Сега те читам и овде, и јас имав иста бременост, две кеси една плацента, тоа значи дека се еднојајчани? На пораѓај открија дека се со една плацента.
Здраво, денес ми беше прв ехо преглед на од кога дознав дека сум бремена. Докторот ми кажа дека сум 5та недела. Но има близначка бременост биде две едното 9мм другото 5мм мало. И во двете има жолчно кесе. За две недели пак сум на контрола малку сум збунета прва бременост ми е со инвитро. Дали некои има слична случка дали ке се развие и другото?
Веројатно ради разликата во тежина. Грешка се изразив погоре, не беа две ќеси туку два водењака а во една ќеса беа. Мислам дњка двојајчаните се во две ќеси.
Исто и моите, а мислев дека баш ретко се случува тоа. Инаку некоја што се породила во Чаир/Државна да сподели искуство со доктор, каква анестезија, како потоа опоравувањето? Во која недела била бременоста и колку тешки/долги бебенцата? Не, нема врска тоа. Моите се во две различни ќесички, а се еднојајчани. Кога се двојајчани секое си има своја посебна плацента, моите се во една.
Мајки ја имам количката на чиполино дуо смарт што сакам да ја заменам. Комплет е со транспортери и е мн малку користена, неколку пати само, близнаците се два месеци. Ако е некоја идна мајка заинтересирана би ја дала за добра цена. Пишете ми во порака.
Zdravo da ve prasam sega sum 5 ti mesec isto blixancka bremenost, i pocna malce pulsot da mi varira dali e normlano ?
Од која недела почнавте со цтг? Мене матичната ми кажува цело време дека за близначка бременост сите испитувањата се прават порано. Сега веќе сум 34та недела, а уште ми немаат направено цтг. И ако може да ми споделите искуство со доктор на ГАК за породување.
Zdravo na site, da ve prasam za pocetok dali zemavte sose cucla i tie kesite za izmuzuvanje? I koi modeli. Falaaa
Мајки на еднојајчани моно/ди близначиња (една плацента, две ќесички), која недела се породивте? @DreamOn твоите беа такви, 34+4 сега читам. Дали сам тргна процесот или отиде на веќе закажан царски?
Јас отидов на преглед и цтг, цтг мирно на ехо се виде дека нема вода скоро ич и ме задржаа веднаш, примив за зреење две дози и по два дена ме породија. Од 30та имав некои контракции послаби и ме ставија на бед рест, истерав до 34+4. Одмарај повеќе кога ќе натежне стомак.
А од кога почна редовно со цтг? Јас одмарам цело време последниов период ама ми рекоа дека тоа немало врска, не препорачувале баш строго мирување. Примам сега инекции за зреење ама се разочарав затоа што се надевав дека ќе дочекаме 36та недела, а ми рекоа дека 34та е некој просек
Почнав од 30та поради контракциите. Тогаш веќе на една недела одев на ехо и на цтг. Јас бев на бед рест поради контракциите што ми се појавија, кога лежев стомакот ми беше мирен а цела бременост ми беше уредна, наеднаш се деси ова. Генерално тежината е поголема и притисокот на цервиксот поголем, затоа треба одмор. Мене докторката ми рече дека со една плацента е така, и 34-35 недела е супер да се истера. Супер што примаш за зреење ќе си дишат сами бебињата спремни ќе си бидат. Позитивно само, ќе биде добро. Моите близнаци имаа апгар 8/9 и 9/10, супер си беа само им требаше малку помош со хранењето дека мали и несозреан дигестивен систем, инаку се супер, еве ги одлично си напредуваат.