Здраво женски, ќе ве молам за ваше искуство и информации...прашував за пренатални тестови Нифти и Верифи и ми рекоа дека за близначка бременост испитувале само Трисомии и пол, т.е само основен пакет, а микроделеции и плус работи не испитувале...па ме интересира што ви рекоа вашите доктори за овие работи што неможат да се испитат преку тестовите дали е нешто навистина потребно ? Исто ми рекоа дека доколку имало еден ипсилон хромозом немало да можат да констатираат дали има машко и женско или двете се машки..?
Знам за тоа, јас сепак ги правев без разлика. Докторката што ми правеше скрининг рече дека е во ред што сум го направила. Јас на тоа се ослонувам, ништо додатно не ми рече да правам.
Девојки тетка ми ме сонувала како сум стоела и на двете рамена ми долетале две пиленца - на едното рамо женско на другото машко пиленце, и и го кажала сонот на мајками и рекла дека ќе сум останела бремена што поскоро и тоа со близнаци. А ваков сличен сон сонила мајками за тетками - се касале пиленца две машко и женско и паднале пред нозете на теткамии мајками на сонот и рекла земи ги твои се пиленцата тебе ти паднаа. и после месец дена од сонот тетками останала бремена со близнаци , сега се големи веќе. (оваа тетка е друга, на мајками сестра. не можеа да имаат деца многу години) а мене што ме сонила на таткоми му е сестра. А ви немам кажано инаку и јас сум била близнак ама не преживеало бебето. а и во фамилија има многу близнаци, на татко ми братучетка. прабаби мои . ете мајками, тетками. Што мислите колкава е веројатноста да имам и јас близначиња? аии многу сакам - голема желба ми е да имам две машко и женско
Генот за близнаци се пренесува од мајка на ќерка. Штом имате близнаци во семејството од мајчина страна, возможно е и ти да имаш. Неколку мои прабаби и баби имале близнаци, имам и јас.
Здраво на сите..може некоја да сподели испитувања на димери, малце ми дојде шок резултат од 3900 (референтна вредност <500) за 18та недела (во среда влагам во 19та)
Мила примаш ли клексани, аспирини, по колку на ден, и колку често проверуваш димери ? Јас на обична крвна слика ми покажа мало покачување на тромбоцитите, и докторот ми рече уште утре да проверам димери и хемостаза, да не имало потреба да ми ја зголемат дозата...ми рече кај близнаци почесто се испитуваат овие работи... Него нели за трудници имаше други реф.вредности кои не беа овие до 500 да се , или грешам хм ?
Појма неам срце, сега првпат испитував кај Кочо Хемолаб и така ми пишува. Иначе и хемостаза испитав и крвна слика,пакет некој имаат. И така пишува <500. Крвна слика пред 10 дена проверував само железото ми беше ниско. И сеа еве и ова димериве зезнати. Ми пишал клексани едно на ден 40×1. и за 2 недели контрола. Плус ЦРП да сум проверила и леукоцити. Утре и тоа па ќе испитам.
Труднички до која недела смее клексани во стомак да се става, божем избегав да ставам шубе ми беше али рацеве модри ми станаа, со тврди топки дури...незнам што да ставам да помине побрзо и дали смеам во стомак
Како мислиш во нога? јас за во задник ти зборам @srekice ај бе кажи ти мила како ги конзумираш коктелчињава? мислам во стомак дека си цело време
нене не се ставаат во задник клексани, тие се субкутани инекции, не се интрамускулни, смееш во стомак, раце, и нозе..види на јутуб има мн видеа во кој дел смееш, ..само во не
Јас сум со близнаци,и со клексане сум уште од пред трансфер,т.е. од почеток на ноември,и сеуште ги примам,секој ден. Инаку клексанот е субкутана инекција,односно поткожна,и се аплицира со стомак,рака,и бутови,никако во задник, т.е. во мускул. Јас од сам почеток ги ставам во стомак, е сега овие неколку дена,затоа што сум со модрици и чворови,се боцкан во бутови,и тоа под бут мислам на горната страна, над колено шод агол од 90 степени, и сама се боцкам. @Emma2 Не се секирај,не е ништо страшно,ќе се среди, а инаку баш за д-димерите имаше дискусија со Др. Димчев,кој што кажа дека реф. вредности се до 500 за нормални луѓе,за трудници не важи тоа,и рече дека посекако се качуваат кај трудници,ама не кажа до колку. @Софија 88 Слободно можеш да се боцкаш во стомак. пс. Заборавив да ви кажам,дрка најдобра апсорбција на клексанот има во стомак и рака.
Јас во стомак се боцкам цело време,скоро 20та недела.Ми рекоа максимално да го искористам стомакот,после раце и на крај нога над колено аможело и меѓу нозе у тоа салцето меѓу нозе .Имам чворови на стомак но барам место кај да боцнам и почнав под агол од 45 степени подобро ми е
Супер фала ти мила, јас да се осигурам зошто малку ми беше шубе али сепак мала е иглата подкожно нели иде и нема да штетат во стомак да се примаат и понатаму
Додека можеш,боцкај се во стомак,јас ти викам цело време се боцкам во стомак, ништо нема да им биде,иглата влага поткожно, само пошо немав веќе каде,дека ми е цел со модрици,се боцкам у бутови,па после пак ќе продужам во стомак. А да,и како што вика @srekice, во стомак се боцкам под агол од 45 степени, а во бут под 90, затоа што во бут кожата е потврда и подебела.