Во врска со темава, школска моја исто мислеше, вика јас у брак не влагам дур не забременам, ако не можеме деца да имаме подобро и да не влагаме во брак.... Искрено многу чудно ми е тоа. Ама нели секој си знае за себе, и ако двајцата така си се договориле, ок...
Ако е пресудна за брак, денес не значи и дека ќе биде пресудна и за среќа, потоа и пресудна за останување во брак вечно и нема да дојде до развод. Ова исто и за оние кои ја користат бременоста за останување заедно и како ханзаплас при можност од развод/раскинување. Значи зависи. Или можда овде требаше да пишам, ама ај. https://forum.femina.mk/threads/Не-Планирана-бременост.33921/page-30#post-6777934
Какви 30 и кусур, јас сум помлада од тебе и пак ќе ти кажам дека си незрела и нееудицирана. Не ти се исмејуваме туку ти ја кажуваме реалната слика, како изгледаш од страна. И не ти е тешка ситуацијата, туку имаш застарени размислувања и тие те кочат. Бараш совети ама не ги прифаќаш. Викаш ти залепил шамар, ние те советуваме дека треба да се отарасиш од него со време дури немате дете, ти уште невенчани и без средено живеалиште сакаш со него дете да правиш. Сакаш амин на форумов да ти дадеме?
@Milickaa555 Накратко, не те вреѓаме. Сакаме да ти помогнеме. Најверојатно сме виделе повеќе од 20-30 мислења на членки за да видиме некој "pattern" како идат работите во семејства кои што не се како нашите. Нејсе, наместо да инсистирате на дете, инсистирај да се среди станбеното прашање. Дете не се расти од љубов, се расти со пари. Вработена си? Многу си опседната со гинеколошки прашања до степен да тераш секаде и никаде. Мораш малку посмирено и да се едуцираш. Сигурна сум дека сите овде ќе ти помогнат кога имаш прашања, ама не сме ние тие што ти ја знаеме историјата, свесна си за тоа. Мене ме интересира, дали типот твој те притиска на тоа дали си плодна? Дали е тоа најважното прашање во вашата врска? Некаде кажав, првиот шамар не е последен. Кажи ми дали знаеш која е разликата ако те удри додека немате дете и откако ќе се роди? Во вториот случај сестре златна, ти не искачаш од таму. Викаш сама си, викаш немаш помош, 24 години си - треба да средиш некои други работи прво ( не омаловажувам, јас на 23 се омажив, ама ги немав овие прашања ). Тоа дали е прв или втор или 17, битно е да е последен Ти ја почитувам желбата, убаво тоа ама не по секоја цена мораш да се омажиш за тој што ти е прв. Јас да се омажев за тој, мртва ќе бев до сега.
Абе и еднаш ќе те сокрши од тепање и толку ќе биде , ќе ти се извини и ќе терате како да е се совршено. И не мисли дека на сите им е се средено во животот поради годините. Ама и ти сама си кажа во една тема, дека ти треба прихијатар и тоа под итно. Како мислиш дека со мислите за самоубиство, да растеш дете? За едно дете да го израснеш, а пред се да имаш убава, мирна и без проблеми бременост, треба да си ок во главата. И назад си душо со животот. Тек ти почнува. Не би можела никој друг да сакаш. Абе како да не. На твои години исто се трескав од земја за еден дечко, па како јас никад немаше да сакам, па како он е најдобриот бла бла бла, ама човекот кој е до мене сега, е она што сум го барала цел живот. Незнам , може се да се случи, ама дај опрај се и почни со стручна помош.
Девојче животот е тежок.Кај никој не е се совршено немој да мислиш дека ако имаме по 30години сме средиле се.Кај секој по нешто има секој со некаков проблем се соочува.Има убави периоди има и тешки и верувај нема поштедени.Сакаме сите да ти кажиме дека треба пред се ти да бидеш јака па макар и да си сама,секој сам се бори за тебе.Подршката значи не велам не,и од родители,партнер,итн.Ама ти си таа што си одговорна да се бориш.Како ти е во врската само ти си знаеш ти си со него,ние само коментираме од она што ти го изјавуваш.Бракот е сериозна работа,посебно ако си во заедница со неговите,а ти според тоа што го пишуваш ќе бидеш.Можат да бидат и најфини и најдобри ама возраста сама по себе си носи разлки во начинот на живот и можни се недоразбирања.Дете е исто така голем чекор и најубава работа во животот ама треба и околности за тоа дете да расти среќно и здраво.Има и многу посериозни нешта луѓето се борат со болести,губиток,еве неколку од нас што сме овде се бориме да зачнеме дете.И тоа не е едноставно ете отворија групата вонтелесно оплодување да видеш,што треба да се самоубиеме сите.Не ќе се бориме со секоја сила и нема да се предадеме.Млада си уживај,излегувај,дружи се.Не се годините пресудни јас на 24 не ни помислував на брак сакав да шетам.Некои сакале деца,брак секој си одбира како ќе живее и кога е доволно спремен.и овде сите ќе ти дадат совет и ние сме имале погрешен избор некогаш на дечко,секој бил во некој период слепо заљубен и не гледал ништо пред себе.Ова се совети од искусни а не од се што сме посакале сме добиле одма.
