Zdravo devojki, da se priklucam I jas vo temava, denes bevme za srceva reakcija, dve prekrasni srcenca cukaa, mi gi napolnija ocite so solzi od srekja. 7ma nedela sum i 4 den, so invitro, dvojajcani
Преубава вест! Одсекогаш сум сакала близнаци, иако на потежок пат сте ги добиле ти посакувам лесна и убава бременост и догодина полни раце радост.
Како си девојче, не сум те читнала... се породи ли? Мами дали сите примавте зреење или само по потреба? Двајцава доктори што ме водат, велат не треба 29+ сум ама сакам да сум претпазлива па се препрашувам
Здраво, јас можеби прерано се вклучувам во групава, ама неизвесноста ме јаде. Јас сум 6 недела и 1 ден според пресметки и се видоа две гестациски ќеси и две yolks на последното ехо. Спонтано забременив со близнаци, со историја на близнаци од страна на мајка ми. Прашањето ми е кога прв пат се забележа срцева реакција кај вашите бебиња? Фала ви многу!
Јас немам близнаци, но со двете бремености после 6та нед се слушна срценце поради доцна овулација. Првите сликички кај што сум 6та, едната беше кесичка, тоа прстенчето се гледаше но немаше срцева, а со второто беше мини точка како нацртана со фломастер, баш толку... И срце по 2 недели слушнавме и со двете, значи по мензис на 8ма нед Честитки и со лесно
Мајки тие што ја имаат количката на Маxi Cosi модел ДАНА како сте задоволни? Го превртев цело Скопје неможам да најдам количка ко што треба. За оваа не би се мислела, само ме буни тоа што е комбинирана а повеќе ми личи на летна некако, за зимно време се докупуваат заштити за бебињата.
Здраво мајки, и јас денеска ги слушнав срцињата на моите јуначиња двојајчани, инаку сум 6+4 недела,сакав да прашам што е разликата двојајчани од еднојајчани, од возбуда не го прашав докторот
Тоа значи дека се настанати од две јајце клетки. И дека може да бидат со различен пол, и секако нема да се идентични едно на друго по изглед.
Прво честиткиии и со лесно да ти е до крај! Еднојајчани се во една постелка, двојајчани се бихевиорати во две различни постелки, ополодени од две ј.клетки.
Можеби доцна ти одговарам ама еве ќе кажам дека количката е супер, практична, лесна .... ние ја зедовме со трнспортери и ги возевме на количка до 5 месеци, после тоа ги тргнавме... и ние многу се мачевме за количка па еве оваа ни се погоди па и бебите си седат и сакаат да се возат
Фала за одговорот. И ние си ја земавме Кажи ми само дали ви пречи и прави проблем тоа што го нема оној делот напред како заштитник што е, како и да се викаше... Во бебехоме не се докупува, а и на сајтови странски барав, нема. Фала ти уште еднаш @Mira1980 еве