https://bebehome.mk/ повели веб страна, инаку продавницата им е во Сити мол, Аеродром имаат исто, мислам Битола, Струга.. прашај си
Majki zdravo, imam edno prasanje. Do koga vi kaza doktorot da stavate vaginaleti, odnosno utrogestan? Jas sum 13ta nedela, doktorot mi kaza da gi prekinam vo sredata, inace sum so invitro fala vi odnapred na site
И мене ми ги прекина кринонот во 14та недела, па заради предострожност ми врати утрогетан во 23 недела, еве 34+ сум и сеуште ги ставам. Во четврток сум на преглед, ќе прашам до кога да ги користам..со ивф сум и јас.
Fala ti, na edna prijatelka I kazale da gi stava do kraj na bremenost I zatoa me zacudi deka mene mn rano mi gi prekina a isto I ona e so ivf so dve. Moze pokasno pak kje gi vrati, valjda znae sto I kako pravi doktorov, glupavo mi e da go prasam kje kaze vie odma drugi slusate, moze da se navredi. Fala ti uste ednas
Мајка од почеток до крај ги ставав и плус пиев дабрестон, но секоја бременост е различна... јас носев еднојајчани близнаци, така да како што ви кажал доктор правете со лес да ви е И еден совет до сите мамички што носат близначиња, чувајтесе, пазетесе, одмарајте што повеќе и не чекајте тоа да ви каже доктор, сами правете го тоа за ваше добро и добтото на бебињата
Мајка јас многу доцнам со одговориве ама здравје ќе си имаш и ти две бебчиња па ќе видиш колку време ќе имаш Искрено и јас би сакала да имаше таков држач како на другите колички но бидејќи е чадор систем нема, како и да е бебенцава веќе ми се навикнати така да си се возат... не ни пречи, ја утепавме од возење, буквално секој ден шетаме, на почетокот едното бебе кенкаше и не сакаше нешто мн да се вози, но со упорност се навикна и сега двете си уживаат
Zdravo, jas sum bremena so bliznaci. 6+4. Imaat srceva reakcija i dvete, no ednoto e duplo pogolemo od drugoto? Dali nekoj imal vakvo iskustvo. I doktorot ne moze da kaze dali se edno ili dvojajceni. Po priroden pat e bremenosta.
Здраво Јана, јас бев сличен случај со близнаци, кај мене беше помала разликата (околу 35% беше поголемо), ама на наредниот преглед после 2 недели двете скоро се изедначија. Сепак, и после ова, едното цело време е поголемо од другото, само со помала разлика. А, за тоа дали едно или двојајчани може да се види некаде 7-8 недела, кога ќе се види колкав е „ѕидот“ помеѓу двете амниотски ќеси (ако воопшто има две ќеси или една).
Фала за одговорот Вина. И јас имам закажано преглед после 2 недели, па ќе видиме како ќе се одвиваат понатаму работите. Ти која недела си?
Здраво феминки..бремена сум 6 недели и 5 дена..на првата контрола имаше еден плод..а денес кога отидов имаше 2..едното имаше срцева акција а другото беше како за 5 недели ..дали некој има слично искуство
Имам слушнато дека некоја го родила прво само едното после и другото. Разговарај со матичниот ќе ти објасни. Најверојатно се 2 јајчани и различно се развиваат.
Нормално е да е едното помало. Секогаш е така, никогаш не сум слушнала близнаци да се родиле потполно исти. Ќе слушнеш срцева акција и од другото на следниот преглед. Битно е понатаму во развојот да не изостанува едното многу, а другото брзо да расте. Ама тоа понатаму. Сега не се загрижувај. Па уште ако се двојајчани, немаш за што да се грижиш, само слушај доктор и уживај.
Имала близнаци. Со царски рез го извадиле само едното. Најверојатно другото не било за раѓање и ја сошиле.
Тоа е можно во случаи кога жената има две матки и наеднаш е бремена во двете. Прееееееретка појава. Членката е во рана бременост од 6та недела и според мене нема никаква причина за загрижување.
Zdravo Ivony, Јас пишав малку погоре. Кај мене на ехо на 6+4 имаше срцева реакција и на двете, а едното е дупло поголемо од другото. Докторот кажа ќе видиме натаму како ќе се развиваат. Мислам дека во почетокот е многу честа појава едното да се развива побавно.
Здраво мамички, да ве прашам некоја ако правела пренетален тест за цената ме интересира дали е иста кко за едно или дупла поради близнаци, фла позз