Ај ве молам кажете ми какви испитувања правевте за генетски нарушувања, кои пакети?? ми викаат за близначка бременост неможело проширени испитувања како за единечна, и сега почнав да шизам ич не ми се допаѓа тоа...
@Emma2 душо јас направив само приска ..... Господ не чувал до сега во фамилијата никој немал пореметувања. На скрининг Др. Убаво гледаше рече се е ОК со бебињата и воопшто не размислуваав понатака. А читав дека ако недај боже има некое хромозомско пореметување се прави амниосинтеза ...... зошто тогаш толку пари фрлање ..... направи 2 скрининга кај 2 различни специјалисти поефтино е и мирно главчето ќе ти е ...... Мое мислење.... сепак ти поубаво си ја знаеш ситуацијата и можностите
Приска не бил тест на кој можеш да се ослониш,повеќе било математичко пресметување на ризик. Фала Богу ни ние немаме никакви пореметувања ама јас сепак ќе правам неинвазивен, секако и скрининг, со оглед дека ближам 40ка ќе правам се што треба. Благодарам за одговорот
Само нека е со лесно и убаво. Прави се она што ќе направи да се чуствуваш по смирена и сигурна.Иако по толку прочистени јк и сперматозоиди може и малку да се опуштиш лично ради себе. Инаку, иста сум и јас со вработените во Авицена едно станав, некогаш и по два пати дневно им се враќав, тиха језа.. Уживај во бременоста
Фала ти пеперутче, знам дека сепак со инвитро се води сметка малку повеќе на квалитетот ама ете со сигурност ништо не се знае. Биди ми поздравена мила и кај вас се најдобро и со лесно, се што треба ќе правиме, па и нормално е да се грижиме * Се читаме, за убаво Дај Боже!
@Emma2 јас го правев Верифи тестот. 99% е точен, само не дај боже ако нешто не е во ред, нема да се знае на кое близначе е и ќе мора амниоцинтеза. Кај мене се беше во ред, што претпоставувам и кај тебе ќе биде. Ако нешто не ти е јасно, слободно контактирај ме.
Не го владеам ова многу, тек сега гледам. Можеби дека не ми е местото во близначка бременост . Ако не сум одговорила сум измешала нешто не е намерно. Добра си?
А добро тогаш чим така, бидејќи знам се распрашуваше колкава е бетата за близнаци бидејќи колку што разбрав и ти имаше висока бета, па те имав прашано дали се близнаци т.е да не известиш
Мајки, до кога осеќавте мрдање поинтензивно со близнаци? Јас додека ги примив Флостеронот беа турбо, после ептен се успорија. Еве 10 дена како ги имам примено, малце поинтензивно ги осеќав пред 1ден, сега пак некако слабо. Од време на време напипувам дека се испакнуваат нагоре, некое ноџе ќе се проврти и толку. 33+3 сум. Дали е веќе ова нормално дека немаат место или не, стварно не знам, ама малце ми е чудно да не осеќам ударчиња. Ми фалат @Feodora aко не се лажам ти имаш близначиња ?
@Charlotte* јас ги чувствував тој период но не беа премногу активни. Јас на свое барање ги примив флостеронот иако од ремедика ми рекоја да не ги примам. Стравот беше поголем па затоа. Издржав до 38 недела, а разликата во килажа меѓу бебињата беше 900 грама што и не е малку. Опушти се и мисли позитивно без паники. Смирено и во тишина гали го стомачето, задевај ги и ќе видиш дека се тука. Флостеронот прави да бидат како поспани, а и тесничко им е.