Нп. Само со лесно Препорачливо си е повеќе одмарање за близначка, т.е лежење. Тешко кревање никако! Од домашни работи одмори си 9месеци. Избегнувај да се тегнеш и да се виткаш. Може ти дале веќе вакви совети,ама сепак ја да споделам.
Немав појма за тегнење и за виткање Избегавам домашни работи освен по некој сад што знам да замијам. Ме замисли за тегнењево и виткањево, си имам обичај јас така
Јас кога бев трудна со близначкиве негде прочитав да не се тегнам во стилот за пружање алишта демек ке се замотала папочната врвца околу вратот. Кога го прашав докторот ми се изнасмеа .
рано ми е на папочни врвци да мислам и сеа го слушаш докторот или сепак те јаде јанза и не се тегнеш?
Mu veruvav na doktorot si gi rodiv vo 9 m 10 dena pred kraen termin zivi zdravi pravi a alista si pruzav sega imaat 10 mes
Zivi i zdravi da ti se!! Tuuu a taman mislev uste da go koristam maz mi za pruzanje alista i ponatamu kje moram sama znaci
@facule не знам кој те лажел, ама ја знам за цервикс дека не Нз кој те лажел, ама ја знам дека за цервикс не чини. А за близнаци знаеме зошто е препорачливо да се одмара повеќе .
Јас само споделив искуство , јас бев инвитро со близнаци одев на работа со автобус пешачев секоја вечер на подолги релации до 6 месец. Тогаш од бактерија гарданела или како се викаше многу ми се скрати цервиксот и прокрварев ама истерав до крај .
Јас бременоста ја поминав прелесно иако имав страв од предвремено. Истерав до 38 недела и тоа со закажан царски. Бебињата ги родив прилично големи. Физичка работа работев се низ дома, често пешачев. Едино стомакот ми сметаше па не можев садови да мијам. Искрено од 34 недела ми почнаа отоците и не брв способна за ништо од самата тежина. Бев +30 кг. Контроли правев на секои 2 3 недели, штета од ехо нема. Уживајте и со позитивни мисли.
Од ултрасаундот снимките како ги тумачите податоците? отприлика разбирам нешто ама еве на пример за срценцата не можам да најдам колку се во минута? тоа каде се гледа ... Фала !
Ме заинтересира и јас да проверам, ама на снимките што ги имам ја пишува само должина, недела, 9+5 и 9+3 и ништо друго нема. Знам дека ги слушавме таму, на лице место, ама на снимките не е забележано. Можеби и кај тебе не пишува?
Здраво, Дали ке може да ми кажете кои беа вашите вредности на бхцг од првата и на кој ден ја направивте? Ви посакувам лесна бременост