Сега истражував малку, зреењето е доза дексаметазон или бетаметазон (флостерон) тоа стимулира синтеза и испуштање на состојка сурфактант што ги подмачкува келиите на дробчињата да не се лепат и со тоа се подпомага дишењето. Кога дејството на лекот прекинува синтезата на сурфактант прекинува и со тоа пак настануваат потешкотии во дишењето. Затоа 10 дена до 2 недели после примање на зреење доколку е уште рано треба да се прими пак. Од 36+ недела таа состојка се лачи самостојно и нема потреба од инекции. Ако некој има познавање нека објасни дополнително, јас сум лаик и ова е од гугл.
Jas seuste nemam kupeno, no imam razgleduvano kaj ima.. Cekam da se rodat, da e se okey i da si zemam. Dosega samo dve isti kompletcinja si zedov
@Nairobi88 Мене ми е прерано, на почеток сум, но од сега размислувам кога би почнала со шопинг, на помали ситници и на поголеми ствари како колички креветчиња, транспортери и сл. Некако на неродени ми е малце језиво и како да мислам дека нешто ќе урочам ако купам нешто за некој кој сеуште не постои. Можда грешам не викам не, а од друга страна па, неможе неспремни да сме две се не е едно две! Сметам дека така хаос ќе настане се ако оставиме во последен момент. Кој како сака најверојатно, така... штознам.. можда ќе го сменам мислењево до крај здравје боже.. Инаку сакав да прашам чисто онака размислувам .. две посебни креветчиња планирате или едно со поголеми димензии? Незнам што би било најпрактично. Ако се две еве, нема шанси во спална да ми ги собере, ќе треба на прцулите и соба да им правиме уште не дојдени на свет. Не сакам да бидам погрешно сватена, само и јас незнам од кога е правилно да се почне со шопинг, што да се купи и сл....
Јас не сум суеверна и не сакам да мислам на негативни исходи. Си кажувам дека се ќе биде во ред иако имам стресна и комплицирана бременост. Кога си купувам нешто за малечките се исполнувам со позитивна енергија што ми дава дополнително сила и волја дека се ќе биде добро, ги гледам дома тие шпихознички и боденца и се топам од радост и возбуда. Друга причина зошто толку рано почнав со спремање и купување е тоа што бев свесна дека со близнаци ќе пораснам многу и ќе имам отежнато движење. Не сакав да се тркалам по продавници во 8ми и 9ти ти месец. Сакаме да си купиме се заедно со мм а не тој да пазари и да ми пушта слики на вибер. На крај испадна да имам краток цервикс и не смеам да се движам... ако немав ништо купено ќе се изедев. Вака сум раат што сум ги завршила обврските пред време. За спиење засега сум со план да спијат во посебни креветчиња, и нашата спална е мала но земавме pack and play креветчиња (од монтажните) најмали се на димензии.
Не живееме во Македонија, не знам дали кај нас ги има и дали ги испорачуваат. Еве оваа е Со плус седишта за над 6 месеци, ги нема на сликава. И покривки за дожд и некои други аксесоари што влегуваат.
Ах оваа количка ми е прва љубов. Bugaboo donkey 2. Направив неколку пати напори за да ја најдам и на крај се откажав. Комплицирано ми е што ја нема во мк . Супер со здравје да си ја користите, правилен избор
Фала, да си најдеш по кеиф таа што ќе ти биде Искрено, ја одбегнувавме оваа зашто е отровно скапа, ама после многу истражување сфативме дека оваа е најлесна и плус само таа ни ја собира во гепек Сепак поевтино беше да купиме скапа количка отколку нова поголема кола
https://www.thebabycity.gr/paidika-...ia/donkey/bugaboo-donkey2-twin-alu-black.html @Nairobi88 , еве некој грчки сајт, ама не разбирам што точно влегува во цената. Ама по износот, би требало да е се’ комплет
Размислив и маж ми беше спремен да оди. Ама решивме дека од мк е далеку поедноставно. Доколку треба да се докупи некој компатибилен аксесоар ќе треба да се оди пак до Софија или Солун. За гаранција ако притреба пак е покомплицирано во друга држава. Ќе пронајдам некоја поасолна тука, најбитно ми е да не е мн гломазна и тешка и децата да може да гледаат кон мајката зошто имам колешка количката и гледаше само напред и од мали децата и створија некој страв и аверзија од колички не сакаат никако да се возат.
Да, и ние прво тие што ги гледавме беа екстра лесни, ама не се вртеа седиштата накај тој што ги вози, ниту пак рачката можеше да се сврти од другата страна за да ги гледаш. Мене најважно ми беше да можам да ги гледам, ако се исти како поголемиот батко, многу ќе биде проблем ако не се свртени накај мене А ко за беља сите колички што се дупли се гломазни, две деца треба да се возат и веројатно заради тоа се гломазни и тешки повеќето. Инаку за гаранцијата во право си, комплицирано е кога е во друга држава. Ќе најдеш некоја сигурно
Кога јас лежев на Пин, крајот на 2017, во 26 недела го примав оваа зреење. Ама секој ден седев по форуми, читав и пред да стигнам за порагај 34 недела (малите имаа по 1700 и 1800 и одговара за многу помалку недели) побарав повторна инекција за зреење. Тогаш докторката ми рече, дека на последните семинари на кои одат, им кажуваат дека со една доза се добива се што е потребно. Дека втора и трета доза немаат никаков ефект и дека веке така ќе практикувале. Само пренесувам инфомарција. Ние имаме Бебето42. Презадоволна. Многу се мислев заради цената. Ама сите сезони ја воземе. + лесно влегува во гепек + лесно влегува низ секоја врата, и дома и во маркети + лесно се движиме со овии бомбандирани улици низ градот + лесно се качува од и врз тортоар - негативно е дека материалот е дебел и црн за транспортерите, ама ставам бела прекривна летно време - сега кога дечките се + 90 цм нема место за спиење не ми се даваа толку пари Ич, ама си пресметав ако ја возам 20 месеци, секој месец ќе ми излзе дека давам рата од 1000 денари за неа. веке ја возам 16 месеци )
Многу е убава, со здравје да си се возите пријателка моја овде во Грција ја има и знам ептен е задоволна од количката
@Momichka ја знам количката од слики супер ми дојде твоето искуство. Сега ќе ја разгледам пак. За зреењето кога го примав мене ми кажаа дека не даваат второ заради некои истражувања од пред 3-4 години каде се покажало дека може да има штетни последици по мозочето. Зависи кој доктор на кој семинар бил па така практикуваат кај нас...
Majki na bliznaci i tie shto gi chekaat (kako mene )ve molam za iskustvo vo vrska so prenatalnite testovi,koj od niv ste go pravele