Ова ми е ист вајб како клипот од Србија кога застанале едни и велат: "Вучич рече ако имаме деца, ќе пушти струја". И додава: "Епа ние децата ги направивме, струјата каде е?" Ќе има после, спалната и спратот каде се
Сѐ надевам дека трола девојката бидејќи вака да размислува на 24 години не е во ред. И читајќи ја во другите теми, или лаже или не знае што сака.
Зошто да се трола во која смисла? Вистина е прашав дека има некој парови во опкружување каде правење деца пред брак им е нормално само што они живеат заедно а ние не живееме заедно.. не се верени ништо ама живеат заедно и затоа прашав да видам како мислат и другите луѓе дека и јас се двоумам дали пред веридба и брак да пробувам за деца...
Вистина е ако не е вистина нема што да пишувам сигурно нема од досада да седам и да пишувам лажни работи
Затоа што, девојче, кога живееш со некого, сфаќаш дали си одговарате со некого или не. Ти, со два пати гледање, за деца праење, не знам што да речам. И затоа што, ако живеат заедно, евентуално се самостојни. Значи имаат кај да живеат, да си платат сметки и се останато што се смета за самостојност и зрелост. Јер деца побаруваат тоа, не дали ќе бидат напраени и дали ќе се смилува дедо боже, да има кај да спијат, да јадат, да растат.
А што ако останеш трудна а нејќе да те земе,си размислила за таа опција?Или му веруваш на секој кажан збор
Мене само не ми е јасно, ако се плаши да не ја дознаат од дома дека се секса пред брак, како планира да затрудни пред брак. Тоа ти е некст левел.
Членката заклучивме дека е со едукација 0, а и по другите теми да ја чита некој, незнае кај тера. Дури мислам дека на големо не игра сите овде , ама ајде, има кој да го увиди тоа се надевам.
@Milickaa555 Девојче, те читав чат-пат и по другите теми и многу си контрадикторна. Како да не знаеш кај тераш, скини-врзи имаш ставови за исти работи. Ако сакате дете, и сте сигурни двајцата во тоа, јасно треба да ви биде дека детето не е само да го родиш... Нека те запроси, нека се среди спратот. Услови за живеење да имате. Не се услови два пати неделно ако се гледате. Исто треба да размислете и за финансиите. Не знам дали сте вработени, стабилна ли работа имате... А ако двајца во брак се сакаат, тогаш ни под точка разно не треба да се наметнува прашање од типот - ако е до мене, ќе те оставам и сл. Денеска медицината помага многу... Во краен случај, деца има и за посвојување и со донори и со сурогати...
Ама не си ја прочитала дека од дома не и даваат секс пред брак и криела тестови за бременост. Ама два пати неделно имаат секс. Па како си чепкаат по телефони, па љубомора. Па сакаат деца, па рано е, па испитувања за бременост…
Во кола може имаат секс или додека неговите де негде на гости, па набрзина. Она мислеше дека е трудна, ама не ни имале секс, само така малце…
Aко не е трол, јас ќе бидам груба и ќе и кажам дека и треба едукација во најмала рака, а богами и стручна помош за некој психолошки проблем што го има, хипохондрик е и не размислува трезвено. Каша- попара и е животот, а таа бебе ќе раѓала. Жими се некои луѓе сериозно треба да минат низ проценка дали се способни да бидат родители, мислам дека крајно време е во светот вакви драстични мерки да се превземат за родителство оти секакви раѓаат деца. Тешко на тие деца.
Можеби си мисли дека со дете може дека ќе го врзе некако или ќе го смени, пишуваше дека бил љубоморен, ама тешко дека со дете ќе се смени, може само бетер да биде, ама таа си знае. Има многу примери што ете брзале за дете, млади, па две деца едно по друго, и женава дома со децата, а мажот (таткото) си шета со другари како да е ерген. Мислам ок е да одиш некогаш со друштво, ама прво треба за децата и жената/мажот да гледаш. А ако му било време на типов за женење, ќе ја побарал, а не да и кажува прво дете да пробувале. Прво дете па потоа спратот ќе го средувале, а треба обратно.
