Здраво девојки, баш фино што има и ваква група за споделување искуства. Јас сум 11та недела и вчера дознавме дека се еднојајчани близнаци на претходниот преглед во 7ма недела се гледаше само едно и вчера оп новогодишна честитка и сега малку збунка, малку возбуда, малку страв ве исчитав неколку страни со искуства и малку ми е полесно нека е со лесно на сите
Здраво женски , дали имате искуство колку треба да е вредноста на д димерите за 30 недела ? Дали е исто кај нас што сме близначка бременост? Благодарам
Мислам дека нема правило. Кај мене во првата бременост ми беа многу повисоки вредностите од сега во втората бременост со близнаци.На почетокот ми беа повисоки,како поминуваа месеците пааѓаа и вредностите
Денес јас испитував д димери и хемостаза ( 30 недела)и ова ми се вредностите . Пијам само аспирин од почеток ,досега освен еднаш во 10 недела ( кога беа нормални ) немав испитано. А испитав на мое барање - матичниот рече дека штом ехото е во ред нема потреба . Но сега вредностиве ме загриижуваат а до среда нели не работат …