Инаку денес сум 32+6 и само што се вратив од на преглед. Бебињата се сеуште високо и немало простор за грижа. Но, ми препорачаа да седам и лежам повеќето време, да не се заморувам и да не работам низ дома многу
Поразлично е со близнаци. Јас првата бременост бев доста активна и вежбав пилатес, јога многу пешачев. Но, сега со две многу некако и стомакот ми рипна рано и потешко се движам и седам. Затоа одлучив да седам со испружени нозе повеќето од денот и супер ми е. Се надевам за некоја недела ќе можам и да седам нормално Јас исто земав појас, но др ми рече да не сум носела и да сум ограничувала простор на бебињата. А баш убаво за кичмава ќе ми служеше. Со лесно на сите и пишувајте одвреме на време update
Здраво мајки и идни мајки на најубави бебиња. Јас се породив пред нецели 5 месеци со двојајчани близнаци девојче и момче со инвитро. Бев искрено исплашена што и како ќе биде до крај дека две, дека инвитро. Па дали телово ќе може да ги доноси и слично. Се породив 37+4 дена со царски. И од тоа бев уплашена, уште па и гледав видеа како оди, што и како прават хаха бог да чува. Мажми ми забрани YouTube хаха. Искрено од се што се плашев немаше ама баш ништо. Бременоста ми помина супер. Немав мачнини, не повраќав. Спиењето беше добро. Е сеа последните два месеца едвај се движев зашто бев огромна. Царскиот беше исто така 5ка. Се помина во најдобар ред. Живи, здрави се родија со коса еден тон. Се на се имав убава бременост и убав пораѓај. Сега дома се чуваме, сама ги чувам одсабајле, после мажми доаѓа од работа. Додека се уходаме имавме помош од бабите ама сега сме веќе големки. Почнавме да се смееме на глас, гугаме, уште малку и ќе се вртиме целосно на меше и така. Еве еден поздрав до сите. Бидете позитивни и се ќе биде добро.
Моиве на почетокот беа и двете машки едното е така наместено потешко се гледа на последните два прегледа е девојче па си купив нешто розево бебешко од ќеф па ќе видиме како ќе биде до крај ако не друго за спиење ќе ги искористам
Аиии слика за топење Преслатки се и супер што сподели едно позитивно искуство за сите нас исплашени малку трудници со близнаци
Како се породивте со близнаци? Кај мене едното е главично, а другото карлично. Па ме интересира колкави се шансите за природен пораѓај.
Здраво девојки дали некоја се има породено во приватна болница во скоро време ме интересира колку ја чинел пораѓајот, бидејќи сум во недоумица во муабет со пријателка се плаќало ко за два порагаја некако не ми е логички мене да е нешто фазла ама дупло некако ми е многу поздрав
Хаха не, како за еден се плаќа. 115 000 беше во Ремедика пред 6 месеца- царски. Имаш и плус да доплатиш за ковид тест и крв и урина
Zdravo majki,nova sum vo grupata,treta bremenost imam dve sincinja,Eve Sega nosam bliznaci,7nedela dvojajceni Denes slusnavme srceva reakcija,pijam metilirana folna od 400mg magnesium direct,E Sega me interesira Dali bi trebalo da pijam folna od 1000 bidejki procitav Deka od 1000se davalo na majkite koi nosat bliznaci,a metilirana mi dadis radi preventiva bidejki sum 33godini..so prvite dve piev obicna..vie kakva folna piete Fala vi ubav den I so lesno na site
Јас пијам метил фолат од now од сам почеток заради мутации и еве сега сум 20+ уште сум со таа па до кога не знам
Ja ima vo site pogolemi apteki osven zegin tie nikogas ja nemale se so nekoi cudni obrazlozenija okolu 1600 den 90 tableti za 3 meseci mi stasuva
Јас пиев фолна од 400мг ама пиев и Премама со фолна од 400 мг внатре. Значи 800 мг ми се собираа. Ама никој не ми рече воопшто да пијам, така што не знам.
Јас пијам метилирана од 1000 на now и impryl, во нив има 400. Мене ми рекоа дека 1400 треба, незнам дали дека сум со инвитро, ама не би требало тоа да игра улога.
И јас бев со инвитро и пиев само Фемибион 1 и 2 со таа фолна што ја содржат. Ништо плус. Ни ми кажале колку и дали треба плус.