Здраво на сите Ве молам искуства колку често одите или одевте на контрола ? И тие со Ивф бременост - дали за контроли одите кај ивф докторот или кај матичниот гинеколог ? Благодарам , со лесно да ни е на сите
На почетокот одев кај инф докторот на еден месец, во меѓувреме кај матичен и ми се фаќаше на две недели. Сега откако сменив доктор, одам на три недели и во меѓувреме кај матичен ако имам потреба.
Јас на 3 недели ми се фаќаше исто, а од 26та недела рекоа задолжително со близнаци од таа недела е преглед на 2 недели, па така закажувам сега На почеток кај ивф до 3ти бев мислам, па и потоа може отидов уште еднаш, ама веќе после прв скрининг нема што да правиш кај тој доктор ќе си одиш кај матична и доктор во клиника кај што планираш да се породиш
Здраво девојки, да ви се приклучам и јас 7 недели сум(од утре влегувам во 8ма) со близнаци Инаку бременоста ми е со ивф и уште пред да испитам б-хцг ми почна кафен исцедок кој го имам и до денес скоро секој ден, денес поинтензивно дури и со парталчиња, но се во кафена боја. Докторката кога бевме на прво ехо ми кажа дека е нормално, дека логично со близначи се шири многу повеќе матката и дека пукаат мали капиларчиња па нормално било да имам кафен исцедок. Имала ли некоја од вас такво искуство, да се поднамирам уште малце, бидејки неможам прописно да се израдувам. Ви благодрам и на сите ви посакувам успешна и лесна бременост.
Здраво Од 5 недела имав и јас кафеав исцедок, примав пролутекс и се смири. Многу е често кај близначиња, ама ете знам не е воопшто пријатно за гледање. Примаш ли некаква терапија?
Примам да Циклогест и Пролутекс ( Пролутекс до првото ехо секој ден од појавувањето на исцедокот, по ехото и позитивна срцева акција на двата плода ми намалија преку еден ден се боцкам)
Zdravo Procitav po forumov deka nekoi kupuvale edinecni kolickii i gi spojuvale za bluznaciii. Bi ve zamolila za odogovor dali moze vakva kolicka da se spoi, i kako? Vi blagodram
Јас вчера купив количка за близнаци во east geate ја начекавме со 50%попуст на КАМ ептен убава количка,е сеа ние имаме мал и голем лифт во зграда и во двата ја собра.Уште една има знам 19.000 ден со 50%ја плативме,само немаше транспортери од таа фирма зада гк ставаме на нејзе,ама тоа си земавме плус на друга фирма.
https://momandbabe.mk/product-category/inglesina/twin-sketch/ Јас овие ги имам гледано, летни што се спојуваат А за новороденче со корпа, транспортер ако сакаш, cybex единечна, па се докупуваат седишта за да си ја направиш за близнаци https://krs.mk/proizvod/gazelle-s-tpe-deep-black/ Тоа е јас што имам видено кај нас
Мајки, кога почнавте да ги чувствувате бебињата? Особено ако е втора бременост. Јас сум 15+4, втора бременост, постелка на заден ѕид и деновиве некако мислам дека почнувам да чувствувам како вибрации, како пеперутки… Се мислам па дека е рано и да не е нешто движење/кркорење на цревата..
Баш такво чувство е како кркорење на црева Не е рано, две се Некаде околу 16-17 недела и јас почнав да ги осеќам.