Оди кај Гордана во Систина. Мене само она ми се нафати за таков ризик. Сегде бев одбиена. Види што ќе ти каже. Исмаили ми викаше и по 5 царски сум правел битна е каква е матката да ја видам. И кај Кочоски бев на ГАК, ама со целава ситуација со корона останав кај Гордана во Систина. Со среќа што и да одлучиш мила.
Барај мислење во приватниве. Јас сум во ремедика. Син ми има 10 и пол килограми и ми е во раце поголем дел од денот. Сама си хи обавувам сите обврски. Но,со дозвола од гинеколог кој ми ја знае ситуацијата. Немој сама да одлучуваш.
ич без гајле многу има жени кои после царски се породиле природно. Раната целосно заздравува за околу 6 месеци. Јас на 4 месеци после пораѓај кога бев на контрола ми рече докторот дека супер е зрастена внатрешно немој. Абортус е поризично. При киретажа од кај знаеш внатре како ќе гребат. На слепо е.
Најдобро консултирај се и со друг доктор, меѓутоа пукањето на матка мислам дека претставува опасност и за тебе не само за бебето.
Апсолутно не е точно. Бременост после царски е ризична. Посебно ако нема 2 години по првиот царски. Матката може да е супер ама празна. Кога има плод се шири, а дали ке има пукање никој не знае. Ниту еден доктор не може да гарантира дека се ке биде во ред. Доктори препорачуваат после 2 години од царски да се забремени. Не дека секогаш се случуваат лоши рработи ама докторот мора да ги каже ризиците.
Не си во право. Раната заздравува од 3 до 6 месеци. Се согласувам дека би било подобро да помине нешто повеќе време. Но ако забремени жена порано и сака да го зачува плодот докторот нема апсолутно право да ја паничи и да ѝ кажува дека треба абортус. Ако сака да го роди, да, ќе треба може повеќе внимание околу прегледи. И проблеми со раната (иако и тоа е ретко) се случуваат при контракции на породување. А не при ширење на матката. Ширењето не се случува преку ноќ. Оди постепено. Проблем се контракциите ако се инсистира на VBAC. Тогаш се случуваат руптури. Статистички - проблеми со пукање на раната има и кај жени кај кои поминале и повеќе години од царскиот. А мноооогу жени забремениле набрзо и немале никакви проблеми. Повеќето од нив се породиле и природно. Значи нема правила, секоја жена си е посебна. Ова е ко на секоја дебела жена што ѝ викаат дека мора да ослабе за да има нормална бременост оти или ќе има гестациски дијабет, или прееклампсија.
Ќе ти ја пратам во приватна порака. Имаат малку строги правила за влез. Пиши ми - не можам јас да ти пишам.
Точно е дека раната заздравува за тој период. Точно е дека многу жени немале никаков проблем ама има жени кои имале. Точно е и дека доктор не би смеел да ја паничи пациентката. Ама ризик има, голем ризик и докторот мора да каже. Мене двајца доктори ми кажаа така.
Ризик има. Ама ризик има и кај било која бременост. Како што реков, има многу жени кои без никаков проблем го поминале ова, и поголем е нивниот процент. А има жени кај кои и после препорачаните 2 години од царски раната пука. Значи секоја жена е своја приказна. Но она што сакав да го кажам е дека ако си трудна во ваква ситуација, никој не смее да ти рече да абортираш само на база на некој мал процент ризик ако сакаш да го родиш. За такво нешто во Германија би го пријавиле докторот во комората. И чисто како инфо - сите одговори што беа во групата беа од жени кои останале бремени од 3 до 9 месеци после царски. Повеќето од нив се породиле природно. Повеќето се останати бремени после втор царски, и раѓаат природно. Една е бремена во моментот после трет царски. И од сите приказни за прснатини на матката се на самиот чин на породување. Каде ги детектираат на ЦТГ и прават царски. Со оглед на тоа што во МК најчесто важи правилото "еднаш царски - секогаш царски" (со мали исклучоци) сигурно нема да се чека на контракции. А тоа колку доктори што кажале.. друг муабет е. Толку научив да сум скептик на муабети од доктори, тоа чудо едно.
Точно е дека доктор не смее да каже абортус по секоја цена. Должност му е да ги каже ризиците. Кај нас мислам дека нема доктор кој се нафаќа да породи жена природно брзо после царски. Најголем дел ни по неколку години не се нафаќаат. Колкав е процентот не знам. Јас лично и при најмал процент не би ризикувала. Не се споредува килажа со бременост неколку месеци по абортус.