Да имаш деца и брак не знсчи дека си среден. Немаш ни појма ама поготово деца кога имаш на почетокот си во тотален хаос, ако не си стабилен мн веројстно дека ќе дојде до кризи во бракот. Друга работа никој неможе да ти биде поблизок од твоето семејство дури ни дечко ти ( освем ако има физичко или психичко малтретирање од истото) но тоа најверојатно ќе го сфатиш од кога ќе имаш деца. Трето самоубиство никогаш не треба да е опција за ништо. Јас вака ко тебе размислував кога имав 10 години. Така да колку и да ти е тешко никогаш тоа не е опција туку резултст на психичка слабост. Мора да ја надминеш, животот не е мед и млеко и гушкање и бацвење со дечко/маж. И најбитното од се, значи повторувам: НАЈБИТНОТО - штом еднаш те удрил ќе видиш од кога ќе се осигура дека те има на папир(брак) во првата прилика како криза или караница ќе јадеш убав ќотек и ако размислуваш вака и тогаш, ќе си јадиш и ќе ќутиш а детето ќе ти страда. Сега ќе си речеш не е таков дечко ми ,ама да, таков е. Никогаш никој не смееш да удриш и за ништо! Физичка пресметка може да направи само не стсбилна особа… за жал гледам не ти влегува тоа во глава. Се се прави, и деца и пари и спрат. Се менуваат навики ама карактер не. Не си го зацрнувај животот, тоа што ти прв не значи дека треба да ти е и последен.
Не знам зашто никој не го коментира ова, дечко и 10 години постар, прв и е, не сака да ја жени, али да не му избега, оти не може друга да најде, па и оти му проаѓа времето и пливачите у пензија ќе му одат, па ај да затрудне нешо, да има кој да му мења пелени коа ќе остаре.
Не сака да се ожени зошто прво сака да види дали може да остане трудна. Па ако остане тогаш да ја земе, вака да ја земе, а да не остане трудна и ќе има проблем. Пријателка имаше еден ваков, ко прво да видиме, ако не што ќе се венчаме само. Го остави одма кога сфати колку е саатот.
Страшно. 21 век сме, можат да одат да се проверат дали се плодни. Јес да 90 посто од бракови распаднати поради неплодност, жената увек крстот си го носи, се до моментот кога ќе остане трудна после неколку месеци со првиот што ќе го фати. Како може он, мужиште ( пуши, пие, јаде лој секој ден, од стол на стол ), да биде неплоден...
Па добро има многу парови со 10 години разлика и повеќе па имаат упешни бракови.Не се ни годините толку пресудни.Плус и таа сака да се обидува не само тој
Се спасила. Таа што јас ја знам го зема волот за маж. Остана бремена после 3 години. Се венча со него после породување. Гадот сакаше да се осигура дали детето ќе се роди здраво.
Шо да коментираме? Него му било време да напраи деца, пошто мајка му така очекува, ако не биде со оваа ќе биде со некоја друга, пошто он има план. Девојчево нема план, за греота. И после, не знам што е полошо за нејзе, да успее неговиов план или да не успее.
