Јас од Србија или Грција зависи каде одам или имам луѓе, во Грција е доста поевтин ама во Србија можеш повеќе кутии да земеш мада и таму тешко се наоѓа. Најдобро да ѕвониш прво по аптеки.
Не знаев за ова баш ќе го прашам докторот. Он мене ми рече ако не најдам плакенил дека можам resochin да пијам. Ќе прашам и за овие горе forumce што пиша бар да не малтретирам луѓе да ми носат.
Кај кој доктор идеш? Дајте препорака за добар ревматолог. Јас имам за кај др. Љубинка закажано ама дури на крај на ноември... Слушав и за гучев дека бил добар ама нема термини как него...
Јас одам кај Гучев, секој Понеделник му се термините, минатата недела пуштија за Ноември термини и си закажав, следи ги термините на почеток на Ноември кога ке пушти за Декември да ти закаже матичниот лекар одма.Можеш и приватно да одиш кај него ама ке те околу 100 еур прегледот и контролата. Јас кога бев трудна отидов така зашто немаше термини да закажам а не ми се чекаше.Платив околу 6000 за прегледот и контролата со резултати.После продолжив да си одам на мој термин.Односот на докторот е ист.
Матичен ти фаќа? Мене матичната ми рече морало интернист... Ма не е проблем и приватно да се плати ама како се закажува? А иследувањата тии ги дава за на државно да ги направиш?
Матичен може да ти закаже, немора интернист.Ако одиш на приватно ке си го платиш прегледот а сите лаббораториски испитувања ке ти даде да ги направиш на клиника. После со резултатите ке си платиш уште еднаш и толку е. Во Ателас работи приватно, Atelas TCC Grand Plaza, 2ri sprat Bul. Oktomvriska revolucija 2 Lokacija: https://maps.app.goo.gl/9FdRCoHLzQ4vxKG38 Kontakt: +389 070 391419
Па што ме матка матичнава... Ама матичен општ или гинеколог збориме? Инаку фала ти за информациите и за приватното, ќе гледам да си закажам кај докторов.
Мане Грличков во Систина, 4700 мислам беше прегледот. Ако можеш да одиш ти го препорачувам, јас сум многу задоволна.
Фала за споделеното. Искрено не знам кај шо како кај кого, ама реално многу ми е на приватно д а ги правам сите испитувања... Сигурно ќе е изгор скапо. За преглед мислење терапија со веќе се испитано не е проблем да отидам на мислење, ама се целосно да испитам на приватно мислам дека ќе е емногу.
Да да, не знам колку е ама самиот ми рече дека е скапо, да испитувам кај што сакам. Кај мене среќа не беше нешто страшно и не ми требаа некои посебни испитувања за дијагноза.
Фала ви за мислењата, бев кај др. Гучев ми земаа крв за комплет се изпитување и ми даде хидрохлорокин, и он ми ги препорача хиплакси hyplaxy тие од србија шо ми кажаа дека ги имало, ама рече ги имало тука, прашав во неколку аптеки околу клиника ги немаа. Чисто како информација за некој ако му треба