Женски 32+5 сум овие денови почна многу тешко да ми е, мислам дека под ребрата ми се пикнати бебињата, едвај дишам. Дали е нормално? Почна паника ме фаќа.
Да ве прашам, околу папокот и цел стомак во линија со папокот веќе месец дена многу чудно го осеќам. 22+1 сум. Како кога ќе седиш на сонце малку повеќе од тоа што треба Знам дека кожата се растегнува малку повеќе дека се две, само ми е малку шубе да не ми се направи некоја инфекција нешто. Колку што можам да видам, немам ништо невообичаено на стомакот, само чувството Некој со вакво искуство?
Noramlno e jas kaj papokot ili glavce ili gaze imam turka dali turka skroz crvena sum kako ispukani kapilari strii nz sto e
Девојки здраво Мене ми е прва бременост и носам близнаци. Сакав да прашам оние со близнаци на колку време одат на преглед, пијат ли нешто повеќе од витаминска терапија, прават ли почести крвни слики и слично? Ме интересираат некои такви детали за близначка бременост, се плашам нешто да не грешам или згрешам, нешто што докторот не ми го кажал. До сега сум била само на прво ехо 6+5 сум и двете имаат акција. Исто така ме интересира како правите со матичните гинеколози? Одите и кај нив или? Некако несакам матичната да си ја занемарам, а и доста и верувам. Али сепак одам на прегледи кај докторот што ми го водеше ивф.
Jas sum so bliznaci 33 nedela po priroden pat sum ostanata si bliznaci, na kontrola odev na 4 nedeli i pred da odam sekogas pravev krvna slika terapija zemav taa sto mi ja prepisa maticnata femibion i magnezium od pocetoo pijam i stavav vaginaleti utrogestan, to e se. So lisno mamicka ic da ne se sekiras macnini voopsto nemav i do sega nemam nikakov problem sega mi e samo potesko stomakot ogromen ama ke se izdrzi pri kraj sum ako ti treba dr konsultacija pisi mi.pozz
Фала мила за одговорот. А дали е добро да одам на ехо еднаш кај матичната, еднаш кај докторот што ме води? Т.е. прашањето ми е дали штети ехото зашто незнам како да направам да си одам и кај матичната.. искуства како сте правеле се добредојдени.. тенкс уште еднаш и со лесно да ти е до крај уште малце
Mislam deka nema steta od ehoto ima mimicki sto se na patoloska pa po nekolku pati gi gledaat na eho no ako e se vo red nemas potreba barem jas taka mislam
Jas odev na pregled na dve nedeli,ednas kaj maticnata i ednas kaj dr koj mi pravese in vitroto.imaj lesna bremenost
Здраво идни мајки на близнаци. Мене оваа ми е втора бременост, бременост со близнаци. До 3 месец докторот ми велеше едно е, се е во ред и после наеднаш две.. Баш ме шлогира Ми објасни потоа дека уствари една јајце клетка била размножена, па со тек на време се одделила во два ембриона. Ми објасни и дека се еднојајчани близнаци. Сега ја навршувам 24та недела и како што минува времето се повеќе размислувам за тоа како ќе биде за пораѓај, која недела би се породила, дали ќе биде се во ред и со близнаците и со мене и уште триста прашања ми се вртаат во глава. Искрено се плашам и ми е страв. Незнам што ме чека, едино знам дека дефинитивно ќе се пораѓам царски, така ми рече докторката бидејќи се еднојајчени, да не настане некои компликации природно..
Иста ситуација кај мене Втора бременост, близнаци, само што кај мене се двојајчани. Многу порано дознав дека се близнаци, на првото ехо на почеток на 6-та недела, и дури пред некоја недела конечно ми легна мислата дека ќе бидат 2, се ќе биде дуплирано. И маката и среќата Јас уште не сум сигурна како ќе се пораѓам, дали царски или природно. Прво сакав природно, така и се изјаснив кај матичната, ама некако како поминува времето се’ повеќе страв ме фаќа за природно. И кажав на матичната, ми објасни како тече процесот за природно, колку персонал има и колку многу се’ се држи под контрола, па ме смири малку, иако се’ уште не можам да одлучам. Крајната одлука како ќе биде е моја, оставаат јас сама да решам, а тие само ми објаснуваат кое како тече. Кај мене уште нема никаков проблем за да мора доктор да пресече дека мора да биде царски или не, нормално ако настапат некои компликации би ги послушала и би направила како што ќе кажат
Има повеќе позициции за тоа како бебињата се поставени во матката. Повеќето од нив не дозволуваат природно породување. Мислам дека освен желба за природно породување треба да се исполнат и други услови, сплет на околности е. На сликичката убаво е објаснето разгледај. Која недела си?
25+4 сум. Првото ако е свртено со главата надоле, второто можел докторот да го сврти, каналот веќе отворен па не било болно Инаку, за цело време позицијата на бебињата се мониторира на ехо па се реагира во согласност со тоа. Вака ми објаснуваше матичната завчера кога бев кај неа. Ќе видиме што и како ќе биде, не се знае со близнаци до последен момент
Mamaicka i jaw bev bremena so bliznaci pred 13 dena se porodiv 33+4 bebinata seuste se vo inkubator a jas sum doma porodena sum carski bebinata samostojno disat od prv den zreeni beja vo 30 nedela, sega mora da leza za da gi dostignat nedelite, dobri se polnat peleni luduvaat se prevrtuvaat vo inkubatorot
Честитки, да се здрави и живи бебите брзо да си напреднат, а тебе побрзо опоравување. За брзо да си се гушкате сите дома . Каде се породи?
Честитки Монка Бомбонка и други идни мајки на близнаци! Многу се радувам на близначка бременост. Ама многу! Јас се породив природно со близначиња, во 33 недела. Главично беа поставени и двајцата. Имав тежок пораѓај, но за неколку дена бев како нова. Бебињата 13 дена ми беа во инкубатор. Кога ни јавија да си ги земиме, сама правев генералка дома, бришев прозори, подигнував мебел. Не се чував ич, ми идеше куќата да ја превртам од чистење. Епа затоа си крварев 60 дена... Имав лесна бременост, умерено гадење до кај 10-11 недела, растев само во меше. Како што носев близнаци и тоа прилично големи, имав не толку големо меше. Ситна сум по конституција ама ги износив без компликации, ги родив спонтано. Штом јас, ситен човек, го поминав тоа, може секој. Околу ехото, до 12 недела одев само кај ИВФ докторот на две недели. После тоа одев и кај матичната, па често ми се случуваше во месецот да имам два прегледи, еден кај Петановски, друг кај матичната. Некогаш и повеќе прегледи имав, тоа се случуваше кога ќе ме фатеа бубачките и сакав да си ги видам палавковци Ете ги сега, имаат неполни 3 месеци, по 5 кг се, тешки се во раце. Инаку, се родија 1900 и 1730. Потешко е со две бебенца, тоа е факт, ама и радоста е поголема. Нема нешто поубаво од тоа да си мајка. Ви посакувам поолни раце за неколку месеци.