Нормално дека Да успее неговиот план е поарно за неа . Пошто нели од него е СКИНАТА ! Леле ,терминот скината од средно го немам сретнато во овој контекст
Јас за жал познавам лик кој не беше ни над 30, туку 26 и велеше дека до пред 30 ќе најде некоја која ќе ја затрудни, за да не остане сам. А тој пак би си бил со двоен/троен живот. Aka cuz mom said so. Па и уште тогаш во муабетот додаде дека ако не бивало одма, по гатачки ќе одел со партнерката. Again, со се мајка му ќе оделе Млад, навидиум глуми модерен. На мене искрено вечна мистерија ми се поголемиот дел од мажите кои се најгласни како деца сакале. Притоа жена да им каже дека не сака деца, строго ја осудуваат. Again, истите тие мажи се како тој погорниот каде потоа детето после е 100% одговорност на жената. И свекрвата која се тегнe да е мајка на внучето. А тој милиот, живот на релација кладилница-швалерка-кафана. Мислам, мистерија ми се зошто не си го тераш како сакаш, наместо да упропастуваш живот некому, со се дете во целата ситуација Не не, убаво рече @Gosh еднаш. Сè додека има девојки и жени кои им пристануваат и стапуваат во брак со такви, џабе е сè.
Да, така е. Какви времиња дојдоа да више не. можеш да знаеш со сигурност дали е трол или вистинска приказна. Лака им душа на модератори.
Јас имам 35 години сега. Сопруг и дете. Зрела врска и одговорност која детето и бракот ги носат сами по себе. Кога ќе ми текне вака како тебе на 24 години со кој сум сакала да имам дете и цврсто сум верувала во тоа ,си викам само " фала боже што не си дозволил тоа да се случи ". Зрелост дечки ,зрелост . Дете си уште по ставовите што ги имаш.
Ќе пробам да ти дадам совет, дали ќе ти се допадне не знам, но тоа е поентата на совет. Да ти се даде мислење од друга перспектива. Во спротивно, барај поддршка од истомисленици, не совет, бидејќи ако не сакаш да чуеш нешто, не го дефинирај како барање на совет. Две ипол годишна врска која ја имаш на 24 години, според мене не е доволна за да увидиш дека токму тој ќе сакаш да биде таткото на твоите деца. Не знам каде се брзаш. Немате каде да живеете, но планирате деца. Каде ќе живеете со дете? Сериозен е дечко ти за дете, ама не е сериозен да го направи спратот. Ако се финансии проблем, што мислиш, дете само на воздух се гледа? Имате ли двајцата финансии стабилни, некаков прилив за да размислувате за дете? Многу сте ми несериозни. Ти, зошто, ти е прв и мислиш дека животот е бајка, па си го нашла принцот, тој се брза зошто имал 30 и нешто години, веројатно од дома го напнуваат, не дека нешто друго му е во план. Прочитав и дека ти удрил шамар. Да имаш ќерка и да ти се пожали, ќе и речеш да остане со дечкото, згора да има дете со него, само зошто рекол дека нема да се повтори? Зошто не се цениш себе си. Мислиш дека само тој те сака и се плашиш да видиш што има друго надвор, затоа што немаш доволно самодоверба. Верувај, секогаш има некој друг, подобар, од тој што го имаш. Млада си, за деца може и за некоја година да размислуваш. Тоа што конкретно и го бараш како совет е глупост невидена. Не знам ни што некој би ти одговорил. Не знаете двајцата каде терате. Што доколку забремениш и на овој му текне друга да си бара. Ни мажена, со дете во раце, без амбиции за нешто друго. Последново го увидов по некој твој пост, како свекрва ти не сакала син и да биде со тебе, ако немаш факултет. Твој живот е, но секој од нас имал некакви тешкотии, ништо не ни е дадено на послужавник. Сите сме имале некакви погрешни избори. Не си ти единствена што има некакви психички потешкотии и состојби. Само што, некои други решаваат нешто подобро за себе да направат. А тоа што ти си во таква психичка ситуација каква што си, може е производ токму од сегашниот живот каков што го живееш. Секогаш има можност за подобро. Само треба очите да ги отвориш повеќе. И никогаш не се лета само по еден пробан полов орган во животот. Демек медала во рајот ќе ти дадат. Живеј девојче.
Значи како да ви каже човек дека ако дечко ви рече - "ај прво затрудни, па ќе се зимаме", треба да бегате колку што ве држат нозе. Ете забремениш утре, за девет месеци ќе стигне детето и шо? Ќе го гледаш сама, он на посета ќе доаѓа? Значи едно е да прајте муабет дали сакате или неќете деца, кога сакате деца, муабети што се прават ВО ВРСКА, сосема друго се вакви убедувања ко во нејзина ситуација. Едит: Ја сега читам дека девојчево рекла "скината со друг не можам" Ова он те убеди @Milickaa555? Ти сакаш да те земе оти си скината, он неќе да те зима ама сака да те затрудни оти му е време. Живи смешки сте богами.