да баш така, пиј го обавезно никако немој да го прекинуваш, отвори на гоогле прочтај за плакенил повеке,баш се препорачува во бременост.
Само малку сум збунета, јас антитела немам испитувано колку што знам. А претходно имам две успешни бремености, секако ќе му се јавам на докторот ама ова во упатството ме буни. Фала ви.
Не, реума фактор можеш да испиташ и со обична крва слика, тој е само еден вид, има различни видови антитела кои се испитуваат преку специфицни реуматолошки или имунолошки тестови. Ти од кои причини пиеш плакенил, дали имаш правено тестови порано, имаш ли дијагноза? Те прочитав дека одиш кај гарличков, добар е он, само испитувањата на овие антитела е многу скапо на приватно,он беше во систина нели, моја препорака ти е да одиш на реуматологија кај Филип Гучев да ти даде да си направиш комплет тестови на антитела.Он е секој понеделник со термини на клиника а работи и приватно со тоа што тестовите пак ке можеш да ги направиш на клиника.
Дијагнозата е палиндромски реуматизам, ми напиша што да испитам за следна контрола ама мислам дека тие антитела ги нема напишано. Има реума фактор пак, црп, аст, алт такви работи. Ај ќе видам на следна контрола што ќе каже, па може да се префрлам на клиника.
Poveli kontakt od gucev Atelas TCC Grand Plaza, 2ri sprat Bul. Oktomvriska revolucija 2 Lokacija: https://maps.app.goo.gl/9FdRCoHLzQ4vxKG38
Јас од Грција го купувам, таму е најефтин а е сигурно квалитетен, повеќе верувам на лекови од ЕУ одколку од Србија, Македонија, Косово и сл. Во Грција е 4 еур ама зависи од аптека до аптека, многу тешко ги даваат, бараат рецепт, се зависи на каков човек ке налеташ.Некогаш во повеќето аптеки одбиваат да ги дадат. Јас лани летоска порачав по сите мои блиски кои одеа во Грција, некој ми донесе 2 некој 3 кутии , битно ги собрав за цела година.Во жива фарм ги продаваа по 600 ден скоро 3 пати поскапи.Во Србија се исто скапи и тоа не е оргиналниот Плакенил него друг производител и друг назив имаат таму.
Zdravo, da ve prasam, kako ste znaele da gi ispitate site tie parametri (ANA,anti SSA i SSB)? Dali ste imale simptomi ili pak nekoj vo familijata za da doktorot preporaca da se ispitaat? Imam edna uspesna bremenost od pred 9 godini, megjutoa od 2019 navamu imam 3 spontani, dve pri prirodno, vo 6-7 nedela i posledno ovoj fevruari preku invitro no togas go zagubiv plodot vo 9 nedela odnosno prestana da se razviva. Imam i trombofilija steknata, za koja pijam terapija, se' drugo sto ispitav e vo red. Naidov na ovie postovi bidejki vekje ne znam sto da ispitam. Za ova dosega ne sum cula, a prasav i medicinsko lice koe mi rece deka moze da sum go imala no ne sum znaela, a sega se aktiviralo. Posledno kade sto odev ne ni bea zainteresirani za ponatamosni ispituvanja, srekja imam zamrznato blastocisti.
Дали имаш пратено плод на испитување до сега? Јас испитував афа,ана, и ла. Испадна дека имам лупус антикоагулант тоа беше фактор за аспирин и клексан од позитивен тест. Не знам кој те води за тромбофилија али Јани е екперт за таа област. Системски лупус е потежок малце али за тоа си има симптоми како црвеноло од сонцето на лице во форма на пеперутка , болат раце нозе(како ревматоиден артрит) деформирани се коските на рацете т.е. изразени се. Афа и ана се антитела кои не се така наивни зошто они го напаѓаат плодот и го третираат како страно тело. Затоа и те прашав дали имаш пратено на испитување плод да се види што е дали е хромозомски или не. Исто така и кариотип ако не сте направиле направете и тоа.
Vi blagodaram na odgovorot. Problemot e sto nikoj ne me upatuva ni maticniot ginekolog nitu od Plodnost nesto se zainteresiraa da vidat sto se slucuva. Kariotip pobarav mi rekoja nema potreba, no vekje mi stanuva somnitelno bidejki tri pati se vo prasanje, a mi vikaat se' e vo red. Znaci nesto ne e vo red. Kaj Jani ne sum bila, na drugo mesto i mislam deka vreme e da smenam nesto, bidejki vekje mi se smaci od se' i od terapii i od pari davanje. Osven toa, posle neuspesnoto invitro, i infekcii zakaciv i zgora na se' i herpes na raka mi se pojavi. Se izmoriv bukvalno sama da baram po forumi sto da ispituvam i da im posocuvam na doktorite. Vekje ne mozam da prifatam odgovor Se e vo red.... ili pak Toa e .... Ovaa tema ja najdov bidejki drugo sto prebarav niz forumov vekje sum ispitala. Ostanuva kario tip i ovie parametri, a toa moze na drzavna so upat?
Кариотип, клетки убијци, дна фрагментација, брис од ендометриум… Таше и Плодност воопшто не придаваат значење на овие работи, он ти е газда филм само за пари и он е најдобар сите други не чинат. Со мутации, го молев да ми даде клексани, тој упорно д димери да испитам прво и тоа само во нивната лабараторија, на друго место не. Смени си доктор, со цела документација закажи си консултација и ќе видиш, ако треба кај повеќе отиди ќе видиш со кој најмногу ќе си кликнеш.
Vi blagodaram, moram da se soglasam za Plodnost, se razocarav. Ne bea takvi bidejki od 2014 odam tamu no poslednive tri cetiri godini te gledaat samo kako izvor na pari, nisto drugo. Ke moram da smenam vaka ne biva vekje.
Јас сум многу разочарана од Плодност, кога и да одев муабетот на Таше беше само јас па јас, он најдобар, он најпаметен, и оговарање на другите болници и лекари. Како ниеден не бил добар само он најдобар. Страшна гужва, он нервозен гледа од високо и потценува. Кога му однесов извештај од Јани се намршти, ми рече “Овој клексани ли ти препиша”. Многу непрофесионално, една инсеминација правев таму и не се вратив.
За државна се чека за кариотип како ќе имаат термини тебе ти закажува гинеколог, а на мажот ти матичен општ лекар. Мене ме водеше Гордана од систина меѓута проблемот се увиде и на ехо иако беше очи да истераш па да видиш и Бобан Сарџовски. Сепак остануваш природно бремена нема потреба од ивф искрено. За тромбофилија треба да се видат и кои фактори ти се мутирани и од нив има што се доста проблематични па бараат и по 2 клексана некои и 3 зависи што се имаш мутирано. И пак ќе кажам треба да се види дали е хромозомски, дали е друга работа.
Правев испитувања на имунологија, ова е резултатот, колку е сериозно? Исто чекам резз од ова скриени тромбофилии или како се вика, и имам низок хомоцистеин. Немам спонтани ама пробуваме за второ подолг период и почнавме со испитувања...
Да си ја пробам среќата уште еднаш може некој ќе ми одговори.Од каде набавувате плакенил, и дали некој има коростено hyplaxy од Србија?