Не очекував да се породам толку рано, и преживеав без торбица. Само маж ми ми купи од оние простите улошки по порагај и влечалки што се продаваат до болница, и преживеав @Софија 88 додека беа мали спиеа во едно креветче, потоа земавме уште едно монтажно. Супер поминавме. Сакам почесто да се уклучувам и да пишам, ама јбг гужва по дома
ако мила претпоставувам како е, уживај во мајчинството .. а за заспивање и цицање едно по друго или во исто време, каква тактика им примени ?
Заедно. Цело време заедно. Но затоа денес имаме проблем. Не се исчекуваат. Мора денско и навечер да има двајца дома Порано заспиваа сами, секој во своето креветче. Ама многу се гласни и бунтовни (година и пол) и сега спијат во одделни кревети. Се течеше нормално, додека не се разболеа. Тогаш се сменија. 9 месеци.
Најубаво е на почетокот да спијат во едно бидејки си се навикнати едно на друго преслатки беа со тек на време ке си ги одвоиш бидејки само ке си покаже кога ке нема место. Со лесно да уживаш во секој ден мн брзо растат.
Здраво. Ме интересира дали на некоја од вас и се има случено на ехо на 7+3 да имаат видено само едно бебе, а наредниот пат да биле две?
Гледам никој ти нема одговорено, веројатно сите рано разбрале дека носат близнаци, како и јас. Мене уште во 5-та недела гинекологот ми кажа дека најверојатно се две, но, не беше сигурен, па ми препорача да одам пак 6-та недела и тогаш потврди дека се две. Зависи на какво ехо те гледале, ама мислам дека веќе 8-ма недела штом виделе едно бебе, тоа е тоа. Со лесно да си го износиш, да се роди живо и здраво!
Blagodaram. Jas pravev IVF i sum presrecna sto e uspesno. Rabotat e vo toa sto i jas i soprugot kako da vidovme nesto i toa na ista strana (malku polevo od bebeto kaj koe vidovme srceva reakcija), pa se mislev dali e mozno da se dve, a da ne gi zabelezala doktorkata. Taa neznae deka sme preku IVF i zatoa ne ni barase da vidi dali se edno ili dve. Kako i da e, neka e zivo i zdravo gravceto vo mene i neka si raste i se razviva kako sto treba. Se najdobro vi posakuvam ❤️
И јас сум со ИВФ и носам две. На прво ехо во 6+ видовме. Кај ивф докторот ги правам прегледите и тогаш и сега, тој и очекуваше да се две. За недела дена изоди пак, требало да и потенцираш. Јас еднаш до сега само сум била кај матичната и ги виде дека се две, ама зборувам за напредната бременост веќе. Има шанса две срценца да се, оди и повтори си ехо и прашај си. Ти посакувам да биде така како што сакаш
I jas sum so ivf i koga bev prviot pat da potvrdime bremenost mi rece deka se dve i nareden pat vika edno e i koga mu rekov deka se dve togas vide deka se krielo pozadi drugoto
Па и мене нешто слично ми се случи, на првото ехо се видоа две жолчни ќесиња, но само едно развиено бебе, докторката рече дека се може да да се случи и ми закажа преглед за една недела, на второто и третото ехо се гледаше едно бебче, два месеци мислев дека е едно, но на последното ехо убаво си се видоа две бебчиња, две сонциња со лесно мајки, Господ да не чува!!!