Синоќа бев на преглед бидејќи осеќав болки менструални и ми се засилуваа цело време. Си реков леле пред време ќе се породам. Денес полнам 27 недели. И рано е. Отидов преплашена, а тоа ни абер од пораѓај. Преладеност само. А бебињата свртени, како да кажам хоризонтално. Дали вака ќе останат до крај не знам. Некоја друга вака да имала случај?
Еве цитати од мои поранешни постови, читај си: "Кај мене првото бебе беше со главата надолу, а второто карлично и др. Панчевски во Систина успеа да ме породи вагинално, иако сé беше спремно и за царски, во случај на потреба. По правило ако и двете или барем првото се свртени со главата надолу, треба да се проба природно и знам за Панчевски дека прави царски само ако е навистина потребно. Во мојов град овде, во државна, сакаа да ми закажат царски и дури беа вчудоневидени кога бев на контрола по породувањето и видоа дека сум се породила природно". "Исклучиво ги доев 6 месеци и не многу често, ама се случуваше и двете да сакаат да цицаат во исто време. Не е баш интересно". Ти посакувам школска бременост и лесен пороѓај .
Др Панчевски е шампион, и мене ме породи со првото за пола час Дефинитивно кај него пак ќе се пораѓам, си ја знае работата и си била во сигурни раце. Во која недела те породи? Ти благодарам многу ми значат советите и искуствата
Се породив во 37ма недела во Ремедика- царски ( ни на крај памет не ми беше природно ) Ги доев месец и пол ама со дохрана плус. Сега се 5ти месец, исклучиво на аптамил Сега кога ќе се навратам сум имала доста лесна бременост ( да чукнам во дево) освен што повраќав скоро до 7ми месец секој ден Со среќа срцка
Zdravo Na site, Dali mozi da spodelite kako gi naviknavte I dali gi naviknavte bliznacite vo isto vreme zaedno da zaspivaat. I dali nekoja od vas sto e porodena, posle carski, ima problem so masno tkivo na stomakot. Doktorot za zal mi Predlozi samo operacija za da se sredi toa.. Oti prilicno imam mnogu Pozdrav do site
Mojte se cetiri meseci mozebi se mali ama nemozem da gi naviknem vo isto vreme da spiat ako ednas gi uspiem vo isto vreme potoa ednoto sigurno poveke ke spie i posle za naredno uspivanje na ednoto mu se spie drugoto ne jas gledam da se budni 2 casa pa gi uspivam ama ne tolku cesto zaedno dvete....a toa masno tkivo kako go otkri jas ne su ni odela na kontrola po carskiot....
Па треба да отидеш после 40 дена на преглед сигурно. За масно ткиво не знам, една другарка исто има и на нејзе и предложија операција. А за заспивање, навечер ги заспиваме во исто време а за преку ден некогаш спијат заедно некогаш не. Од прилика во исто време им се приспива затоа што во исто време јадат и си играме. 5 месечни се бебињата
Bev na pregled, bas toa mi go kaza doktorot, mn masno tkivo imam.. I bas e provisnat kaj stomakot I mi rece samo operacija.. Duri I ne znaese kade pravat.. Mi rece da pocekam uste nekoj mesec da vidime dali ke se sredi.. Ama nemase nadez Inaku I Jas so bebinava na vecer spijat zaedno nekoj sat, a preku den tesko..
Може ќе ти се среди, не се секирај. На другаркава мислам дека и кажаа во Систина дека може таква операција
Здраво мамички можеби е рано за вакви прашања на сооглед што најголем дел од бременоста ми е во лежење ме интересира од кога почнавте да купувате бебињата за почеток што треба да се купи во поглед на алиштата,каква количка,дали од почетокот спијат во посебно креветче и сл. Прва бременост па и близначка од и со ин витро се ми е испомешано а богами паника ме фаќа ден низ ден кога ќе се размислам Поздрав и извинете за долг пост
Се нарачав преку нет. Алишта, ќебенца, вреќички за спиење, шишиња дури и количката. Нарачував веќе пред крај да се породам дури и нешто додека бев во болница. Додека лежев таму маж купи козметика, цуцли и се што требаше плус. Искрено многу ме мрзеше да идам по продавници а и некако не ми доаѓаше да купувам така рано. Моиве имаат две креветчиња, на почеток спиеја заедно во едно, сега моментално се со нас во кревет зошто ни е полесно за хранење навечер. Сеа моиве деца се машки така да истата гардероба ја носат и ѕолку брзо ја надраснуваат што гледам да не купувам премногу. И не ги преоблакаме, или се во боди и шпихозни или боди и панталончиња, 2 капчиња имам само за после бањање, ракавички никогаш не им ставив зошто ми се непотребни. Како и да е, мој совет е да не се пренатрупуваш со ствари во принцип се можат да делат, само два релаксатора имам друго се по едно
Jas na pocetokot kupiv po dve kompletcinja,po edno kebence ,po dve sisenca,transporteri za iznesuvanje nesum kupuvala smetam deka toa e neiskoristliva rabota pozajmivme od sestrami od tie korpite za iznesuvanje.Sega terame cetivrti mesec spijat vi posebni krevetcinja i toa pozajmivme,preku den gi uspivam vo kolicka i toa imav bliski luge mi pozajmia a i obleka koj me prasa da mi dade ne odbivam,gledam da ne trosam mnogu pari uste se mali ima koga da gi doteruvame sega sam mleko kupuvame toa nosi mnogu pari posto ne gi dojam i pampers......koj sto mi ponudi jas ne odbivam....Nema sto panika da te faka i jas taka mislev ama rabotie si legnat jas sama gi cuvam i jas sum Ivf i pret toa mnogu troskovi sega samo naj potrebnoto kupuvame....
Хахах даа памперси, аптамил и влажни марамчиња идат ко алва. Некои работи и ние се позајмивме ама облека сакам нова за нив така да тоа купуваме, исто и кадичка и постелнина, шишиња сакав нови. Со количката ни доаѓаа транспортети што сеуште ги користиме за во кола и за ако треба до некаде
Јас имам од ќерка ми некои работи, но сепак треба да се докупува. Едно креветче имам од ќерка ми. Додека се многу мали ќе спијат во него. После ќе видиме. Ќерка ми има 5 години и спие со нас во кревет. Немаме детска соба. Сега плус 2, значи 5 души ќе бидеме во една соба На почеток ќе спијам јас во дневна со бебињата за да не ја разбудуваме цела ноќ. Понатаму здравје, се надеваме на нова куќа. Инаку јас немав од кој да позајмам, прва сум во фамилија со бебе. Се купивме. Сега испадна да треба нова количка, нели за близнаци и уште еден транспортер. Мене многу ми се најде транспортерот. Во кола ќе заспиеше ќерка ми и ако одевме на гости си ја кревав за рачката заедно со транспортерот и ќе си спиеше таму . А за дома не, сепак не е убаво да спие во транспортерот. Сепак, бебињата знаат да повратат денес неколку пати и да треба да ги преслекуваш, затоа поевтинки алишта ама повеќе на број
Izvini , sama gi cuvas?.bliznaci? Poklon do zemja . Ja so edno edvaj kraj so kraj fakjam, a koga ke mi tekne deka sakav bliznaci ... uffff