Јас правев Harmony, беше околу 600е. Материјалот го праќаат во Германија и резулататите стигаат за 5-6 работни денови. Иситувањето ги покри 3те трисомии и пол по желба.
Прашање до поголемите мешковци во второ тромесечие што да очекуваме, што да превземеме, што да правиме, што да чиниме)) искуства за било што ќе бидат добредојдени да се слушнат Благодариме
@lia22 заборавив да пишам дека не правевме приска, туку директно се одлучивме за пренатален. Како што повеќе членки пишаа приската е статистика. Но кој како ќе си одлучи во совет со лекарот така нека прави.
Може ли слика од количката и од каде ја купивте, цена?.. ние веќе 10ти месец го тераме... до кога би се користела отприлика? фала
Секоја бременост е различна. Мене второто тромесечие ми беше песна. Ми прекинаа крварењата што се дешаваа во прво тромесечие, немав мачнини, спиев без проблеми по цела ноќ, имав многууу енергија и се осеќав витално и способно за секојдневните актовности по дома и на работа, одевме на викенд и на свадби по други градови. Така беше се дури не ми најдоа скриен шекер и скратен цервикс. После се наполнив со стравови и грижи, што е нормално. Заминав на боледување и секојдневието ми се сведе на лежење и излегување само за на контроли. Така продолжи и третото тромесечие
Оффф бе да не си раат само, ама мора да сме позитивни и да мислиме дека ќе помине.. Значи ти си одела на работа до тогаш, браво!
Moite partizani se sitni. Nemam pretstava uste kolku vreme bi gi vozela vo kolickata. Ama mislam deka sekako ke gi vozam i na tri godini. Eden zad drug se, i mnogu malku mesto ima za nozete. Od negotino ja zemavme, liberta
Ја знам продавницата,фала! Иначе ме советуваат две летни поединечни да земеме па незнам што ќе правам... со една ми е некако неизводливо, едната ми е многу темпераментна незнам колку ќе седи во количка...сега сме со една која не ја користиме,ама тешко дека ќе седи на пролет во неа
И јас се сложувам со две поединечни. Ние купивме дупла количка и само едната си лежеше внатре, другата не сакаше. Следното лето веќе одеа и не седнуваа, туку сакаа тие да ја возат. Е, кога станаа поголеми и двете сакаа да седат, ама поголеми и потешки и количката стана тешка за туркање, па на крај земавме две летни.
Јас во 6та. Гледам не се пофалија тука да им честитаме на двете мами @Nairobi88 & @green.eyes ги родија принцезите Да ви се живи и здрави уште еднаш!
Фала ви друшки по близнаци. Само храбро вложете максимум од себе во бременоста, на крај секој вложен напор се исплати. Стресот, стравот, проблемите се забораваат А потоа доаѓаат нови предизвици. Уживајте во бременоста без разлика дали е како песна или проблематична на крај мешето ќе фали, сепак тука биле бебите долго време, затоа галете го зборувајте му, сликакте се Гушки до сите
Уште на првиот преглед, не се сеќавам точно која недела беше, мислам 4та, сеуште немаа срцева реакција, беа две жолчни ќесички а сега се две пилиња, буциња мали.... колку брзо минува времето
Кај мене на 5+6 веќе имаше срцева реакција на двете. Отидов на ехо зашто имав некое многу слабо крварење, се уплашив се случува нешто, ама кога ми кажа дека се две..... Ги гледам пред мене и уште не сфаќам што се случува Чувајте се дуплекс-мешковци. Се сложувам со @Nairobi88 , секоја болка вреди. И многу повеќе од тоа
Здраво мајки и идни мајки на близнаци. Еве јас да си кажам дека се породив со моите близначки. Во 34 недела и 4 дена. Едната се роди 2.300, намали на тежина 2.100, другата 1.750, намали на 1.500. Од кога се родија и двете беа во инкубатор, едната со маска за потпомагање во дишењето, другата по 24 часа ја ставија во вармер, си диши самостојно, си пие млекце. И двете бебнца мои од кога се родија имаат инфекција, која со соодветен антибиотик им ја лечат. Ако некоја мајка има искуство со предвремено родени бебнца кои имале инфекција би сакала да прашам колку време трае постапката на лечење и после колку време ги пуштиле од болница?