На последното ехо во понеделникот се виде дека едното бебе е свртено со главата надолу, како што треба, ама второто е хоризонтално поставено Што се прави во овој случај? За вртење не знам дали може да се сврти, некако осеќам дека немаат баш доволно место за вртење Некој со вакво искуство?
Кај нас близнаците ги пораѓаат со царски најчесто ова ми е инфо од сестра ми.Таа сакаше природно ама и рекле дека е малку ризична дека 39 години и плус близнаци.Докторите биле испраксирани за царски без грижа
Ама јас не се пораѓам кај нас Овде во Шведска кога се работи за едно нормално форсираат природно, освен ако нема некој проблем заради кој мора царски. За близнаци матичната ми кажа дека отприлика 50-50 е соодносот природно-царски. Од 25 недела натаму контролите и испитувањата се многу зачестени и стварно одблиску се следи состојбата. За мојот случај рекоа дека олеснителна околност е што бебе бр.1 (кое треба да излезе прво) е свртено со главчето надолу, па со негово излегување ќе се створи доволно простор бебе бр.2 да се сврти како што треба Нормално се остава можност да се намести бр.2 во положба полесна за излегување. За цело време на породувањето присутни се 2 бабици и 2 доктори, а положбата на бебињата постојано се следи на ехо. Е се’ ова е супер, арно ама мене ми е страв дека многу брзо ќе се породам, и дека бр.2 нема да стигне да се сврти, па ќе ме фати паника на сред породување и ќе се искомплицира се’ Не се смејте на филмовиве мои, сериозно страв ме фаќа од тие one in a million ситуации
Јас. Бебињата поставени исто како кај тебе, се родија природно, ама имаше спремно сé, во случај на потреба од царски. Првото се роди, па другото лекарот го сврти внатре и го извади со нозете. Јас не осетив ништо. Има и место и време да го свртат, моите се 2 минути разлика, кратко е ама верувај, доволно Ич немој да се секираш за ништо.
Фала, ме утеши и смири малку Стварно не боли вртењето? Мене па тоа ми изгледа најболниот и најстрашниот дел
Кај ќе те боли коа веќе едно излегло напрајло простор докторот да не го осетиш Нема да имаш време да паничиш
Се надевам дека ќе биде така Не бев воопшто паничарка порано, не знам што ми стана сега со втората бременост
Ама баш ич не боли, немој воопшто да се замараш со тоа. Не ни знаев, ни осетив како го извади второто, дури отпосле разбрав.
Мајки, дали има некоја примено инекции за зреење на бебињата? Има ли ефект? Ве задржаа ден два во болница од кога примавте? Која недела примавте? Нешто повеќе околу нив некој да ми каже..
Лично мене ми е рано, но знам од пријателки, другарки, колешки со близнаци некаде во 7ми месец се прима зреење, и е доста битно за развој на белите дробови, затоа што постои ризик со близнаци од предвремено раѓање. Колку што знам на 48 или 72 саати се примаат 3 пати, и мислам дека нема потреба од задржување во болница. Сепак нека каже некој од лично искуство, ќе ни биде секако од корист на сите.
Koja nedela si? Jas sum 28ma nedela, mi rekoa da odam drugata nedela vo Sreda na GAK ke mi stavat.. Kako i da e pisi iskustvo od koa ke ti stavat inekcija
Петок ќе сум 32гн и 4 дена. Инекцијата делува 10тина дена после треба пак боцкање. Кај тебе што е причината за опасност од предвремено?
Pricinata e zatoa sto ednoto bebe zaostanuva so razvoj, vsusnost odgovara na 26ta nedela, a drugoto na 28 nedela...
Ох, немам искуство со овој проблем. Знам дека може да дојде до разлики во напредувањето. Испитуваш д-димери и фактори на коагулација? Ти мереле протоци во папочна врвца?
Da ispituvav d-dimeri, vo red se.. No protokot kaj pomaliot bliznak e malku pospor od sto treba da bide. Doktorkata mi rece deka ima dijastola no e pospora, zatoa treba pocesti kontroli na sekoi 5-7 dena i da se prati kako naprednuva. Vo meguvreme klekasni da stavam..
Ти посакувам да се среди што поскоро и да се изедначат со неделите. Или во најмала рака да не продолжи да се зголемува разликата. Знаам близнаци родени во 37ма со 1кг разлика. Нека те пратат почесто докторите и се ќе биде во ред
Ti blagodaram. Ti posakuvam i jas tebe lesen poragaj, zdravi i zivi bebencata i se da pomine vo najdobar red
Би те замолила да прашаш за оваа информација дали е точна... како мислите поминува дејството и трае 10 дена? Тие инекции се за зреење конкретно на белите дробови, по нивно примање се смета дека белите дробови се прилично развиени, ми нема поента инекциите да се со рок на важност .... Со лесно