Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост после загуба на бебе

Дискусија во 'Бременост' започната од kikiritkaTa, 23 април 2020.

  1. *Milicka*

    *Milicka* Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.760
    Пол:
    Женски
    Не знам во која тема да пишам... Барам некој со слична ситуација ко мојата да ми каже искуство ... Трета бременост ( првата спонтан во 8ма недела имало плус хромозоми, второ родено живо здраво бебе) сега се во ред се до 12та недела. Сите резултати супер јас направив и д димери и хемостаза се беше во нормала... Ме гледаа во 11та недела и се беше во ред цело бебе формирано беше понапред за неколку дена .. после 5 дена на прв скрининг во 12 та недела наеднаш нема срцева акција.. Објаснувањето беше сигурно нешто не било во ред со плодот, но стигнаа резултатите дека бебето било здраво... Кај мене направени сите испитувања се е во ред... Некој искуство од што може да прекине срцето на бебето а да не е поврзано со високи д д имери?? Страв ми е и да помислам на следна бременост, до сега си мислев ако поминат критичните недели дека можеш да се опуштиш ама не било така...
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Arababy

    Arababy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2021
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    2.022
    Пол:
    Женски
    Нема критични недели!!! Мене за жал истото ова ми се случи но во 27 недела. Мене ми беше прва бременост после тоа имав 2 бремености и 2 прекрасни дечиња господ ми подари.
     
    На MinnieM, *Milicka*, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.241
    Пол:
    Женски
    Кога ќе прочитам ваква позитивна приказна, после загуба , ми дава надеш дека ќе успеам. Јас моите близначиња ги изгубив во 18 недела. Таман си реков ги поминав првите месеци, ми се случи најлошото.
     
    На *Milicka* и Arababy им се допаѓа ова.
  4. Arababy

    Arababy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2021
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    2.022
    Пол:
    Женски
    :muscle:(y):*
     
  5. Donna.Italiana

    Donna.Italiana Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Со денови ја отварам темава и никако да соберам сила да пишам.
    Забременив со инвитро. Бев пресреќна.....за Велигден ми прсна водењакот во 23 недела и ми кажаа дека нема никакви шанси. Го родов и ме пуштија истиот ден дома без бебе.....Луѓе мои,целиот свет ми е празен тесен сив како ја ова да го преживеам?Секакви мисли ми се мотаат низ глава,во главно негативни сценарија....
     
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.760
    Допаѓања:
    23.373
    Пол:
    Женски
    :hug: :hug: :hug:
     
    На Donna.Italiana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Starchild

    Starchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2016
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    1.777
    Пол:
    Женски
    Те гушкам :hug: :(
     
    На Donna.Italiana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kikiritkaTa

    kikiritkaTa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    354
    Многу ми е жал за твојата загуба. Нема зборови кои можат да го опишат тоа чувство, на празнина, болка, лутина, еден цел микс емоции.
    Јас го поминав тоа пред 3 години, од мене е и креирана темава, барајќи си утеха како понатаму...
    После 3 години, сега сум повторно бремена, само овој пат со многу страв, се немам израдувано, испитувања, прашања, доктори, терапии... Мислам дека си го скратив животот од нервози, плачење и затварање во себе.
    Како резултат на тоа, тироидната ја уништив и примам терапија, од стрес имав воспаление на дебелото црево, косата ми паѓаше ненормално, имунитетот нула, секој месец бев болна.
    Во меѓувреме имав и вонматерична.
    Е, кога одлучив дека е доста, дека и јас имам еден живот, дека не можам да бидам жртва на својата судбина, почнав интензивно медитации, прифаќање на минатото и опуштање на се што било, останав бремена.
    Сега се молам на Господ да не чува до крај.
    Мој искрен совет: земи си време да исплачеш и истагуваш, но не предолго. Ништо нема да смениш, а ти можеш да пропаднеш. Сите имаме еден живот, колку и да звучи сурово, треба да гледаш и за себеси.
    Силна си, само треба да ја најдеш силата со себе и да продолжиш напред. Доколку си во можност, посети психолог.:hug::hug::hug:
     
