Извинете уште едно прашање, во која недела првите брисеви ги правевте ? И дали можам кога ќе правам прв скрининг во 12 недела или касно е тогаш ?
Јас денес бев кај матичната за боледувањето,и ја прашав за брисевите,ми рече помеѓу 12 и 14 недела,јас сум 11+5, во среда ќе го правам скринигот,тогаш влагам во 12та,а ми закажа за брисеви наредна среда кога ќе бидам 13 та недела. Види со матичниот најубаво.
Јас ги правев во 13та, бидејќи во 12та имав еден ден крварење слабо кое по една капка го имаше наредни 2,3 дена...иначе во 12та ќе ги правев и нив веднаш после скринингот..
Фала ти многу на одговорот! Не сте си пишале термин ти и @Софија 88 за породување...само јас сум во моментов на списокот со близначиња.
Искрено да ти кажам, како ми кажува апликацијава,така и јас кажувам дека таа недела сум,пошо ми се уште лотарија неделиве. А за тоа дека не сум уште пријавена во термини некако ми е рано уште,чекам скринигов да ми помине,малку да се опуштам и окуражам, па ваљда ќе пишам термин .
Е добро па таман ти кажува апликацијата 11+5, значи 11 полна плус 5 дена од 12.. за два дена полна 12та и влагаш 13та ..немај гајле и ја на почеток така бев.. додуша не сме многу разлика јас сум 17+5
Ajde ajde majkicki, galete meshe. Moite partizani momentalno spijat, si rekov da ve proveram kako ste mi,i kako raste spisokot so polni meshkovci P.s. zalam, nemam kirilica.
Друштво ви се случило ли во прво тромесечие да осетите како нешто ве штрека, ко бодежи или како да ве сече со нож кај јајниците некаде отприлика ? Се е ок и наеднаш на некоја секунда така остри бодежи ќе се случат па ќе ги снема па по некое време пак
Мене ми се јавува така кога ќе ми дојде гас ќе го пуштам(извини на описот),и ќе ми помине.Мислам дека е нормално,еве нека кажат и другите феминки за да не паничиме и да се вадиме од памет.Те
Срциња што убаво, ај сподели ни искуство како се снајде со двете уште од почетокот па се до сега , во поглед на доење, заспивање, бањање, занимавање...јас замислувам двете одеднаш како плачат и дека треба што за едно тоа и за друго, а гледајќи другарки како се жалат со едно, си викам ние со две како ќе успеваме се да стигнеме
еј остај,ја па исто замислувам како ќе ги дојдам, на две гради ќе треба, една влече од една страна,друга од друга lol: И највеќе размислувам како ќе ги земам навечер ако евентуално маж ми ете да речеме не се буди во тој момент
Хаха, замислувај си, навистина е така. Исклучиво ги доев 6 месеци и не многу често, ама се случуваше и двете да сакаат да цицаат во исто време. Не е баш интересно.
@Saba08 дај уште нешто сподели со нас бејби, поднаучине...можеш и трансакциска да остаиш, не е проблем