Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост сo близнаци

Дискусија во 'Бременост' започната од mimidjon, 28 април 2016.

  1. monka_bonbonka

    monka_bonbonka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2017
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.013
    Пол:
    Женски
    Честито тазе мама, благодарам за споделеното искуство посакувам двете златца да ве направат најгорди родители:sun:Сакав да прашам кај Петановски ли се породи и до која недела имаат соодветни инкубатори во ремедика дали си информирана.. Тенк ју
     
    На bela.m и lejlla им се допаѓа ова.
  2. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    2.382
    Честитки мајка и со лес до крај :)
    И јас сум тазе породена мама со две принцези 8) Спонтана бременост, до 27 недела немав апсолутно никаков проблем, но во 27 недела на преглед матичната утврди дека сум прст и пол отворена, скратен цервикс и размекнато грло, ми препиша терапија и препорака за строго мирување, се породив во 31гн после еден месец поминат на клиника.... се породив природно, и двете бебиња беа главично поставени, секоја жена е приказна за себе но јас бев толку сконцентрирана за да бебињата што побрзо да излезат и не ни се сеќавам на болките, пред да ме однесат во родилна сала докторот само ми објасни дека природното породување за толку мали бебиња е многу подобро и поздрава опција за нив и секако дека после тоа не ни размислував за царски, од срце му благодарам на прекрасниот доктор што даде се од себе за да помине во најдобар ред и што месец дена додека лежев на болница беше достапен и дење и ноќе и секој ден ме посетуваше, значи ова ми дава надеж дека сепак постојат и добри доктори :) инаку бебињата се супер, се родија две недели понапредни, со тежина 2155 и 1970, 45цм... Со среќа на сите мами бремени со близнаци, само позитивна мисла и верба :inlove:
     
    На tina2018, Kate Rina 93, Imperatorka5 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    2.382
    Најдобра опција за предвремено родени бебиња е ГАК и Систина, другите болници бемаат соодветна опрема :)
     
  4. Malataa@

    Malataa@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    197
    Пол:
    Женски
    Blagodaram mila. Vo prilep se porodiv
     
    На Nairobi88 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Моите беа надолу завртени, но обратна позиција која можело да им направи штета при пораѓај.
    И матичната и Ефремоски сметаа дека е најдобро да се породам царски, а премногу сакав природно, се чувствував дека можам, но сепак не ризикував и ги послушав.
    Воопшто не бев отворена, се породив со закажан царски 38 недела со прилично големи бебиња. 3350 и 2430.
    Пред пораѓај почнаа контракции, сестрата ме праша дали сигурно одам на царски. Имав многу лесна бременост, единствено многу се здебелив, летно време и отоците си го правеа своето.
    Со лесно на сите, поубав благослов од близнаци нема.
     
    На tina2018, Imperatorka5, bela.m и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Nairobi88

    Nairobi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Чисто информативно во Ремедика имаат неонатална грижа и инкубатори за бебиња родени во 33+ недела, не знам која е дневна цена за инкубатор.
    Во Систина имаат предобра опрема (инкубатори што се врв во медицината во овој момент) и најквалитетен кадар на неонаталози од цела мк. Поддржуваат и бебиња родени пред 27ма недела. Ама за ден во инкубатор од бебе чини од 6,000 до 36,000 мкд. Зависи што е потребно да се користи.
    Кој знае за ГАК и чаир може да сподели. Јас сум 29 недела и сега се информирам
     
    На tina2018, monka_bonbonka и lejlla им се допаѓа ова.
  7. monka_bonbonka

    monka_bonbonka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2017
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.013
    Пол:
    Женски
    Фала мила на инфо, тоа го знам за Систина и гак. Бидејќи бременоста ја водам во ремедика, па за таму ме интересираше над која недела имаат услови. Сепак фала за одговорот
    Едит Еве членката погоре одговорила дека над 33 недела имаат ремедика услови
     
    На lejlla му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Мила и едно бебувче е најубав благослов.Сепак и едно,две па и три бебуши се најубав благослов за една жена,мајка,краљица.:*
     
    На Veki4kaa, Meckicja, bela.m и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.125
    Пол:
    Женски
    Монка јас се породив на ГАК. Интензивната нега е безобразно скапа во приватните, од тие причини се одлучивме за ГАК. Знаевме дека ќе имаме потреба од интензивна, кај мене од 30+ веќе имаше индикации за предвремено породување. Јас цела бременост ја водев во Ремедика. Најмногу од се сакав да ме породи Петановски.
    Аххх.... Тој човек ме стори мајка.
    Да беше само пораѓајот секако ама знаевме дека бебињата ќе ни бидат на интензивна нега одреден период.
    Од ГАК сум препре задоволна, едноставно немам зборови. Имав многу грижа и нега. За негата на бебињата да не зборувам. Врв!
    Признавам дека бев со дебели врски, незнам дали би поминала така ако мм не потегна работа.
    Во приватна клиника немаше да поминам така, гарант.
    Сепак, најважно е што бебињата за 13 дена си ги земавме дома. Прави, здрави...
    Господ дава сила многу, породувањето е најмагичното нешто што може да се случи. И најстрашно нешто и најубаво нешто во исто време.
    Нека ги чува Господ сите трудници!
     
