Драшко е педијатар кардиолог во систина. Тој гледа трудници. Јас бев после вториот скрининг. Но тој ми рече дека со покачени антитела кај мајката би можело и порано да се отиде. Кај тебе што беше покачено? Знам дека на реуматологија те следеа. Сега кај кој ревматолог си? Да се дополнам; одев 3 пати.
Имам позитивна ANA, i anti SSA i SSB,одам кај Филип Гучев сега, ми даде само терапија плакенил. Од трансфузиолог имам плус терапија со клексан и аспирин, и витамини. Се надевам дека овој пат ке биде во ред.Ке прашам баш сега когаке идам на скрининг кај Димчев од кога да одам и за срцето.Ревматологот ми рече да одам на 2 недели на ехо контроли да го следат ритамот на срцето, ваљда знаат што значи тоа.
Да да, тоа е, се следи ритамот на срцето. И кај мене се тие покачени. Покриена сибсо плакенилот но сепак треба да се следи. Ќе бидете добри мами. Имам број од драшко ако ти притреба.
Жени храбри, среќен празник. Ве читам, слична мака делиме со тоа што јас имам АФА позитивна и лупус антикоагулант.. Ве читам, се плашам како би било кога би била бремена, а во исто време сум ви благодарна до небо. Вие тоа што го споделувате со нас, ми дава сила и надеж… бидејќи уште не најдов гинеколог што би ме советувал и дал сила толку многу како вие! Благодарност до небо
Не се секирај Другарка ми со правилна терапија роди две дечиња со истиве автоимуни Ја водеше Грличков реуматологот од Систина и примаше по два клексана дневно , мислам дека одеше кај др Садула на трансфузија.Чисто како олеснување со докторите кај кого да појдеш За второ гинекологот и рече никако второ,но реши да ризикува и се беше во ред
Соодветна терапија плакенил/резохин во бременост и следење на ритамот на срцето на плодот. Тоа е до нас што можеме да сториме.
Девојки, во последно време имате ли купено плакенил во Мк и од каде? Ми имат носено од Грција, Србија, Босна... Но веќе ми досади да барам, 2 години лутам од каде да купувам..
Од жива фарм порачуваат по 600 ден а во Грција 1 кутивче е помалку од 4 еур.И јас тешко ги наоѓам ептен,порано ги имаше во еурофарм сега незнам зошто не ги добиваат.
Стварно е фрустрирачки еден обичен лек да го бараме низ светот.. зошто не го увезувале... Фала ви девојки, ако случајно најдам некаде ќе ви пишам.
Жени, најдов плакенил во Жива фарм Велес, 600 ден кутивче со 30 апчиња. Ако на некој му треба, чисто информативно
Devojki zdravo, polaceni vrednosti za AFA, moze nesto da mi pisete za sto stanuva zbor. Vcera go dobiv rezultatot. So ovoj rezultat treba revmatolog da posetam?
Ќе те тераат за месец или два пак да го направиш тестот. Иначе ова ти се анти фосфолипидни антитела што доведуваат до абортус поради прекумерно згрутчување на крвта. Што значи дека ако и во бременост ги имаш ќе треба да се боцкаш со клексани. Посети ја Дубравка на ревматологија она е за овие работи и трудници води, но мислам дека ќе те препрати на трансфузиолог.
A smetaat za implantacija i zadrzuvanje na plodot i za ostanuvanje bremena. Imam edna prirodna bremenost, plodot bese so anomalija. Sega se spremam za ivf.
После првиот абортус мене ми беа во граница Афа. После вториот, на имунологија кога испитав антитела, АФА ми беше на граница. До 20 беше нормално, мене ми беше 20. На имунологија ме измафтаа, нишо не ми рекоа.. ќе барам и јас пак консултација со трансфузиолог, но и мене ми рекоа за 3м да ги повторам само АФА.
Drugite se negativni taka ? Od abortusot se sozdavaat ili kako ? Kaj mene plodot bese so anomalija i ja prekinav bremenosta.
Смета за циркулација може да остане без срцева акција. Т. е. се згуснува крвта и се формира тромб тој тромб може да се закачи било каде. Тоа што било со аномалија е проблем на делба на хромозоми, природен процес не е поврзано со афа.