    На Keri, Freckles., anggell и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Arababy

    Arababy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2021
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    2.022
    Пол:
    Женски
    Главата горе!!!знам дека е тешко и претешко е !! Само на бебето мислиш! Совршено те разбирам.и јас имам пишувано за загуба на бебе во 27 недела од бременост.и мене ми се мотаа секакви мисли и не можев без бебето да живеам.и јас бев со ивф.и ден денес кога ке помислам истата болка е.но јас не се предадов.реков дека ќе си имам дечиња на кои ке се радувам.не дозволив повеќе никој да ме сожалува оти со години бев без дете.кренав глава еден ден и решив да се борам.и господ ме дарува со 2 дечиња и пресреќна сум.
    Тешко е сега.мислите не ти се средени и си многу ранлива.
    Но верувај дека еден ден ќе биде и тој ден кога ќе собериш сила и пак ке се бориш и ќе се избориш.
    Не си сама!!!
     
    На Freckles., Bella_Stella, kikiritkaTa и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Donna.Italiana

    Donna.Italiana Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Колку време чекаше до втората бременост и дали пак беше инвитро? Се плашам зашто скоро 38 години ќе наполнам и немам време за чекање
     
    На Мајша му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Arababy

    Arababy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2021
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    2.022
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам искрено.
    После загубата на бебето ми открија хипо хашимото на тироидната и мораше да ја доведам до нормални граници за нормална бременост.јас тогаш имав 30 години.многу паднав психички и после 2 години имав уште 3 замрзнати ембриони и решивме да ги искористиме оти пробувавме и природно да останам бремена но не можев.и останав бремена со ќерќе на 33 ја родив,а синче на 38 го родив исто со замрзнат ембрион!
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Arababy

    Arababy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2021
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    2.022
    Пол:
    Женски
    Слободно пиши ми и лп за што и да ти треба.
     
    На Donna.Italiana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.060
    Допаѓања:
    20.000
    Пол:
    Женски
    За жал не има многу тука што те разбираме и сме поминале низ таква загуба. Нема зборови што ќе те утешат сега.. Мораш да тагуваш, мораш да го поминеш тој процес. Ќе биде долг, исцрпувачки и ќе ти се чини дека никогаш нема да заврши.. И нема, ќе тагуваш цел живот по детето што не ти дошло во прегратки, ама болката ќе стивнува поради желбата за нова бременост, барем кај мене беше така..тоа ме одржа во живот.

    Моето бебе го изгубив во 33та недела, пред скоро две години. Првите недели и месеци се пекол, таква болка и тага ни на душман не се посакува. Ќе се прашуваш зошто баш мене, ќе се обвинуваш, ќе си замислуваш како ли ќе изгледаше и се така во круг. Одговор нема да најдеш, зошто нема. Едноставно одредено ни било да го чекориме овој пат и што поскоро прифатиш толку подобра ќе биде иднината.

    Не ја потиснувај болката, плачи, барем малку олеснува во моментот. Само немој предолго. Исправи се што поскоро и тргни по патот до твојата успешна и среќна приказна. Колку и да ти се чини сега тоа далечно, верувај ми не е.
    Ова ти го пишувам држејки го мојот син од цели 11 дена во раце. Моето виножито, мојата нова причина да живеам. Дај Боже и ти да си го дочекаш твоето што побрзо. ❤️
     
