Мене близначката бременост ми беше втора бременост исто со ин витро. Не осетив некоја кој знае каква разлика, освен таму при крај кога бев ми беше тешко движењето дека две бебиња,големи беа.. Се породив со договорен царски во 37 полна недела Женско 3160 Машко 3320 Со лесно до крај... Слободно прашај што те интересира.
Здраво девојки вчера слушнавме 2 најубави срценца , и среќна и исплашена и.. не знам што ме чека иначе сум 6+3 со ивф уште многу рано дали има некоја што го оди истиов пат да си се тешиме пошто ми е прва бременост.
Еве јас сум бремена со близнаци, исто прва бременост со ифв. Денес сум 16+2. За другите кои веќе сте поминале низ оваа, какво е вашето искуство со големината на двете бебиња. Кај мене денес на контрола едното одговараше точно на неделата (16+2) а другото скоро цела недела помало (15+3). И на другите две контроли едното беше помало но само за 2 дена. Сега малку се загрижив иако докторката рече дека е океј.