криво да, посебно колешки од работа со кои бев на породилно заедно кога ќе ги видам децата и си викав сега и моето ќе беше толкаво...нема забправање на тоа никогаш, но верувај мора што побрзо да се препуштиш на животот бидејќи е 1 и е краток, сега ми е криво што толку време чекав скоро 3год а можев и порано но тоа е, знам дека и ти си со пцос и верувај и покрај помислата на минатото и шансите да останам природно пак ми беа 0, но јас за 1пол месец останав бремена...
    Така да мој совет што побрзо да се вратиш во нормала, како што си функципнирала претходно, со луѓе вмешана и ти и твојот сопруг, да не чекате да си продолжите по патот никако,НИКАКО назад вртење, со тоа само полошо е за вас..се ќе биде во ред не се оптеретувај со 300 мисли, така требало да биде затоа и ќе бидеме по цврсти во иднина. за што и да треба тука сум за разговор:hug:
     
    На *Milicka*, ivance.., Idedemja и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Trpkovska

    Trpkovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    1.578
    Пол:
    Женски
    Премногу ми беше жал и тешко кога прочитав низ што си поминала, ама да ти дадам пример. Јатрвата во првата бременост се беше ок, при крај д димерите и се качија многу и мораа да ја пораѓаат детето за жал не преживеа. После година ипол обиди пак остана ама со многу прегледи, контроли си износи здраво машко дете. Не губи надеж никогаш, после дожд секогаш иде сонце. Можам да замислам колку ти е тешко, ама борба за дете никогаш не престанува. Ти ја посакувам сета среќа на овој свет и да се оствариш во најубавата улога на светов - мајка:hug::l:
     
    На *Milicka*, ivance.., Idedemja и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.102
    Допаѓања:
    17.742
    Пол:
    Женски
  8. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.834
    Пол:
    Женски
    Многу позитивно од твоја страна е што сакаш да се оствариш како мајка и покрај се што помина:hug:.
    Тоа е многу битно да имаш желба. А и знаеш дека само така ке ја залечиш празнината.
    Тоа што еднаш се случи нека не те плаши дека повторно ке ти се деси.
    Ти цел живот во себе ке си имаш еден датум кој ке те потстува на тоа мило бебе кое за жал не било за тука .
    Но верувај ке имаш едно па уште едно па ке пишуваш како сите нас дека главата незнаеш каде ти е од грчеви неспиење и сл...
    Само одмори се физички и психички до месецот кога ке добиете зелено светло од доктор и со нови сили до посакуванот успех.
    Сигурно знаеш дека тука сите се бодриме:l:
     
    На ivance.., Idedemja, Fatalnata и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Vaga90*

    Vaga90* Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2018
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Те читам и ми се вратија сите слики назад, сите бодежи од иглите за направена амниоцентеза, фетоцид сеуште ги чуствувам и ден денес иако помина година и пол. Знам низ што се си поминала, време на одлука, милион прашања, индуциран пораѓај и се тоа што следува.Ти посакувам се најдобро и во најскоро време да си имаш друга бременост, стравот е голем но сепак за тоа живееме. Зборови за утеха нема златна моја, избегнувај глупи коментари, негативни луѓе. Дека е тешко, загушливо и дека боли ќе боли секогаш, само што со тек на време се учиш да живееш со болката, но ние сме мајки на ангели и сме најсилните суштества! :hug:
     
    На ivance.., Idedemja, thelittle17 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.102
    Допаѓања:
    17.742
    Пол:
    Женски
  11. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Немам лично искуство, ама на другарка.
    Она ја роди бебушката во 9ти нормално, без никој да ја примети аномалијата како кај тебе, поживеа 5 дена, не дочека ни операција.
    Мислеше дека нема да се опорави, ама па одма сакаше друго бебче, кога им дадоа зелено светло одма почнаа со пробување.
    Еве сега има синче 2 ипол години
    Не се откажувај , такви аномалии да се повторат тешко, не се откажувај.

    Ти посакувам што поскоро да си останеш бремена и се да биде како што треба.
    А ќе биде верувај! :hug:
     
    На ivance.., Idedemja, MilaSs12 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.102
    Допаѓања:
    17.742
    Пол:
    Женски
    :hug:
     
    На Idedemja, elimkd и jarec6 им се допаѓа ова.
  13. Keri

    Keri Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    Желбата да зачнеме нова надеж јас и мм ја имавме од истиот момент кога дознавме дека ангелот ни одлета. Во шок ама некако свесни бевме дека не можеме ништо да смениме и дека колку и да е тежок периодот што следи, ќе се бориме и ќе победиме.
    Исто и мене ми рекоа не е генетски, случај кај 1 во 5000 жени е. И после такво сознание си викаш, зарем толку ли сум грешела, зашто мене ова?!
    Единствено што сакав е времето да минува побрзо, а како за беља мене еден месец ми изгледаше цела година. Никој што лично го познавам не поминал низ ваква болка и не добив некои посебни насоки и совети. Ама за среќа постои форумов и многу ми помогна уште од првиот миг, сознанието дека не си сама, дека има и други кои минале низ таква судбина ми даде надеж дека ќе можам и јас.
    Така што одлично е што желбата за чедо ја имаш, ќе те води и ќе ти помогне. Верувај ми!

