Јадна е таа девојка која ќе прифати да забремени за да ја земе или да го земе затоа што останала трудна. Тој брак нема да трае долго, а јас ветувам дека ќе се обесам на плоштад ако воопшто помислам да фатам некого на трудноќа или ако прифатам да ми каже остани трудна па ќе те земам. Јас ниту сум дозболила нит ќе дозволам некој да ме третира како стока за да му родам дете, ако ме земе заради мене ок, но да ме уценува н под разно. Доколку имаме проблеми при зачнување заедно ќе ги решаваме, но во брак, и не со ицени. Замисли да е до него, и те откачи несакајки да ја преземе сопстѕвената вина. Ова ми личи као пред 100 год кога жените биле криви ако неможат да имаат деца.
Кај секого си има приказна, што да кажам јас што поради короната испадна свадба да правам бремена со ВТОРОТО дете инаку сосема нормално според мене си е, битно се земаат во странство живеат ко дечко и девојка а имаат по 5 деца тоа па подобро да не е
Здраво девојки гледам слабо се пишува овде ама решив да пишам. Имам 24 години дечко ми има 33, заедно сме 2 ипол години. Решивме да правиме дете пред брак само незнам како би било тоа оти не сме ни многу заедно сами па да правиме нели неделно еднаш два пати ако се деси да имаме секс а може ни еднаш такви ни се условите, освен нели ако и од малку се фати што неверувам.. И јас сакам многу деца и тој сака е сега баш вчера го прашав што ако еден од нас има проблем нели он рече дека ако сум имала јас не би ме оставил а ако имал тој ке ме оставил за да имам со друг, е сега кога ме праша он мене и јас истото му го кажав ако имам јас ќе го оставам а онака не би го, ама незнам некако криво ми падна зарем тоа што сме се сакале и почитувале да пропадне уште пред да почне, па има и други начини и јас и тој било кој од нас да неможи да се излекува и да има можност пак да има деца.. може не одма ама може после две три години.. Може на далеко размислувам ама незнам тешко ми падна дека ради деца да не бидеме заедно па и да не се ниту земеме.. океј децата се се на светот ама зарем е крај ако ти кажат такво нешто секогаш има можност да се има деца со помош на медицината.. Вие што мислите на ова дали ги оправдувате ваквите ставови, јас не би го и да има тој проблем ама ако јас имам тогаш да го оставам ли и се да заврши...
Бракот е света работа ,со деца или без него,не разбирам зошто твојот не те запроси штом се сакате толку,па да си размислуваш за венчаница,свадба и цвеќе.Лично немам верба во никој ,и не би сакала да гледам дете без сопруг или да молам да ме земе некој ,вака од старт невенчани.Друго е она што викаат се десило ,па ајде свадба.Можда сум јас глупа и затуцана,ама еве ти бараше мислење.Млада си девојче и имаш време и за веридба и за свадба.Не разбирам кој овде условува за дете,а брак не спомнува- ти или дечкото?
Се согласувам со @ani23 , прво треба да размислувате за заеднички живот, па потоа за правење деца. Не мора да биде брак, ама прво оди заедничко живеење, па ќе имате тогаш и време и можност за правење деца. Плус еве сте се сложиле дека не би се оставиле ако партнерот не може да има деца. Барем сега има многу можности за добивање деца, а вие сте со исти размислувања по тоа прашање .
Многу незрело размислување, каков проблем и да има било кој од вас не е причина за да се разделите, ако се сакате заедно ќе успеете во се. Уживај или направете си општи прегледи за старт да си знаете како што и во кој правец да одите.
Бре, многу паметен овој твојот. И после ти да го молиш да те земе, така? Ај не си ставај трн во нога и не биди наивна.
И јас така мислам дека што и да има ќе се среди, така мислев порано дека ако имам проблем би го оставила ама сега гледам дека не е тоа не е решение, мада јас одам на гинеколог и вака сум добара на прегледи колку што може да се види по ехото нели овалации и сл. Ама не значи секогаш дека имам нели не одам секој месец ако се трефнало да отидам тогаш и затоа не сум сигурна.. има и други испитувања подетални ама не сум сакала сега тоа да го правам оти не ми дошло времето, како и да е мислам дека децата кога тогаш ќе си дојдат немора одма..
Мене од се ова па друго ми падна во очи,викаш немате услови за секс, претпоставувам кога сте сами тогаш имате.Па како ќе имате услови за дете чување,сите заедно на куп?Сте разговарале воопшто каде ќе живеете?И после ќе се жалиш како во заедница е тешко.Не сфаќам одите на таков сериозен чекор а битни работи не решавате пред тоа.
Imame kade samo treba da se sredi edniot sprat, inaku retko e za seks poradi toa sto I retko odam dva pati nedelno doma kaj nego taka nalagaat uslovite sega za sega
Читајки те тебе по другите теми, не си зрела за брак а уште помалце за дете.Ти треба прво едукација на мн теми.
Mozeme, ama sto znam toj rece da sme pocnele da probuvame za nekoj mesec deka veke vreme mu bilo imal 33 god pa bez razlika dali ke se fati ili ne ke se zememe pak
Прво да се средат другите работи, па после дете. А зошто прво да пробувате за дете? Да не сака да провери дали си плодна? Леле какви будали има
Епа речи му прво да ви обезбеди живеалиште па после дете.Ти нели размислуваш дека може да не испадне по планот,а детето назад не може кога веќе ќе го створиш.
Членкава е тотално незрела, неедуцирана и контрадикторна. Прво ни самата не знае дали сака или не сака бременост, во другите теми постираше тестови за бременост и беше страв од дома да не ја дознаат, пишуваше дека од дома ја тераат да чува до брак, а сега и ова. Ако него на 33 години му било време за дете, време му е и да си го среди спратот за прво на раат секс да имате.
Пред да се земеме со мм, тогашен дечко имав гинеколошки проблем што според гугл е причина за потешко забременување. И зборевме што во случај да не можам и он ми кажа "ќе си посвоиме" Па извини, ама ова јас некако не го разбирам. Ако он ме сака мене, и јас го сакам него ќе најдеме начин да имаме дете. Едит: сеа прочитав дека време му било. Епа нека те запроси де. Така иде редот, нели Време му е
Сака да си игра после со нејзе, зошто да ја земе кога може вака. Огромно непочитување. Сега сфаќам оти старите велеа прво прстен, па другото доаѓа.
Ама членкава во секоја тема е активна-Депресија,Љубомора каде што пишуваше дека се двајцата се мн љубоморни и дека добила две шлаканици.Ниту еден од нив не е спремен за дете ни таа ни тој.Глупости го правеле спратот затоа не се земале,ама дете пробуваат.Јас немам никакви предрасуди ако некој не сака да е во брак и дете да има секој како му одговара така не прави.Ама членкава не стабилна и за се можно и треба совет од форум за мн битни прашање во животот
Да, ја прочитав. Во ред е да сака да се оствари како мајка, ама не по секоја цена. Ај она што е незрела пак ќе речеш млада е уште, ама тој па апла ја наведува.