@Starlič после прв царски докторот ми рече оптимално е да помине 1година, заради мојата историја ми рече да не чекам многу, ама дека треба да поминат минимум 2 години не, а и познавам други што исто околу година повторно забременија, неблагорадно е да те советувам зашто сепак кај тебе се 6 месеци, ама би ти препорачала да се консултораш со некој баш искусен доктор од приватниве болници. Кога би напреднала бременоста ќе можат точно да видат каде е постелката и тогаш да предвидат како би се одвивало се, колку ризик постои. Многу среќа ти посакувам, во исто време бевме бремени те памтам од труднички муабети
тоа теоретски е точно ама во пракса има мал милион примери дека може и порано од 2 години да се забремени и роди.
Јас се породив на клиника, не во приватните, и имав супер докторка, верувам повеќето дека ја знаете. Кога се слушнавме 2 месеци по пораѓај ја прашав кога може следно. Инаку и јас сум царски. Одговорот и беше, цитирам: "Нека ти направи детето една година, а и да останеш пред тоа, луѓе сме ќе гледаме да истераме се како што треба". @Starlič немај грижи, побарај и друго мислење. Ќе биде се во ред
Значи и кај мене после 3 години од царски сепак постои мал ризик? Додека останам бремена ќе бидат 4-5-6 години од царски. Ако пукне раната за време на пораѓај што се прави? Колку сум само неинформирана, не сум знаела дека може да пукне раната.
Сте се распишувале, сега видов. Мене докторката повеќе ми велеше рано е, нема кој да ти помага, а и ризично е бидејќи е рано. Самата матка може а и не мора да значи дека ќе пукне. Не ми рече побарај второ мислење, ќе збориме со други доктори, туку веднаш рече абортус, ако сакаш докторот уште утре ќе ти ја среди работата (маж и).. Се насмеав, и реков дека не ми е проблем за чување, туку дали е ризик за породување, ако мислите дека треба да абортирам, дека не е добро, ок.. Без разлика на се не би го направила тоа.. Кога излегов на маж ми му реков, идеме на второ мислење.. После муабетите со една членка што ептен ми помогна, психички, и уште неколку што ме бодреа,се подзамислив, не знам како можев да бидам малоумна што само стоев и ќутев наместо да се распукам на докторката... Што не и реков ништо.. @eli.karameli Закажав на преглед во Систина, на 4ти, кај Гордана. Здравје ќе видиме што ќе биде.. @gjoker4e Душо ти нема потреба да се грижиш, кај тебе се мали шансите, скоро никакви за да пукне раната. Ти можеш и природно да се породиш. Докторката ми рече барем 3 години да чекам за втор царски, демек абортирај, да помине време па ќе си пробате среќа... Значи колку само сакам да биде се во ред, да си ја истерам бременоста како што треба, да се породам, да помине се во најдобар ред, и жими се ако не и отидам на врата со детето, и не и речам, Фала богу што не те послушав, да не се викам како што се викам ако не го направам тоа. Бременоста ќе ја водам во Систина ако е се како што треба. Толку сум бесна на мојата докторка, да помине се па ќе ја сменам, ќе барам друг доктор. И Пак ќе кажам како што е Дедо Боже никој не е. Тој да биде со нас во сите моменти, и да не пази, некогаш ни доктор не може да ни помогне, ако треба нешто да се случи ќе се случи.
На пријателка и прсна матката после 4-5 години од претходниот царски, никој од докторите не предвидеа дека ќе се случи тоа, значи прсна кога почнаа контакциите. Тогаш е опасноста. И според нејзиното кажување, опасно било за нејзиниот живот ја правеле операција 2-3 h во Систина. И јас не знаев што значи да ти прсне матка, секако не е добро, внатрешен орган да прсне во тебе. Не ми е целта да заплашувам, меѓутоа и јас сум мајка и не би го ризикувала својот живот свесно бидејќи имаме веќе некој за кој треба да бидеме живи и здрави. Секако потребно е и мислење од друг доктор на кој повеќе му веруваш.
Другарка ми се породи природно после прв царски по 2 години,се беше во ред. Јас после 2г.и 2 месеци повторно со царски,готова ми била да распука матката. Значи се е до организмот.
Кај мене се поминати 7 години од царскиот и има опасност од тоа да прсне матката бидејќи не е добро зашиена во претходниот царски. Тоа го увидеа докторите, само добро е што сега бебето е залепено подалеку од резот кој што не е дошиен и не го толку оптеретува местото, но не смеам да добијам контракции бидејќи тогаш би прснала, мора на закажан царски пред да добијам контракции, останува да следат и да закажат на време за мене а и да не биде пред време за бебето. Јас можам да помогнам само со повеќе одмор и многу магнезиум, магнезиумот спречува контракции па ќе видиме. Никој не ми предложи абортус, бидејќи секој др различно гледа и или некој не видел или некој не обратил внимание на ова. Барав неколку мислења сите различно коментираат, останува само тоа да не добијам контракции.