Девојки, од пред 3-4 дена почнав да го чувствувам едното бебе, другото не и тоа воопшто. Дали двете ги почувствувавте од еднаш или ќе почнам постепено и другово да го чувствувам. Искуства ?
Може едното бебе да е помало па уште не го чувствуваш иако мрда. Не мора во исто време двете да ги чувствуваш. Може да менуваат позиции па да ги чувствуваш двете, а мислиш само едно. Може едното бебе да е свртено со нозе и раце кон ребра, а другото што го чувствуваш да клоца нанадвор. Ако е на преглед се океј не се грижи. Многу како тебе чувствуваат само една страна па се е во ред
Само јас поставувам прашања на форумов Колку кила се поправивте, дали ви беа големи стомаците? Мене ми е голем уште сега 23+, а несакам да замислам до крај Само се да биде во ред! Може искусните да појаснат на што да се внимава последните месеци најмногу. Пуста желба за јадење.. сега па и изолацијата само нешто се готви....
Качив околу 20 килограми, ама пред да останам бремена бев ослабната, имав само 46 кила. Стомакот ми беше огромен, толкав да неретко луѓе се вртеа по мене . Јади си ако можеш, јас јадев по малку, како ми беше притиснат желудникот и со малку храна се осеќав полна. Се надевам имаш лекар кој добро се грижи за твоето и здравјето на бебињата, па можеби ќе е излишен советот, но сепак би ти кажала редовно да мериш притисок и да си ја користиш секоја прилика за одмор.
Здраво twin mommies јас сум бремена со близначиња и од денес ја тераме 33та недела. До претходната контрола се беше уредно, но утрово, на денешната контрола се виде дека малечките почнале да заостануваат за недела до две ( тежината според мерките им е околу 1800). Покриена сум со терапија за зреење ( деновиве ќе примам втора доза) и клексани. Дали некој имал слично искуство, се грижиам да не има последица во растот.
Koja e причината што заостануваат, ти кажаа? Сега јас да не се правам повеќе доктор од докторите ама не секогаш мерките се поклопуваат со тие на раѓање. Имало многу бебиња кои биле измерени помали па се родиле со сосем нормална тежина, има за тоа посебна тема, ако ја отвориш ќе се изначиташ примери. Друго, 33 недела си. Значи си скоро при крај, за близнаци не се смета на 40 недели термин туку на 37, така што и порано од тоа да се родат веројатно би било се океј затоа што близнаците супер напредуваат. Сакам да ти кажам да се опуштиш, скрос си при крај, уште две недели и си во безбедна зона. А и покриена си со терапија, уживај си
Освен што албумините ми се под долна граница, и железото 12 (а до пред еден месец цело време беше над 20) се е во граници на нормала. Постелките немаат знаци на зреење, протоците се добри, ддмерите ми се 1700 и си примам клексани веќе 4-5 месеци. Многу е незгодно што и двете бебчиња се поставени попречно, хоризонтално, па можеби и тешко е да се измерат... затоа ме интересираше искуства од други, дали има простор за паника или е нормално за близнаци.
Сега ми стигна целата порака фала на убавите мисли и поддршката, јасно ми е дека има разлика помеѓу едно бебе и близначиња се надевам дека ќе издржиме уште 2-3 недели и дека ќе бидеме добри
Мајки на близнаци, да ме советувате која бројка на бодиња и шпихозни да ја зимам за почеток 50ка или 56ка ? Фала
Другарка ми има близнаци,пред еден месец се породи, па ќе си земам за право да ти одговорам. Нејзините се родија 2200 и 2100, 50ки им беа малце големи.
Јас се породив во 31 недела, се што имав купено претходно ни беше преголемо па морав се да барам минијатурно, се зависи од тоа кога ќе се породите и колкави ќе се бебенцата.... со лесно до крај ❤️
Имам едно прашање на тие што биле бремени по втор пат(второ ротки) со близначка бременост, кога прв пат ги осетивте движењата на бебињата?
Мамичке, ќе можеш да пишеш каде се породи и како помина? И јас сум со близначиња, не знам која болница да ја изберам.
Втора бременост со близначиња, првпат осетив движења 17-18та недела, ама ептен нежни, како пеперутки да имам
Значи нема некоја разлика. И јас исто, прва бременост ми е. И да напоменам двете постелки се на преден ѕид. @Fatalnata Фала драга за одговорот @lejlla