Нема ти што да мислиш… тоа не се прашува на форум. На пример во градов во кој живеам и јас и повеќето од моја генерација прво деца имавме па брак. Ама никој не прашува на форум тоа, чекор е на кој се одлучивате двајцата заедно. Јас бремена спиев на душек 5 месеци ништо немавме друго во спалната ама се знаеше тоа дека и така ќе биде, сега имаме и повеќе од тоа што треба. Зс разлика од другиве членки мене ми е сосема ок тоа што сакаш првиот да ти биде маж. И јас сакав,ама не бидна и можеби подобро што било така ,никогаш немаше да го сретнам мојот сопруг. Прочитав и дека ти имал шамар залепено? Ништо друго не е дискутсбилно, се се прави- и дете и спрат и брак… ама штом кренал на тебе веќе рака еден ден ќе те гази. Тргни се од него ова е и повеќе од доволна причина и патем не се срами што веќе си била со некок интимна - како ќе знаеш што сакаш ако не пробаш и со други?
Океј е тоа што го кажуваш шамарот беше еднаш и се извини и веќе не се повтори јас со друг не ни можам јас него го сакам и со него сакам се и конечно да ме разбере некој за советите океј ама незнам другите членки што толку против ако некој пишал или побарал совет или одма навреди лесно ви е вас ако имате по 30 и кусур години и среден живот и сега некого кого му е тешко ајдее нека му биде уште по тешко пишувам на форум дека немам другарки блиски со кои споделувам вакви работи ниту пак дома и сега океј е никогаш не сум се осетила сакано освен од страна на дечко ми и сега океј е ми пишувате глупости па трола па ова па она кој сака да одговори да даде совет океј немора да напаѓате не зборам за мене општо зборам може не знаете како се чуствувам и осекам и каква личност сум ете незнаете дека сум премногу чуствителна и се ме повредуваат такви коментари иако се од луге кој не ги познавам. Значи никогаш немам навредено некој ни во живо ни на социјалните мрежи ни овде на форум оти знам дека можам да повредам некого. Пишувам надвор од темава ама добро е веќе претеравте ако не ви се чита едноставно не ми одговарајте благодарам на советите на сите што ми дадоа ми треба било каков дали позитивен или негативен само не сакам коментари од типот се зафркава или незнам што океј ако мислите така и ви е чудно ама ете јас сум слаба личност често плакам кога сум сама и можам и самоубиство да извршам ако неможам да го поднесам животот и ми е многу тешко затоа и барам совет мислење оти немам од кој да побарам не сум блиска со никого и сега океј е за вие што вреѓате ми треба стручна помош не го негирам тоа едноставно психички сум слаба ама што да правам ете таква сум и не треба да вреѓате не знаете на кој како му е туку едноставно не одговарајте секој има право да пиши што сака и да си бара совет а вие се исмејувате на туѓа сметка а тоа не е добро не секој има срека во животот не секој одма добива она што го сака не секој е паметен сам да процени што треба ама океј пишувајте што сакате и мислите дека се заебавам тука јас . Се што пишев во секоја тема е вистина и никогаш не би пишувала од досада барам совет и мислење и кога имам стравови исто пишувам може ми е полесно така од кај знаете вие
Научи правопис прво. Второ, дечкото има толку многу црвени знаменца, што ми е чудно како не ги гледаш.
Абе жено па сите совети ти дадоа оти гледаме дека не си стабилна психичи, не те навредивме туку ти кажуваме реално дека прво треба да си ја средиш психата и животот па после да мислиш на дете. Се во ред ти сакај го и се тоа, ама дете не се раѓа ако психички не си добар најпрво. Ти велиш дека помисливаш на самоубиство, епа да ти кажам дека после пораѓај ваквите мисли можат да ти бидат секојдневие, и постпородилна депресија е присутна и кај особи кои имаат се, а камо ли кога психички си слаб/ Поработи на себе, не ти треба дете сега.