    Мој совет за барем малку да почнеш да си го разубавуваш секојдневието е да се посветиш на грижа околу нешто. Може тоа да биде грижа за самата тебе, вежбање, масажи, маникир, педикир или нешто што не си имала прилика да пробаш, сега е лето, па и некое патување убаво ќе ви дојде.
    Може да биде грижа околу цвеќе, уредување на дом или ете грижа околу милениче, што јас не верував, а изигра голема улога во надминување на мојата тага. Не дека чување, ранење, галење со мачор ми го замени бебето, ама ми направи трик на мозокот, посветеност на сосема непланирана, а слатка обврска, која одзема време.

    Јас бев царски и сите ме советуваа да почекам, ама не можевме и не сакавме да чекаме, не ни се губеше време, тврдоглаво и непромислено за можни ризици порано почнавме со обиди. И јас како тебе си викав којзнае кога пак ќе се фати. Мм само ме замоли да не се разочарувам на секој неуспешен обид. Си реков дека на секој неуспешен обид ќе одам и ќе си купувам нешто што сакам, парче облека или накит за да се почастам себе.
    Ама не дочекав да се почастам. Се фати од прв обид.

    Се мислев и јас неколку пати да ви пишам во темава, водење бременост после загуба не е ни малку лесна. Уште од гледањето на двете цртки ја немаш онаа чиста радост, цело време тука се меша стравот.
    Пред да отидам на првиот преглед, еден куп верзии имав во глава дека ќе ми кажат нешто неубаво. И секој нареден преглед е нов страв. Стомачето брзо почна да ми се познава, почнаа да стигаат честитки, а јас се уште несвесна за состојбата.
    Со мислите сум заглавена чекајќи да ми го донесат првото чедо. Тоа постојано ми се враќа, како лежам во соба, на цимерката и го носат бебето, моето го нема.
    И никогаш не го дочекав, а ми фалеше уште откако го извадија од мене, се осеќав ко да ми фали орган, душа, замислувам како го мирисам, бацувам, копнеев по него...
    Оваа бременост ја чувствувам како поврзана со претходната, со мала пауза од 5 месеци. И тоа допринесува да сум многу нетрпелива.
    Ангелот си посака сестричка, сега сум полна 26 недела. Фала му на Бога, сè е во ред. Поради неа стресот си го забранувам, дишам длабоко, пешачам секој ден и одбројувам, чекам, август, да си ја допрам среќата со раце, жива, здрава, расплакана.

    Ќе дојдеш и ти до оваа моја состојба побрзо отколку што можеш да замислиш. Времето е споро кога чекаме. Ама ќе видиш, веќе од наредниот месец некои нешта ќе бидат полесни и секој нареден месец ти похрабра.

    Август, те чекаме со раширени раце! :hug::f:
     
    На Sunrise!!!, *Milicka*, viva.la.vida и 35 други им се допаѓа ова.
  14. dipsidipsidipsi

    dipsidipsidipsi Популарен член

    Се зачлени на:
    4 април 2018
    Пораки:
    851
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Преубаво напишано:inlove::hug:
     
    На Idedemja, thelittle17 и Keri им се допаѓа ова.
  15. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.965
    Допаѓања:
    59.586
    Пол:
    Женски
    Подршка за Бела подршка за сите кој го поминале овој пекол.
    И јас се откажав од моето бебе во 26 недела,после упте еден спонтан и оосле 3 години го добивме синчето.
    Сега чекаме уште едно синче.
    Мој совет е да не брзате конслутација со специјалисти, за низа испитувања кој они ќе ве посочат.
    Ние правевме кариотип, генетски мутации и торч.

    Кога ќе се прочепка убаво студии може да се прочита дека секоја аномалиа може да се повтори затоа после наредна бременост редовно следење кај специјалист.
    Нашата аномалиа не беше генетска ама јасно си пишува дека се повторува.
    Но фала му на бога едно здраво право дете родив, кај другото до сега сее во ред нема никаква мана.
    Ама стресот е преголем.
     
