Јас се породив со царски пред 7ипол месеци, ослабев 10кг без диети, прпблемот ми е што мешето сеуште не ми се собира, т. Е ми висе, тетка ми мо има кажано дека на некои и останувало така, ама мислам дека е премногу, дали има некој со сл искуство или да се тешам дека енос ке ми се собере
Мидер си носиш? Кожата мислам не се собира, ако е кожа само... другарка имам по близнаци (ги носеше до крај), па стомакот доста и порасна.. и кожа и има останато и дури ми има кажано дека сака пластична да направи. Поминато и е 1ипол год и сеуште има кожа, а и вежба плус. А ти и многу нагло имаш ослабено за кратко време, мора и вежби плус... Јас немам вака, мене скроз ми се собра за брзо време, а двечки родив за рок од 3г... (првото природно, второто царски).
Мене ми се собра целосно ко ослабев, немав ни кожа, дури послаб ми беше од пред да останам бремена (сега сум пак поправена). А имав доста накачено за време на бременост, 22 кг. После 6 месеци е дозволено да се вежба, па можеш некои лесни вежби за стомак, колку што можеш. И мидер пробај, со тек на време би требало да се повлечи. Кај некои жени не се повлекува целосно, сите сме различни. Мене не ми ни испука кожата на стомак, а огромен ми беше, ама затоа на бутови еден куп стрии и најтешко ми слабејат. Жени..
Овааш е само кожа ми виси, во бременоста бев преголема во мешето, братучетка ми што беше со близнаци бремена немаше толку големо меше напред, а и детето ми беше големо 4кг. Мидер не сум носела никогаш имам пробано ама ми ствара нервоза не сум навикната да сум стегнана, ке пробам со вежби можеби ке се повлече
Нема врска големината на бебињата мислам... јас мидер одма носев и по двете бремености, вежби не баш.. онака по малку кога ке ми текне вежам. Првото 4400 ми е родено, второто 3800, а кожа ни грам не ми остана, ваљда таква ми е кожата... поудобен е како гаќи тој мидер, таков земи си, имам и како пантолончиња ама многу е неудобен...
Здраво мамичкии, за 14 дена со бебушка ќе правиме 10 месеци , со докторката правев муабет за друго бебе и ми вели по две три години,а мене не ми се чека..Дали и вас ви велеа да чекате толку долго или останавте бремени по 9 - 10 месеци после породувањето и дали поминавте без ризик дека многу рано како што кажуваат докторите?
Сѐ е индивидуално. Генерална препорака што ја добиваме сите после царски е да се причека 2 години пред да се оптеретува матката со повторна бременост. Но, мора да разговараш конкретно за твојот случај. Има многу жени кои останале бремени и после 6 месеци, па поминале супер (секако, морале и второто со царски да го родат), а има и случаи каде што и после подолг период при породување раната се отворила од контракции па пак завршиле на царски. Значи сѐ е индивидуално - како те сошиле, како закрепнува твојот организам - секоја од нас е различна. Затоа мораш да разговараш со доктор конкретно за твојот случај - да си кажеш кога би сакала следна бременост, и на база на преглед да те информира што тоа би значело конкретно за тебе.
I jas se porodiv pred 7 ipol meseci so carski, stomakot mi e malku pomal od tvojot no jas i taka sum sitna po gradba. Inaku ova mi e vtor carski a vi prviot mi trebase godina ipol za celosno da mi se povlece stomakot.
знам многи жени кои се породиле со царски а после година пак по втор пат родиле. Па никому ништо. Според дотори исто не се препорачува втора бременост после 6 год од царски па еве јас после 6 годино сум со второ
знам. Ама во денешно време да не речам околу 70% од луѓево околу мене се со така дечиња со поголема разлика. 4-5-6 години
Како не се препорачува втора бременост после 6 години од царски рез? Првпат слушам. Препорачаниот минимум после кој може да има втора бременост е две години. А ако останеш трудна после 6 години од царски, можно е да пробаат и природно да те породат. Мене пробаа со провокација да ме породат природно, ама не се отворив воопшто, исто како првиот пат. Затоа завршив на царски. Има мајки кои родиле прво со царски, второ природно.
Секогаш би ги слушала докторите. Ние добивме дозвола по 11 месеци, фати одма второто. Пред да пробаме да забременам, бев на контрола кај матична и кај докторот кој ме пораѓаше со првото, брисеви и пап па се фативме за работа.
Моја прва братучетка, породена е пред 4 години царски со првото, пред еден месец роди второ по природен пат. Многу брз и лесен пораѓај имаше. Пооддамна ти е мислењево, ама искуство плус не е на одмет
Секој случај е различен и најубаво доктор да каже. Мене мојата докторка ми кажа до 2020 јануари месец да не ми текнело за бременост а она препорачува 2-3 години да паузирам заради мојот случај. Ако се решам на уште едно секако.
епа мене ми рекоа за втора бременост дека после прв царски најдобро е после 2-3 години порано е ризично а покасно веќе е лузната зацврстена така да потешко е за сечење. А исто има случаи каде после прв царски втор природно после така 3-4 години.
Јас познавам 2 случаеви каде што после царски останаа бремени на годинката дете кога правеше и се породиа на година и 8-9месеци. Се е во ред ама ги водеа како ризични бидејќи може да испука раната или матката и за сигурност одеа да се породат во Систина, нормално пак со царски. Не е препорачливо, но може пак брзо да се остане.
Пријателка, не многу блиска, по грешка остана трудна после 3ти месец од царски. Ја водат како патолошка и ризична бременост, и нема да чекаат термин за пораѓање, туку порано ќе ја породат, нормално со царски пак. Ја надгледуваат често, и пазат да не испука рана. Е сега не е паметно ова, ама еве сега е 5ти месец и добро иде. Се надевам дека со крај ќе биде ок. Ипак најдобро е да се почека барем година.
@Martina T мене др.ми одобри по 6 месеци. Не го прашав сам ми кажа на првиот преглед. Сеа зависи од случај до случај. најдобро е консултација @AngelOfArh другарка моја прво царски, за 3 години второ природно Пак зависи.