Здраво бремена сум со близнаци 20 недела. Почнав да разгледувам за колички, ама изборот во Скопје е многу слаб, во повекето baby shop продавници има избор од повеќе 20 единечни колички а ниту една близначка или една преку сила. Ме интересира тие што имаат купено од каде ги купиле и како се задоволни од истите.
Истиот проблем го имам и јас, нема продавница каде што не сме погледнале... или воопшто немаат за близнаци или пак се некако многу обични, чадор систем. Мене многу ми се допадна количката во liberta bebe centar од Неготино, но за жал никако не ни одговара бидејќи живееме во стан и не ни ја собира во лифт, така да таа отпадна.... и ми остана последна опција количка од bebe home на Maxi-Cosi, не е толку убава за гледање колку што е квалитетна и практична... па здравје боже ќе бидеме со две бебенца така да мора да гледаме да си ги олесниме барем овие работи
Мамичка според апликацијава околу 1кг би требало да имаат... јас сум 26+ па денес баш ќе видиме како напредуваат бебите наши
@lejlla Мислиш на моделот Dana од Maxi-Cosi? Таа беше обична количка со спуштање на лежиштето за да се добие лежечка положба за новороденче, без басинет и без транспортери така? Или имаат и некој друг модел
Јас ја имам чиполино твикс, онака не е лоша, но не ми е и многу искористена. Прво гломазна е, второ тешка, в кола само количката ја собира и место за др ствари немаме. Цело лето го поминав со единечни летни колички и сега со овај ум би купила некој такви чадор систем. Баш во енци менци ме убедуваа за една таква дупла количка мислам од чико беше, но не сакав никако со тој ум тогаш. Или би купила од оние две поединечни што имаат можност да се спојат. Е кај мене додуша проблемот беше што едново близначе не сака никако во количка уште од бебе и баш ми е криво, а другово пак ужива кога се вози.
Да, да на таа мислев, има опција да се стават транспортери додека се малечки, но тие секако одделно се купуваат
Јас во живо немам видено такви, а знам дека има 100% на фб ми се имаше појавено, но немам запомнато каде.
Mene voopsto ne mi se dopajgaat site modeli za bliznaci se so staticni rack Jas bremena vo 27 nedela i samo se nerviram za kolicka na site kolicki za bliznaci sto mi se bendisaa rackite mu se staticni i decata se samo napred so potledor i nz kade da barame kolicka na koja rackite odat napred nazad
Ете помина и овој преглед и фаааламу на Господ се е во ред, бебите добро напредуваат, одговараат со неделите, едната е 958г, а другата 946г..... Па да се надеваме дека до крај ќе издржеме и се ќе биде во најдобар ред
Здраво женски, во 28ма недела бебињата беа едното 1488 гр.одговара на 30+3 а другото 1311гр.одговара на 29+2. Докторката рече се е во ред ама ме загрижува тоа што се понапред дали има врска со тоа што скриениот шеќер ми е малку покачен, без терапија сум само со диета. Има ли некој вакво искуство?
Мамички јас ќе ве молам за мислење каде е подобро за пораѓај, во смисла за грижа за бебите доколку дојде до предвремено породување, Чаир или ГАК?
Zdravo, sakam da prasam dedo mi na tatko mi tatko e blizak, majka na tatko mi imala briznaci i od kaj maz mi tatko na majka mu e bliznak.. Kakvi se sansite za bliznaci ?
Реално има шанси, но тоа никогаш не можеш да знаеш, во моја фамилија немало близнаци, ниту кај сопругот, но еве јас сум бремена со близналиња Господова работа!
Теоретски само од твоја страна ако има некој близнак и само по женска линија. Значи може да наследиш ако мајка, баба, прабаба имале близнаци. Во пракса не мора да има некој близнаци за и ти да имаш, ниту значи дека ако некој има дека ќе имаш и ти.
Само да се знае дека бременоста со близнаци не е воопшто лесна, доста е ризична и тоа го знаат сите мами тука! Дај боже кај сите да има здрави и живи бебчиња!!!