Супер, лесно опоравување сега и јас планирам на ГАК да се породам, па баш ме интересира дали прво пробуваат природно или кај близначка бременост во голем дел од случаите е царски ?
Тука пошто е универзитетска клиника секако пробуваат прво природно, но се водат по одредени правила, ако бебињата до крај се како во мојот случај карлично наместени, нема сомнежи дека ќе се оди царски. Ако барем првиот близнак е поставен главично има шанси да се проба природно, но ако истиот е карлично, а да кажеме вториот близнак е главично, тогаш исто оди царски. На приватно мислам дека во било кој случај најчесто пораѓаат царски и со влез во 36та. Мене ме чекаа да да оди колку може повеќе па се породив 36+6. Пиши ми во порака ако сакаш детали, ќе ти објаснам, знам колку ти е битно.
Zdravo na site, so bliznacka bremenost sum, 11 ta nedela. Imam prejaki glavobolki so denovi. Ptitisokot mi bese voobicaeno 80/60, sega mi se kacuva 110/80 i te kako ja osekjam promenata. Citam deka e normalno da se ima glavobolki, ama do volku? Prasav dr rekoa nizok e za terapija, samo paracetamol. Ima li nekoj iskustvo? Pozdrav do site ♥️
Имав и јас чести и јаки главоболки ,пиев само парацетамол..еднаш имав толку јака што не можев ни да гледам..е тогаш се напив вентор ама морав... Инаку притисокот ми беше во ред цела бременост. Со лесно до крај
Навикната си на низок притисок и затоа ја осеќаш промената а всушност сега ти е нормален притисокот. Следи го притисокот постојано и ако се качува повеќе од 130 со 90 барај терапија. Јас исто носам близнаци и исто како тебе во 11-12 недела почнав да осеќам главоболки, измерив притисок и одма почнав со терапија. Еве сум во 8 месец некогаш знае да се покачи и покрај терапијата.
До која возраст или кг може да се користи? Во многу продавници влеговме и се ми се измеша и дали е стабилна вака, како ја осеќаш? Во локо кроко имаше една некако шантава ми беше, немаше транспортери и отпадна. Изборот го стеснивме на оваа од Чиполино и една друга кај што се бебињата едно позади друго ама е 60 илјадарки. Е сега таа има плус корпи. А мене не ми е јасно, ако имам транспортери што ќе ми се корпите? Не ми се проблем толку парите колку просторот, една соба ми треба само за опремава
Не знам до колку кг се, ваљда стандард како сите колички, ама транспортерите се ептен лимитирани мислам до 9кг да не се. Плус корпите за во зима се подобри, имаат и таква како врекичка врз нив. Јас уште ја немам земено, тогаш ја пробував во кајла шоп и лесна ми се виде за маневрирање. Уште една мајка ја има со близнаци и рече дека е супер. Мене тие една зад друга не ми се убави, греота ми е бебето позади што ќе биде ќе гледа во корпата пред него, вака едно до друго ќе си се дружат.
Здраво на сите. Ми треба итна консултација за близначка бременост преку ин витро. Денес скушнав срцева акција, кажете ми послед денешниов преглед кога пак да одам? Прашувам затоа што приватните знаете какви де, ве викаат на секои 2 седмици, и секој преглед е по 10.000 ден. Сакам да знам кога навистина треба да отидам на контрола
Веројатно секој случај си е индивидуален. Јас на почеток одев на 2 недели ми се чини до 10та кога видовме дека се две, па после 3-4 недели сега до 27ма и сега веќе на две недели рече докторката. Пак ќе кажам сигурно има и индивидуален момент од случај до случај. Честитки со лесно да ти е
мене не ми е проблем да одам и секој ден, но од финнансиска гледна точка тоа повече не можам да го издржам, и затоа прашувам кога навистина е неопходно да одам кај приватниов што ми го правеше ин витрото, за кај други гинеколози немам проблем, бидејќи прегледот е 600 денари, а ваму од 10-12.000 ден. Дали примаше некаква терапија? конкретно ме интересира за естрофемот
Извини каков е тој преглед од 12.000 ден? Јас платив толку само за вториот скрининг. Јас не сум со ивф, ама колку што знам кај ивф доктор обично одат до 12-13 недела и после кај гинеколог по избор. Не примав јас воопшто естрофем, само прогестерон вагиналети кои ушт ги примам
Извини дали добро те разбрав, денес сте слушнале срцева акција и за прегледот ви наплатиле 10000 ден? Ова е премногу, баш би сакала да знам за која болница станува збор? Јас на прв преглед мислам дека бев во 7 недела тогаш слушнавме срцева акција а за прегледот ми наплатија 4000 ден, потоа на втор преглед бев точно по две недели. Ние што сме со инвитро мора да имаме консултации со специјалист инвитро доктор, најмногу поради терапијата што ја примаме, тој дава насоки до кога со пролутех, утрогестан, естрофем, клексани... Лично мојот матичен гинеколог отворено ми кажа дека не е запознат околу терапијата што се прима понатаму и затоа одам кај инвитро доктор. Честиткиии за близначката бременост, со лесно да ти биде
Јас не сум платила дупло досега освен за вториот скрининг, и тоа не беше дупло туку 2-3000 плус од цената за едно бебе. Во која клиника дупло ти наплаќаат?