Дабл мама кога прв пат почнавте да ги чувствувате бебушки.Јас некогаш имам како чувство дека ми трепери нешто под дланката кога ќе ја ставам на стомак но не знам дали е тоа тоа оти некако рано ми е 13+2 сум.
Јас сум 13+1 и сакам да ве прашам од кога почнавте да земате одредени додатоци во исхрана за покачување на железото. И обично кога почнува тоа нагло опаѓање на железото? Јас пред 2 недели правев крвна слика и беше во граници на нормала
Јас не земав ништо освен семе од коприва и мед по една лажичка на ден, но тоа го земав и пред бременост, и кога ми беше на граница, според неделите на бременост било ок да е така, не било убаво и да е ептен високо и цела бременост ми беше така. Нити еднаш не ми рече Петревска да земам нешто, а баш прашав, бидејќи ми беше на граница, одговорот беше дека за неделите е супер. Така да, мој совет ништо на своја рака, слушај го докторот.
Okolu 20nedela pocnav da pijam heferol i vitamin c na gladno,a navecer po nekolku zrna aronija,hemoglobinot mi bese padnat na 98 sega sum 33nedela posleden pat mi bese 115
Majki 33+6 sum ednoto bebce e 2kg a drugoto 2.180kg,so glavcinjata see zavrteni nadole,megjutoa bidejki sum so dva carski edniot pred 9,a vtoriot pred 8godini pak ke sum carski,najverojatno na gak,dali nekoj ima iskustvo so slagjana simeonova?kako sto si minuvaat denovite panika me fakja
Majki moze li nekoj da mi kaze dali se ova ednojajcani ili dvojajcani bliznaci ? Od dijagnoza deka se monoamnioti, pa monoamnioti diamnioti , na kraj ispadna deka e sosema normalna bliznacka bremenost. Shto e mnogu dobra vest, no se cudam i ne mozam da sfatam kako i maticniot i vo Sistina mi go kazuvaa istoto za na kraj da ispadne deka sme imale nepotrebni grizi i voopshto da ne uzivav vo bremenosta Fala mu na Boga shto se e ok!
И кај мене не се сигурни, матичната рече 90% еднојајчани но за сигурно да се потврди имало некој посебен генетски тест кој секако нема да го правам, само да се живи и здрави и тоа е
Денес ми кажаа дека всушност се две плаценти кои биле многу блиску една до друга па поради тоа не можеле да видат претходно. Значи оттука ми е нервозната. Прво не преплашија дека се во една кеса и со една плацента ( и кај матичниот и на второ мислење во Систина), после во 10 недела ни кажаа дека уствари се две кеси со една плацента ( и кај матичниот и во Систина, намерно одев на повеќе мислења зошто овие дијагнози се за ретка и ризична бременост) За денес да ми кажат дека имам сосема нормална близначка бременост. Пак ќе кажам фала му на Бога, ама цела сум во прашалници КАКО?
Да по сликата ептен се едно до друго и затоа мислев дека се еднојајчани. Кај мене на ехо сликата ептен се гледаа дека се две плаценти. Кај кој доктор во Систина одеше?
Дали и нормално крварење од непцата при миење заби и крвав исцедок при бришење нос? Примам фраксипарин 0.6 еднаш дневно.