    На *Milicka*, MilaSs12, MarijaMi90 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.102
    Допаѓања:
    17.742
    Пол:
    Женски
    Читам, плачам и ти се восхитувам на храброста и вољата да продолжиш напред. Јас стварно давам се од себе да не дозволам ситуацијата да ме надвладее. Изминатиов месец во себе најдов сила што не знаев дека постои, aма сепак треба време..

    Знам дека никогаш нема да добиеме одговор на прашањето зошто баш ние, затоа и престанувам полека да си го поставувам. Прифатив до негде дека така требало да биде и тоа ми било одредено да го преживеам..

    Многу ми недостига бебето.. Замижувам и си го замислувам.. со меки обравчиња, црна коса и очиња бадеми како на татко му.. Многу го сакам иако никогаш не го запознав.. Дел од душата ми се откина тој ден и никогаш нема да бидам како порано..

    Сега мислам дека само нова бременост ќе ме излечи.. Желбата и стравот ми се ептен измешани и знам дека е нормално.. Додека не дочекам живо и здраво бебе во раце знам дека ќе го имам овој немир..

    Фала ви на поддршката на сите.. :l: Свесна сум дека мора да продолжам напред и да верувам дека нешто убаво ме чека после оваа бура.
     
    На *Milicka*, IRBBB, ivance.. и 25 други им се допаѓа ова.
  17. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    7.691
    Пол:
    Женски
    Ајде вака....
    Цел ден правам пиши бриши и сум на два ума. Ќе пишам само заради тоа што знам колку осамено се чувствуваш и колку се гушиш од љубовта во тебе која нема на кој да ја дадеш.
    Пред неполни 7 месеци ја изгубивме ќеркичката во 35 недела. Механичка работа, замотана во папочна врвка. Природен пораѓај. Најголемата болка не беше пораѓајот туку моментот кога пред болница ме чекаше мм со солзи во очи а околу него имаше парада од балони, транспортери, цвеќиња...а јас искачам со празни раце. Со Таа слика, со тој момент ми стана јасно дека одиме дома сами во куќа полна со бебешки работа. Првите денови се правев силна само за да им дадам на другите сила, на маж ми, на моите родители кои го чекаа своето прво внуче и додека јас го раѓав мртво тие полни надеж купуваа коритце.
    Со многу поддршка од мм после недела дена плачење почнав да искачам, да движам бидејќи првично имав и многу болки во колковите и нозете. Ја оплакува иднината кој мислев дека никогаш нема да ја доживеам онака како што замислував. Па Почнав да готвам да се занимавам со домаќински работи. Е после почна периодот на он лајн шопинг. Партал. Некако ми даваше чувство на исчекување па ме исполнуваше и не ми префрлуваа. Таа траума мора да излезе некако. После два месеци се вратив на работа и тоа ми го окупираше паметот и беше веќе поинаку. После три месеци почнав со стандардни испитувања, брисеви пап и добив зелено светло за правење бебе. Матичниот на тој преглед ми рече ако си спремна правете бебе овие три дена.
    И иако сите после излегување од болница ми викаа дека веднаш ќе имаме бебе јас не верував бидејќи со првото година дена се обидувавме. Не сакав да си давам таква надеж бидејќи бев убедена дека јас ја немам таа среќа. Но....добив позитивен тест после нецели 4 месеци од загубата на првата среќа. Денот беше прекрасен но после следуваше недела дена паника, плачење, целосна недоверба во она што го носам во утробата. Ме фати језа бидејќи оваа бременост е 10 дена понапред од претходната и термините се тука некаде. И си реков каква е оваа заебанција, се плашев и се плашам од некаква реприза. На прегледи не сакам да гледам во екранот од ехото бидејќи сеуште ми е сликата пред очи на она матно ехо без движења. Шубе ми е да зборам за бременоста да не ме степан некој малер. 13 недела ја тераме.Одам на два гинеколога и тие викаат дека повторно нема да се случи такво нешто и дека ова бебе е перфектно. А мене во мозочето мало ѓаволче ми вика даааа ама и првото беше перфектно па што се случи.
    Има, има многу демони со кои се борам ама таква е борбата.
    Денеска е таков ден, те прочитав и плачам. Плачам зошто сум била ти но ги бришам солзите зошто знам дека и ти ќе бидеш јас.
    Рецептот како да ја исправиш главата сама ќе го најдеш, јас споделив мое искуство. Усвари не знам дали и сеуште сум кренала глава...но барем собирам сила за малото виножито во мене.
     
