Седма недела, нема ни теоретски шанси бебињата да ги осеќаш, прерано е. Таму некаде околу четврти месец ќе почнат да те маваат од сите страни. Можеби си осеќаш цревата?
Многу е рано 7ма недела да се осетат тие сеуште не се развиени таа недела. Срценцата му имаат сега зачукано рано е за движења.
31+5 некогаш спијам цела ноќ некогаш се мачам цела ноќ неможам да фатам положба. Денес ја примив и инекцијата flosteron ×2 за зреење, утре имам уште една тура бебуши се супер по 1600 се, плацента нема зраци на зреење сеуште, превентивно делува Докторот за железо иако ми е 15 ми рече да земам додаток, tothema не можам му реков па ми ги одобри грчкиве fero folic. За киселиниве заборавив да прашам а не ми се зема ништо на своја рака. Ликовите не им ги видов и овој пат Др. кажа гужва е а раздвижени се неможеше да ти фати.контрола за 2 недели
Здраво на сите твинс мамички! Еве и јас да ви се приклучам, тазе ептен, се надевам ќе биде се како што треба. Освен зголемен апетит и благо пецкање од левата страна од време на време, други знаци немам. Ве поздравувам, па се читкаме..
Женски до кога ќе држи апетитов?? кога да ги очекувам мачнините?? Не дека сум пукнала по нив ама ај да ве прашам и вас како поискусни
Јас апетит имав до самиот крај ( се породив 10 дена пред краен термин ) а мачнини немав воопшто освен неколкупати што ми сметаше некој мирис . Се поправив 25 -26 кг а на пораѓај одма симнав 17 кг. Бебуши беа 2670 гр и 2460 гр.
Како што сум тргнала и јас натаму одам..добро што после се симнуваат Фала на одговорот, се надевам нема да ги имам мачнините. Да ти се живи и здрави твинсчињата уф, се надевам нема! поздрав
Со близначките повраќав до 13 недела, а апетит немав којзнае што. Со првото бебе, обратно, не ми се гадеше и цело време ми се јадеше.
Јас влегов на пораѓај со толку кила колку што имав кога останав трудна. Цела бременост киселини до влагање во сала и губење апетит од прв ден.
Јас денес храбро се качив на вага иииии + 10кг.Инаку 26 сум . Сега имам 69. Маж ми вика ептен секси бројка, таман сум била. Не планирам да си лишам од задоволство, сум поправена се познава, ама ќе се среди. Бев загрижена за холестеролот, еве да знаете со близначка бременост до 10 се толерира. Малце ќе намалам на благо, па да одам бар до +15 колку што сметам дека е нормално, иако за близнаци до 20 е ок. Инаку киселини имам 2недели без прекин. Изгорев. Бебенцата се умни. 3дена само се вртат по малце, 3дена клоцкаат силно. Не се секој ден многу активни.
Колку често одевте на контрола на почетокот? бев пред една недела, сега сакам пак да одам ама кај матичната, дали е во ред, во смисла зрачења и такви работи?
Ќе ти пишам по недели. 4+3 за утврдување 6+3за срцева реакција (тогаш видовме дека се 2) 9+3 рутински преглед 12 Скрининг 16рутински преглед 20Скрининг 24рутински И сега треба во 28ма , значи се на се на 4недели, но веќе од 30та ќе бидат зачестени. Не е штетно ехото. Бар не повеќе од чадов што го дишеме. Дури за близнаци е препорачливо на 3 недели. Да напоменам си одам и во Систина на второ мислење, таму на 6до 8 недели ми кажаа.