    На Broki5, positive vibes, tina2018 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. MotherOfTwins

    MotherOfTwins Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2020
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Чисто информативно ако некој знае.. Кој е процентот од предвремено родени близнаци и близнаци родени во 9ти месец? Знам дека се е индивидуално, мерило нема, но искрено ми е многу страв што и како ќе биде... Мене бременоста ми ја водат во Чаир, а и таму до 34та недела не прифаќаат пациенти.. Нз што би се дешавало доколку би се породила пред 34недела..
     
  11. monka_bonbonka

    monka_bonbonka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2017
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.013
    Пол:
    Женски
    Која недела си, и дали има некој ризик за предвремено или информативно прашуваш? Ако е само информативно би ти препорачала да не се замараш со тие прашања и да оставиш на Господ, знае он како, зошто, кога... ако ги оптеретуваме мислите само полошо ќе се чувствуваме и на ббебињата им пренесуваме негативни вибрации. Опушти се, некој има план за сите, а ние не можеме против тоа. Се ќе биде во ред, ќе видиш:*:
     
    На lavica82 и MotherOfTwins им се допаѓа ова.
  12. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Јас истово го прашав на последната контрола пред 3-4 дена :( Знам дека се’ ќе биде во ред, ама сакам да сум спремна и на најлошата варијанта, за се’ сум таква, не само за ова.
    Тогаш бев точно 25+0, рече матичната дека со многу нега би преживеале и би било се’ во ред. Нормално со секоја помината недела веројатноста се зголемува и станува се’ посигурно и побезбедно. Гугл ми покажа 90%.

    Не се замарај со вакви глупости, од искуство ти кажувам :) Ќе биде се’ во ред, ќе си седат кај што им е местото :f::l:
     
    На kukla21 и MotherOfTwins им се допаѓа ова.
  13. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Како мила не прифаќаат?Тоа е клиника за гиникологија и акушерство,тераат таму и бремености.
     
  14. MotherOfTwins

    MotherOfTwins Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2020
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Не прифаќаат бидејки немаат опрема за бебиња родени пред 34 недела... На тоа мислев..
    Инаку се трудам да не мислам, спремна на било што колку и да мислиме дека сме, ако недај Боже дојде момент мислам дека никој не би знаел како ќе реагира....
    Јас уствари и таква личност сум, исто и со првата бременост од почеток до крај се си беше во ред, но бев уплашена до небо.. Еве ја сега малата 3години, мака си нема :)
     
  15. MotherOfTwins

    MotherOfTwins Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2020
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Онака прашувам мила, чисто информативно. Немам проблеми со бременоста, 25та недела сум, се е во ред. Знам дека не треба да се замарам, но таква сум по природа, сакам да знам што би било кога на пр би се породила предвреме... И знам дека и џабе прашувам кога се тоа си е индивидуално, но тоа е, таква сум, сакам да знам..
    Btw Среќен Божиќ на сите што го слават! :l:
     
    На monka_bonbonka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Добро мила....со лесно ќе биде не се секирај,има многу трудници што истеруваат,како и предходната членка.:*
     
    На MotherOfTwins му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.125
    Пол:
    Женски
    ^^ Ќе си одиш на ГАК, таму прифаќаат и исклучително мали бебенца. Јас се породив 33 недела. Близначињата имаа одлична нега. За 13 дена беа спремни за дома.
     
    На Meckicja, lejlla, MotherOfTwins и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Nairobi88

    Nairobi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    @MotherOfTwins , @bela.m
    33та недела и не е баш многу предвреме, генерален просек за пораѓај со близнаци е 35та. Мноооооогу ретко кој ги носи до full term 40гн и се да е во ред докторите ги вадат накај 37,38.
    Не знаев дека Чаир немаат услови за пррдвреме родени, значи за тоа опција се само ГАК и Систина(прескапо)
     
    На Meckicja, lejlla, MotherOfTwins и 2 други им се допаѓа ова.
  19. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.125
    Пол:
    Женски
    Јас пак ќе кажам, интензивната на ГАК е врвна. По тоа јас лично што го видов таму, никој не може да ме убеди во спротивното.
    Сепак, секој си понесува свое искуство.
    Не се сомневам во спремноста на неонаталната нега на Систина, но реално, не е за сечиј џеб. Јас лично сметам дека и по приватниве интензивната на новороденчиња треба да е со некоја симболична цена. Нека покрива фондот.
    Секој родител да си го земе бебето дома, здраво, живо!
     
    На Meckicja, eta, monka_bonbonka и 8 други им се допаѓа ова.
  20. MotherOfTwins

    MotherOfTwins Активен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2020
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Мајки сакам да прашам дали има некоја со слично искуство.. Денес бев на контрола и ми рекоа дека близнаците ми се со разлика од 2 недели, едното одговара на 25та, другото на 27ма недела.. Ми правеа доплер и докторката ми рече дека на едното крвотекот му е послаб. Помали му се крвните зрнца и контрола за 1 недела. Во мегувреме аспирин од 100ка да пијам.
    Искрено се побудалев, нз што да мислам...