    На *Milicka*, Nina 2014, Butterfly1107 и 38 други им се допаѓа ова.
  18. dipsidipsidipsi

    dipsidipsidipsi Популарен член

    Се зачлени на:
    4 април 2018
    Пораки:
    851
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Да сите ние си го поставуваме тоа прашање зошто баш нас зошто баш ние.. но сето ова не прави посилни. Како што пиша членката погоре чекаш во соба на цимерката и го носат, а останувам со празно креветче, јас го запознав моеето бебр иако прерано родено иако толку малецко 2 дена беше во инкубатор, цело беше на татко му ништо на мене. Ден денес ми се вртат слики во глава од пораѓајот, од бебето како е поврзано на 300апарати а шансите за живот 0,0, јас под 300 лекарства додека бев на болница како ништо да не се десило, денот кога ми соопштија смрт иако се очекуваше мене светот ми се сруши, се прегрнавме со мм силно и си заминавме со празни раце. Најмногу останав на нозе заради него, иако маж испадна по слаб од мене му попиштија и нерви и се стигна до антидеприсиви, си го ставив прстот на глава и си реков биди јака за ова сето да продолжи во најдобар ред. И пак ќе кажам ми е криво што чекав скоро 3 години за ново бебе а можев порано да си ги излечам дел од раните да се потполни празнината, но што е тука е се молам ма Господ да истуркаме до крај сега. Најдобронамерен соврт повторно не чекај, и бегај од негативни луѓе не комуницирај ако треба исфрли ги од животот, оти ќе има секогаш кој да те праша до кај сте што чекате сакаме внуче итн, ама сега тие луѓе си го знаат местото, наместо утеха тие чекор назад правеа. Таквите бриши ги слободно, негативни. Немам зборови за таквите не сакам да навредувам.
    Не се откажувај чекај зелено светло и стартувајте, зад дождот и темните облаци има секогаш сонце!
     
    На IRBBB, ivance.., Idedemja и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    6.102
    Допаѓања:
    17.742
    Пол:
    Женски
    Комплетно се пронаоѓам во приказната. Во исто време до мене во салата жена се пораѓа и слушам плач на бебе, а јас само што го родив моето мртво. Дојде маж ми да ме земе, кутар се труди да се смее да ме расположи, а очите му плачат без солзи.. Чекам лифт во количка како инвалид, а можев да одам ама нели протокол.. а до мене пар со бебенце во транспортер. Ако некогаш сакав да умрам тоа беше тогаш. Никаква смисла немаше животот за мене во тие моменти...
    Тие слики веројатно никогаш нема да ми излезат од глава и ќе бидат врежани длабоко засекогаш..

    Ти благодарам што собра храброст да ја споделиш со мене твојата приказна. Ти посакувам оваа бременост да ја поминеш што е можно со помалку стравови и да го гушнеш бебенцето што ти било одредено наскоро.. Јас лани во Септември останав бремена.. а сега со обиди смееме да почнеме во Август.. не знам како ќе биде.. ама мислам дека многу слично како тебе ќе се осеќам...

    Мора да сме силни, тоа е.. Колку и да звучи како клише.. животот дава тешки борби само на тие што можат да издржат. :l:
     
    На IRBBB, ivance.., Idedemja и 9 други им се допаѓа ова.
  20. kikiritkaTa

    kikiritkaTa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    354
    Многу ми е жал, премногу, најмногу кога видов известувања во групава!!!
    Со повеќето од вас веќе сме пишувале за овие наши болки, но ќе речам @Keri ти си за мене херојот на фемина, секогаш кога се сомневам во себе, помислувам на твоите зборови и си давам сила!

    Од сабајле ве читам, плачам и си велам како можеше толку тага едно мајчино срце да поднесе!
    Мојата приказна е прва во оваа тема, ја отворив истата за да пробам да најдам утеха, мир, било што со вас девојки! И после година и два месеци, кога мојата најмила ќерка, мојата љубов ја изгубив. Навидум нормална бременост што заврши со хорор во 30 г.н.
    Јас времето го делам пред и после 16.03.2020...

    @Bella_Stella Драга, нема доволно зборови што можат да се кажат! Ќе најдеш сила што не си знаела дека ја носиш во себе. Јас многу често кога сум тажна и плачам, ќе станам и пред огледало го кажувам нејзиното име и си велам: знам дека не сакаш да ме гледаш тажна од небото, ангелу мој. Мама секогаш ќе те сака и ги бришам солзите и излегувам. Секој сам ќе го најде начинот како може најдобро да ја поднесе тагата.

    Ме болат сеуште погледите на луѓето, ме плашат средбите со бремените пријателки, со бебињата што ќе и беа врсници и се проколнувам себе што толку ми смета се, но, пуста тага, никогаш не си замина...

    Сега собирам сила да почнеме со обиди, страв, паника, некогаш чувствувам како да ќе полудам од сите мисли....

    Ви ја праќам најголемата љубов до сите вас, хероини, овде сум за поддршка во секое време!! :l::l::l:
     
    На IRBBB, ivance.., Idedemja и 10 други им се допаѓа ова.