Беше околу 600 евра јас кога правев, сега не знам колку е. Инаку за близнаци само основниот пакет се испитува, имаше и поскапи пакети ама не беа соодветни за близначка бременост
Девојки, на колку време одите на преглед кај матичниот гинеколог? Јас бев на прв скрининг кај неа на 12+4, сега сум 16+6 и денес бев пак, ми рече нема потреба да ме гледа пак, ми даде дати за да закажам втор скрининг (тоа ќе биде на друго место и она знае) и ми рече да закажам пак кај неа дури три недели по вториот скрининг. Ама до скринингот имам уште месец и некој ден. Не е тоа многу за единечна бременост, не па за близначка?
Јас одев паралелно кај матичната и на приватно, на две недели некаде ми доаѓаше и после ме откачи матичната не морало кај неа да одам штом одам и во Систина. Инаку до втор скрининг во Систина ми закажуваа на 4 недели, а после на три. Ама ти си далеку од вториот скрининг, сега не те виде? Таман си отишла после првиот скрининг.
Ме виде денес, прв преглед по скрининг ми беше, мереше главчиња, раце, нозе, сѐ е во ред, си напредуваат како што треба, имаат плодова вода, плацента одлична и рече нема потреба сега пак за брзо, освен ако, не дај Боже, имам крварења или болка. Ама од денес до втор скрининг има месец и околу 10дена, тоа ми се виде некако предолго без преглед, посебно за близначка бременост. Затоа и ме интересираше дали е пракса и кај други.