Не сум ни јас плаќала никадр дупло,секаде како за едно бебе...одев во Ремедика до кај 35 недела...ниеднаш немаше дупло,ни кај матичната немаше. Баш ме интересира во која клиника ехо за близначка бременост се наплаќа дупло?!
денес слушнав срцева реакција кај обичен гинеколог и платив 600 денари, а требаше да одам кај ин витро лекар, кој ми напомена дека веќе прегледите ќе се сметаат за дупли, и време и се' бидејчи се работи за две бебиња. зА едно ехо плачам 5400 ден, значи за 2 како што ми напомена дека се' ќе е дупло сметам дека нема да е под 10.000, и затоа не ми се оди вече.
јас платив 5400 само да се видат сакусите, знаејчи дека е рано за срцева реакција ме викнаа за сакуси, за срцева ми рече дојди за 2 недели.
Сакам да кажам дека кај нив од секогаш прегледите се биле некако скапи,барем мене ми наплаќале...ама ова со дупло за близначка бременост е претерано навистина.
и јас се изненадив, па преглед си е преглед... нз каде да одам за консултации за терапијата, бидејчи кај него стварно немам пари за да покријам прегледи
Душо сега сум 14 та недела, откако добив позитивна бета, на преглед кај инвитро докторот бев три пати. Првиот скрининг го правев на ГАК а здравје во 16 недела треба пак да одам кај инвитро докторот. Незнам што да ти кажам, но стварно не е ОК дупло да се наплаќа, еве и Делфина пишала дека во Ремедика не се наплаќало дупло.
да, ми реока дека прегледите ќе бидат дуплу време и ќе се смета како за две бебиња. и прашав а цената? рекоа и цената како за 2
е сега се грижам, каде да одам на редовни консултации за терапија, а да не е таму. бидејќи ги немам парите за 2х месечно кај него по 10-12.000, тоа е цела плата
Прв ехо преглед беше после позитивна бета во 7 недела, тогаш докторот виде два плода и слушнавме срцева акција и на двата плода. Вториот ехо преглед ми беше после две недели, значи во 9 та недела но тогаш докторот забележа дека едниот плот послабо се развива и срцето послабо чукаше. Затоа после две недели, значи во 11 недела отидовме на трет преглед, каде што докторот ни констатираше дека вториот плод нема веќе срцева акција и останало само жола ќеса. Во нормална ситуација мислам дека би биле само два прегледа, но нека кажат другите членки како е било со нив. А јас од срце ти посакувам кај тебе се да биде во ред и со убаво и лесно да си ја истераш близначката бременост до крај
Јас и со двете бремености одав кај ивф докторот поради терапија нели што како,мора барем првите 3 месеци,ама вака кај нив ако наплаќаат дупло е навистина мн.пари,плус и терапијата не е евтина... Не знам да ги замолиш да наплаќаат како за едно,кажи им дека во другите клиники не е така,мада не верувам дека ќе успееш со ова,тие се алчни за пари...ајде ќе биде некако,не се стресирај ти,важно бебињата да си растат убаво,пари се печалат. А тек после кога ќе се родат е тогаш е сакаш не сакаш све е дупло..пари давањ × 2 , ама за убаво да е само.
Јас мислев Систина се најбезобразни со цените. Срам да им е! Не знам, да најдеш некој поспремен гинеколог што ќе знае терапија да ти следи.
Најпрво честитки! Со лесно и убаво да си ја истераш бременоста. Јас во бременоста бев 5-6 пати на преглед кај ивф докторот и ниеднаш немам платено преглед. За скрининг бев во друга клиника и платив иста цена како за едно дете, а закажани ми беа 2 термини поќто 2 бебиња се гледаат. Срам да им е на твоиве што дупло наплаќаат.. Реално и 5.400 е многу, а не па дупло. Инаку на клиника има супер доктори, можеш таму да пробаш. Јас бев кај Ќаев последниот месец и за пораѓај и сум презадоволна. Исто и Данева многу ја фалат. Ако можеш од ивф докторот да извлечеш барем терапија, па со неа да одиш на ГАК, верувам дека супер ќе пројдеш. Матичните не се многу упатени, а и немаат многу искуство кога се работи за асистирано забременување, а дополнително и близначка бременост.
Јас ивф правев во друга држава, последно докторот го видов на трансферот. Цела бременост ми ја води докторка од клиника, кај матичната за боледување само одам. Првиот скрининг кај Ќаев, вториот и третиот на приватно и плаќам 6500. Иначе и јас одам на 2 недели на преглед.