Јас па сакам царски и цело време си викам арно се и двете карлично наместени нека си седат така Некако од секогаш сакам царски , имам некој страв од природно, дека сум тип што колабира при јака болка, (иако имам висок праг на толеранција на болка)па си викам дали ќе изрдржам болката од раната од царскиот мислам дека повеќе ќе ја издржам,дека пак некако можеш да контролираш со послаби движења. Но како и да е, верувам дека ќе биде како што Бог решил и ќе издржиме се, тој знае најдобро како е најдобро за нас и за тоа некако сум опуштена барем за сега
Zdravo Mamicki, bremenost so bliznaci vo koja nedela doznavtee za polot..i kade se porodivte? Iskustva
Со пренатален дознав дека има сигурно едно машко, за него и немаше дилема, на секој преглед се гледаше, девојчето не измачи до втор скриниг, тогаш ни потврдија, претходно се криеше цело време
И јас спиев на една страна само, кога се родија едното сирото беше келаво на врвот на главата а од страните си имаше косичка, исто се роди со помала глава и сплескана, кој знае сирото колку било притиснато од другово мало ѓаволче. Нејсе, глава му се исправи, косичка му порасна и двајцата се лепотанчиња. Едниот е уште побесен како што беше и во стомак Со лесно до крај
И кај мене е едната со посплескана, како издолжена глава, а другата со убава нормална форма на глава. Кога му се оформи главата на едново? Јас ја ставам на тил да лежи, таа веднаш се врти на страна. Не знам како ќе и се оформи кога упорно се врти… Исто кај неа горе ептен малку косичка има, а од страна подолга, како чиче
Не се сеќавам кога точно, некаде на 4 -5 месеци вака од слики што гледам им е веќе убаво обликувана. Ама едниот си има помала глава ама и генерално помал се роди.. иако се идентични навистина доста разлика има меѓу нив, и во коса и во тен, заби ...
Мене ми е страв дека едната цела ќе е смачкана само на десно спијам, макар да во последно време многу и на грб се вртам. Уште на почетокот едното беше постеснето во матката, прашав дали има врска со спиењето ми рече не, ама како што ве читам има врска и да си се форсирам и на лева страна да спијам. @Izzy_0504 како се снаоѓаш? Сподели искуство, кај се плашам дали ќе ги доносам и дали се ќе е во ред, од сега ме фаќа паника како ќе ги ранам, како ќе ждригнуваат, што ќе правам на вечер кога двете ќе држат концерт. Нема да имам помош, мм на работа не знам што ќе се прави ама едвај чекам да дојде тој момент
Девојки има некоја продавница во државичево што е специјализирана за близнаци? Купувам по нешто ама 56 ки, ми е страв дека не ќе се гледаат во нив.
Ич да не се секираш, супер ќе биде! И јас суммпреку ден сама, мм на работа. Сега за сега е добро, само јадат и спијат. Плачат кога се гладни само. Едната цица, другата пие измолзено и добро се снаоѓаме за сега. Навечер еднаш стануваат, некогаш ретко два пати. Добро е што не се будат една со друга, па додека првата ја средувам, другата си спие. Јас имав земено само 2-3 работи 50ки, другото 56ки и пливаа во се пошто 2,5 кг се. После другарките им изнакупија 50ки и еве сега се баш бебулиња преслатки во мали облеки
Ретко се наоѓаат 50 ки во мојов град, е еднаш најдов преслатки шпикозни ама беа само едни и не ги купивме. Ќе мораме на кај Скопје да одиме. На почеток можда и 50 ки им се големи а камоли 56ки. Баш ми даде надеж дека ќе се снајдам, само да се мирни и моите бар на почеток додека закрепнам. А како помина дека царски? воопшто немаше помош на почетокот?
Брзо растат мајка,не се секирај и не трупај премногу алишта,брзо ги надраснуваат. Ќе се снајдеш секако,мораш,за напорно,да,многу е напорно со близнаци,ама и забавно. Еве моите како вчера да ги родив,ама во пон.10 месеци ќе бидат...ќе проодат уште малку...дечиња станаа. Со лесно до крај.
Да се живи и здрави Знам дека само паничам беспотребно и дека Господ дава сила за се. Само нека дојдат живи и здрави на свет после ќе се снаоѓаме. За алиштенцата, не сакам да купувам многу количински зашто како што велиш брзо ги растат ама сакам да им прилегаат да не ми се ко во вреќа. А како ќе се родат помали богами и да знам кај им е газот каде нозете