    На Ceneva, Keri, MinnieM и 21 други им се допаѓа ова.
  14. *Milicka*

    *Milicka* Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.760
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал... Немам зборови за утеха... Да ти кажам дека тука сите сме изгубиле бебиња џабе.... Боли, корне, неможеш да се насмееш ко човек. И нема да прекине никогаш. Но во моментот кога друг живот ќе се створи во тебе полесно е ... Полесно е дека знаеш дека твоето виножито бебе ќе ти ги наполни рацете. Кога бев трудна со ќерка ми после првиот спонтан само си викав ова бебе ќе го родам, и така и беше. Лани пак срцето скршено таман кога се опуштив. После 12та недела срцето на мојата друга ќеркичка прекина.... И со месеци бев хаос... Депресивна, уништена со сменет израз на лице колку и да се трудев... Сега повторно сум трудна скоро 14та недела, но стравот ме уништува.... Еден совет само, направи ги сите испитувања ама баш се. Не се ослонувај само на доктори туку читај по форумот. Јас иако одев во приватна болница таму ми рекоа да се помирам дека едноставно така требало да биде, дека имам родено веќе едно живо дете и дека сите испитувања се излишни. Јас не застанав тука. Направив и генетски испитувања и испадна дека сум со мутации па сега од прв тест за бременост сум покриена со клексани. Тогаш и покрај уредните резултати, и прегледи во ред и д димери и хемостаза сепак тромб се откачил и го убил бебето... Па сега со господ напред се надевам дека ова бебе ќе го држам во раце во октомври.
    Ти посакувам сила, храброст, и многу среќа. Главата горе, полошо од сега нема да се осеќаш. Никогаш нема да го заборавиш ова бебе цел живот ќе биде дел од тебе, ама во моментот кога ќе си го фатиш твоето виножито бебе во раце животот ќе ти добие друга смисла. Не се секирај за годините, имаш време. Колешка моја завчера се породи природно на 42 год.
    Со лесно мила те гушкам :l:
     
    Последна измена: 22 април 2023
    На Keri, MinnieM, Brpbrp и 4 други им се допаѓа ова.
  15. *Milicka*

    *Milicka* Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2016
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.760
    Пол:
    Женски
    @Donna.Italiana и уште ова дај си време да тагуваш колку и да ти треба. И психолог ако можеш посети.. Јас 6 месеци пред спиење кога се туширав липав плачев под туш, да не ме гледаат ќерка ми и маж ми... Едноставно си дадов време да тагувам. Ми требаше тоа, не сакав да потиснувам. И кога бев спремна, по совет од психологот земав еден балон и го напишав името на ќеркичката ( како што сакав да се вика). Крај на декември во најголемиот студ јас по пижами излезена на тераса на полноќ додека сите спиеја. Си ја пуштив fix me od coldplay ( стихот When you lose someone you cannot replace...)
    и по 45 мин плачење и реков чао малечка и го пуштив балонот .... Тоа ми беше збогувањето.... После наредниот месец сум затруднела пак.... Ти посакувам побрзо опоравување и што побрзо да се израдуваш :l:
     
    На TarantulaA, Keri, viva.la.vida и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Mari90

    Mari90 Нов член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2024
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, нова сум на форумов и не знам колку е активна темата или колку ова што ќе го напишам е за тука ама би била благодарна доколку некоја имала слично искуство да сподели и да даде некој совет. Во рок од неполна година имав еден миссед абортус во 8ма недела поради неоткриена генетска тромбофилија и хиперкоагуабилна состојба која ја открив благодарение на Др. Дракулевски од Систина кај кого правев киретажа и се помина во најдобар ред. После месеци испитувања и голготи и консултации со трансфузиолог и одредена дијагноза останав бремена каде примав и клексани и метилирана фолна и се беше во најдобар ред, се до моментот на генетските испитувања на плодот. Правев Нифти Моно и Нифти Про во Гинекаликс каде Нифти Про беше со добри резултати, но Нифти Моно покажа моногенетеска мутација кај плодот која се потврди со амниоцентеза и најверојатно е де ново мутација бидејќи ние не сме носители, што значи грешка во ДНК-та на самиот плод. Сега ми следи најтешката одлука додека сум се уште во шок бидејќи не сакам да родам дете со аномалии кое ќе има живот во болници и ненормален развој. Утре ми закажаа во Систина за прекин на бременоста, но ми сугерираа и да се направи испитување во Ману. Ќе разговарам со генетичарката од таму подетално секако за ова, но би сакала да знам доколку некоја од вас која се справила со оваква загуба дали праќала примероци во Ману и знае како се одвива процесот. Би сакала секако да слушнам и позитивни искуства од Ваша страна после вакви загуби, бидејќи знам дека не сум единставена и би ми значело д слушнам дека постои можност за здрава бременост после овие трауми и солзи. Ви благодарам.