Исто беше и кај мене, машкото беше толку активно што дури ме загрижуваше девојчето, а и сега после 1 год и 10 месеци си е многу активно ☺, сегде се качува ич не е умен
И јас му викам на сопругот еве уште од сега да си знаеш дека ќе си имаме една неразбранка само го молам Господ се да биде како што треба, да се здрави и живи а за останатото ќе се снаоѓаме и се ќе издржиме
Листав на групава до 18 страна ама слабо пишано за тоа како се породиле мами, може има после таа страна нешто.. па споделете кај се породивте, на кој начин и што ни препорачувате
Мајки некако не е многу активна темава јас да си прашам па можеби некој ќе ми одговори сега сум во 17тата недела од бременоста, (близначка бременост спонтана монохоријатна-така ми пишува на еден од извештаите) досега е се во ред, освен потешкитиите на почетокот фала му на Господ сум немала други проблеми. Одам на работа сеуште но некако почнува да ми станува тешко, напорно, јас натежнувам, стомакот нормално уште од сега е голем, нозе отекуваат, жешково не попуша, 8 саати седам, кичма наболува и тн. Знам дека допрва доаѓа тешкото но ме интересира дали вие што немате компликации одите на работа до крај на бременост? Дали доколку одлучам можам да земам боледување или мора да имам компликации?
Лејла, близначката бременост сама по себе ја третираат како високоризична. Разговарај со матичната, мислам дека многу лесно и едноставно може да ти пише соодветна дијагноза за боледување.
Точно така ја третираат, на сите упати ми пишува заканувачки абортус/високоризична бременост, но се мислам како е најдобро за мене а и за бебињата, да се излежувам по дома или да си продолжам со обврските на работа па самото време ќе ми каже дали да земам боледување и кога да го земам
Исто пишуваше и на моите извештаи и многу ми беше вознемирувачко за читање, ама знаев дека мора да не водат со тие дијагнози ако сакам боледување Сега ме водат со дијагноза О 47-Лажно раѓање пред 37 г.н. што уште повеќе ме вади од памет ама пак ќе речам, зна дека мора така да пишуваат.
8 saati sedenje mislam deka ti e mnogu,moj sovet e da odmaras sto poveke i da si zemes boleduvanje,sepak se dve bebinja i da e se vo red treba pazenje ,so lesno!
не е посетена групава изгледа никој не се пријавува, туку ајде за тие што сте веќе тука прашање околу креветчиња за бебињата, како е најдобро според вас, на почетокот да спијат во едно или посебни креветчиња?
Malce sme sea za sea ne znam kaj se duplive mamicki ili stvarno sme tolku malkuu, jas so edno za pocetok krevetche site taka me sovetuvaa
И јас сум со две Нас во спална две креветчиња не ни собира Имаме слободна празна соба која би била нивна понатаму, ама некако шубе ми е од бебиња да бидат сами, не знам....
И јас планирам во едно кое ќе биде до мене а за две треба да го прашам сопругот дали ќе сака и од кај него да има и по едно бебе да си гледаме хаха