Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост после царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од kasijana05, 4 март 2019.

  1. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Во Гак и во Чаир не се носи облека, може влажни и влошки се носат ама спавача и облека за бебе на пример, не. Инаку со царски секоја визита ја проверуваат влошката за да се види крварењето, така што пак ќе кажам дека пижами не би биле практични, бар за мене
     
    На АнеАце и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  2. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Фала ти мила за добронамерниот совет, ама не сум од Скопје. Кај нас им велат спавача или пижами на трудниците да си носат. Само за во мојот случај си прашав што е подобро.
     
    На Autumn_ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Ете не знаев дека може да е толку различно од болница до болница, како и да одлучиш со лесно!
     
    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.467
    Секакви има. Фала ти мила.
     
    На Autumn_ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.760
    Допаѓања:
    23.373
    Пол:
    Женски
    Цимерката со мене што беше иста година родени, јас и таа 89та, мене прв пораѓај царски, неа 4врт царски (fingers) ова Битола на болница, докторите одвај се нафатија да ја породат, сакаа Скопје да ја пратат (ама изгледа пари му дадоа) и ја направија царски и при тоа и ги подврзаа јајниците за да не раѓа повеќе :)
     
    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    14.426
    Пол:
    Женски
    така е. Јас ко се породив пред 6 год.имаше една жена каде тоа и беше четврт пораѓај со царски и и ги врзаа јајниците зашто не смееше никаква бременост повеќе ни природно ни со царски а мажот скрена кога чу дека и четвртото дете е женско и се закани дека ќе раѓа додека не роди машко. Хаос беше.
     
    На lackygirl, Autumn_ и Makedonka007 им се допаѓа ова.
  7. ifv

    ifv Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    207
    Бременост после царски рез и ивф која била првата? Искуство некоја? После колку време? (Машки фактор)
     
  8. Baby boo

    Baby boo Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2018
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски


    И мене ме интересира, после ивф, царски пораѓај, кога може следна бременост???
     
  9. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.515
    Пол:
    Женски
    Инф нема врска дека си.
    После царски една година минимум пауза па после планирање на следна бременост.
    Не дека не останувале трудни до една година ама ризични се водат.
     
    На ifv и Baby boo им се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.931
    Допаѓања:
    123.471
    Мене ми рече по 6 месеци.
     
    На ifv и Baby boo им се допаѓа ова.
  11. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Ubavo e da pominat najmalku 6m za matkata da se vrati vo normala i se ostanato. Ama jas imam prijatelka sto zabremeni i na 3m po carski rez i vtoroto go rodi na ista data sl godina. E sega kolku e pokratok periodot e porizicna bremenosta, zatoa ako e slucajno aj ako ne barem nekoj mesec pocekajte da ne si pravite glavobolki bespotrebno:sun:
     
    На ifv му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Дали ако останам бремена после 6 месеци од царски можам да одам на работа или морам патолошка бременост? Со оглед на тоа дека работам физичка работа во која 8ч стојам на нозе. Иакуство некоја?
     
  13. Lady95

    Lady95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Mislam deka ke ti ja vodat kako patoloshka bremenosta
     
  14. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Дали има некоја што се породила после 6месеци со царски и повторно е бремена? Дали познавате некој. Како завршиле тие бремености, дали се било во ред?
     
    На babyboy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.647
    Допаѓања:
    138.748

    Ќе ти пишат и овде, но побарај на Женски домаќински муабети, побарај мислења имаа пишано мајки што се породиле за брзо. Имаше доста такви примери.
    Со лесно:hug:
     
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Тие само мајтап гледаат. Не сум член веќе 2 години и не ми се влегува во групата. Фала ти.
     
  17. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.647
    Допаѓања:
    138.748
    Да, знам дека има такви. Мислев да напишеш на лупата, да пребараш мислења без да поставуваш прашање.
    Ако не, овде веројатно ќе добиеш одговори. Поздрав
     
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски

    Јас сум бремена после 9 месеци. Разлика ке ми бидат 18 месеци.
    Прво ке видат плодот каде е поставен. Доколку е под резот од матката нема да има проблем гледаат да не биде ептен блиску до резот за да не настане проблем односно да не се отвори резот внатрешно затоа што не е поминат подолг период.
    До сега немам никаков проблем а сум 7ми месец
     
    На Маумац, Martka, Autumn_ и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.606
    Пол:
    Женски
    Има за честитање? :)

    Многу од македонските групи не следам, но сум член на германска група за мајки кои сакаат вагинално да се породат после царски рез (значи сите во групата се трудници кои претходното дете го родиле со царски) и можам да ти кажам дека меѓу нив има многу кои останале набрзо бремени и имале позитивен исход. Дури и природно се породиле успешно.
     
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Има душо.. ама уплашена сум до бесвест... Само едно знам, дека не сакам да абортирам,иако несакајќи се случи. Гинекологот ме советува дека е многу брзо, и за да не дојде до пукање на матката најдобро е абортус, ризично е матката да не се распука.. Мене срце ми се ќине.. Не сакам... А ми се врти во глава што ако се случи тоа после 5,6месец и го изгубам бебето... Не можам.. Се мислам дали да закажам преглед во Чаир, кај Исмаил или Ремедика и Систина,за друго мислење... Поточно таму да ја продолжам бременоста... Ќерка ми нон стоп ми е во раце а не смеам ништо тешко да дигам поради внатрешните рани.. Па кроиме планови кој да дојде да ни помага, или да најдеме некоја жена или девојче да биде со мене.. Паднав у депресија, и плачам цело време.. Може непланирано беше.. ама не ми се пушта тек така оваа душа што ја носам во мене.. А се израдував на двете цртички исто како првиот пат, добро малце бев во шок, ама ми се стопли срцето.. Леле ти се исповедав, те замарам со мои проблеми..